Новиот VW Tiguan од следната година ќе има погон на бензин и дизел (ФОТО) - Канал 5

Новиот VW Tiguan од следната година ќе има погон на бензин и дизел (ФОТО)

Третата генерација на најпродаваниот теренец на Volkswagen доаѓа на нова основа со нови технологии и разновидна понуда.

Новиот VW Tiguan од следната година ќе има погон на бензин и дизел (ФОТО)

Дури и на прв поглед, јасно е дека Tiguan изгледа значително попривлечно (и поаеродинамично) од неговиот претходник. Прифаќајќи ги тековните дизајнерски насоки на марката и потпирајќи се на поголемиот Touareg, моделот се здоби со привлечност, особено ако е опремен со опционални LED светла со IQ.LIGHT HD Matrix, кога доаѓа и со светлосна лента што ги поврзува фаровите.

Да ја споменеме светлосната лента одзади која во согласност со актуелните трендови ги поврзува задните тенки LED светла. Се промени и силуетата на возилото со малку подолг преден капак и повисока линија на покривот. Благ плус бележи и должината, која сега изнесува 4509 mm, а третата генерација исто така порасна неколку милиметри во висина.

Поставен на платформата MQB evo, моделот нуди поудобен и пред сѐ практичен ентериер. Багажникот порасна за 37 литри на одлични 652 литри, а има повеќе прегради, кои се секогаш пожелни. Предните патници можат да изберат ergoActive Plus седишта со греење и вентилација, додека оние во задниот дел треба да се задоволат со повеќе простор за колената.

Најголемата иновација е воведувањето на нов дигитален кокпит со голем централен екран до 15 инчи во кој се интегрирани повеќето контроли. Head-up дисплејот сега се проектира на шофершајбната, а инсталиран е и нов мултифункционален волан.

Сите мотори доаѓаат стандардно со автоматски менувач со двојна спојка (DSG). Има вкупно осум, два бензински мотори (TSI), два дизел мотори (TDI), два нови благи хибриди (eTSI9 и два plug-in хибриди.

Бензинскиот мотор 1.5 TSI се испорачува со 130 и 150 КС, PHEV хибридите произведуваат соодветно 204 и 272 КС, а благодарение на поголемата батерија имаат автономија до 100 километри. Се полнат на AC извори со моќност до 11 kW или на DC полнач со моќност до 50 kW.

Од доменот на уште поинтересните класици, тука е бензинецот 2.0 TSI со 204 и 265 КС, 2.0 TDI со 150 и 193 КС. Да речеме и дека посилните бензински и дизел модели доаѓаат со 4Motion погон на сите тркала.

На продажба се достапни три нивоа на опрема: Life, Elegance и R-Line. Почетокот на продажбата е закажан за првиот квартал од следната година, а почетната цена во Германија е 36.600 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Во вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. мали компири

3 лажици маслиново масло

30 гр. путер

3 парчиња пилешки стек

4 лажици кечап

4 лажици мајонез

1 лажиче сол

половина лажиче бибер

малку рузмарин, лук во прав и магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери.

Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи.

Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти.

Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани...

Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. 

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори.

Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација.

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени.

Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување.

„Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер