3Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
3Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
СветНовиот претседател на Романија, Никушор Дан – математичар во борба против корупцијатаНовиот претседател на Романија, проевропскиот центрист Никушор Дан, математичар образован на Сорбона, има историја на активизам против неконтролираниот развој на недвижности и корупцијата опишан е како смирен и методичен.Новиот претседател на Романија, проевропскиот центрист Никушор Дан, математичар образован на Сорбона, има историја на активизам против неконтролираниот развој на недвижности и корупцијата пред да влезе во политиката, опишан е како смирен и методичен, а често е виден како ја води ќерката на училиште, коментираат светските агенции. Неговиот прв предизвик ќе биде именување на премиер и брзо формирање на ново владејачко мнозинство за да се реши најголемиот буџетски дефицит во ЕУ и да се обиде да избегне намалување на рејтингот од последната скала на инвестицискиот ранг. Дан (55), кој вети дека ќе се пресмета со корупцијата, цврсто го поддржува членството на Романија во Европската Унија и НАТО, а во предизборната кампања рече дека поддршката на неговата земја за Украина е од витално значење за сопствената безбедност. Како независен градоначалник на Букурешт во два мандата, Дан има искуство во преговарање за мнозинство, а доказ за тоа колку е мотивиран е тоа што двапати се кандидира за највисоката функција во главниот град на Романија пред да биде избран од третиот обид. Политичката кариера ја почнал како граѓански активист во борбата против букурешката мафија за недвижности, кога во 2006 година, реагирајќи на уривањето на куќи од архитектонското наследство и изградбата на високи згради во заштитените населби на Букурешт, како и на намалувањето на бројот на зелени површини, го основа „Здружението за спас на Букурешт“. Дан во 2020 година стана првиот независен градоначалник на Букурешт, со поддршка на опозициските партии, а повторно беше избран во 2024 година. За време на мандатот се фокусираше на борба против корупцијата, унапредување на јавната инфраструктура и транспарентност во работата на локалните власти. Неговата најава од 16 декември минатата година дека ќе се кандидира на претседателските избори беше изненадување, со оглед на тоа што претходно изрази намера да отслужи барем уште еден мандат како градоначалник на Букурешт, наведувајќи дека ќе му бидат потребни најмалку два-три мандати „за да среди сè“ во романскиот главен град.Тагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ТехнологијаЕвропска земја се подготвува да ги забрани паметните очилаНорвешката влада подготвува закон за забрана на употребата на паметни очила опремени со камери на одредени јавни места, додека нивната приватна употреба би останала дозволена.Локациите опфатени со предложената забрана вклучуваат паркови, плажи, музеи, трговски центри, училишта, градинки, здравствени установи, теретани и јавни настани. Норвешкиот министер за дигитални прашања, Торгер Микелсен, изрази загриженост дека „нова и моќна технологија се воведува на места каде што постои ризик луѓето да бидат фотографирани, снимани или аудио-запишани без нивно знаење“. Според него, целта е да се осигура дека луѓето нема да стравуваат оти ќе бидат снимани без нивна согласност на места каде што очекуваат приватност. Норвешката Лабуристичка партија, која ја предводи малцинската влада, ќе треба да обезбеди поддршка од другите партии за да се усвои предлогот. Владата најави планови за поднесување на законот што е можно поскоро, а формирана е и експертска група за изготвување трајни прописи за оваа област. Слични ограничувања веќе се спроведуваат ширум светот. Употребата на паметни очила е ограничена во некои судници во Обединетото Кралство и САД, додека пабовите, рестораните и кината почнаа да ги забрануваат или ограничуваат со цел да ја заштитат приватноста и да спречат филмско пиратство. „Meta“ продава паметни очила од брендовите „Ray-Ban“ и „Oakley“ опремени со камери кои им овозможуваат на корисниците да фотографираат и снимаат видеа, да остваруваат телефонски повици, да слушаат музика и да користат функции на вештачка интелигенција. Од почетокот на 2023 година, „Meta“ има продадено најмалку девет милиони пара очила „Ray-Ban“ со овие можности. Француска организација за заштита на децата извести дека оваа година примила околу 20 поплаки од жени кои биле снимани без нивно знаење од камери вградени во паметни очила – првенствено модели на „Meta“. Во некои случаи, снимките подоцна биле објавувани на социјалните мрежи како шега или во форма на улично интервју. „Meta“ нагласува дека сите нејзини очила опремени со камери имаат ЛЕД-светло кое трепка кога корисникот фотографира или снима видео. Светлото не може да се исклучи, а камерата се деактивира доколку некој се обиде да ја покрие или попречи. Компанијата истакнува дека очилата се многу популарни за слушање музика, остварување телефонски повици и превод во реално време. Извор: Б92Тагови: паметни очила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
СветУкинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?Литванскиот парламент гласаше за укинување на уставната забрана за нуклеарно оружје во земјата, што претставува прво од двете гласања потребни за измена на уставот.За предложениот амандман гласаа 106 од вкупно 141 пратеник, а второто гласање е закажано за 12 јануари, пренесе Ројтерс. За усвојување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство при двете гласања. Литванскиот претседател Гитанас Науседа во јули изјави дека политичките партии се согласиле да ја укинат забраната, наведувајќи ја како причина промената на безбедносната ситуација во регионот предизвикана од Русија. Науседа истакна дека во моментов не постојат планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија, но дека укинувањето на забраната би ѝ овозможило на земјата да преземе соодветни чекори доколку се промени безбедносната состојба. Според него, Литванија ќе остане потписничка на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.Тагови: нуклеарно оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме“, рече Чо.Јужна Кореја доби извинување од Украина во врска со обелоденувањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Чо Тае-јул. „Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме, па затоа имаме намера да преземеме решителни мерки“, рече Чо за време на парламентарниот надзор над работата на министерството, како што пренесе агенцијата Јонхап. Тој додаде дека владата разгледува различни опции, вклучително и можноста за отповикување на јужнокорејскиот амбасадор во Украина, Парк Хи-квон. Чо истакна дека уште од самиот почеток постоел договор префрлањето да се чува во тајност со цел да се заштитат двајцата војници и нивните семејства во Северна Кореја. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно ја опиша ситуацијата како „дипломатско недоразбирање“. Според јужнокорејските власти, двајцата севернокорејски војници биле заробени во јануари минатата година додека се бореле на страната на Русија во регионот Курск, а во Јужна Кореја пристигнале во средината на септември. Јужна Кореја се обидува да го реши спорот преку дипломатски канали, истовремено одржувајќи ги односите со Украина.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook