Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
АвтомобилизамНовиот Peugeot е –208 сега имате избор помеѓу бензин, дизел или електричен моторPeugeot брендот неуморно и прецизно ја следи својата амбиција, 100% од гамата да има своја електрична верзија. Оваа стратегија на Брендот им овозможува на потенцијалните клиенти да добијат избор повеќе при определување и дефинирање на своите потреби при купување на возило. Како што најавува Peugeot Брендот „иднината ќе биде се’, само здодевна не.“ Токму затоа компанијата Еуроимпекс, генерален узвоник за брендот Peugeot, ќе ги промовира на нашиот пазар сите модели на гамата со избор на 3 мотори. Бензин, дизел или електричен мотор. Со ова им овозможуваат на своите клиенти да бидат чекор понапред и секогаш да целат кон иднината. Во моментов модел кој може да понуди избор помеѓу 3 типови на мотори е новиот Peugeot 208, кој покрај многуте награди и признанија е воедно и добитник на најпрестижната награда „Автомобил на годината во Европа за 2020та“ Награда која гордо ја носи и докажано му прилега. Имено Peugeot е единствениот Бренд кој бил награден со 3 награди „Европски автомобил на годината“. 100% електричниот Peugeot 208 ја носи истата внатрешност и истиот надворешен изглед како и оној на внатрешно согорување, разликата е во надворешните детали кои го красат и онака возбудливиот дизајн. Деталите ќе ги приметите во решетката во боја на каросерија, ознаката „е“ која се наоѓа на страниците на возилото и логото на лавот кое се прелива во сина електрик боја во зависност од аголот. Корисни информации за 100% електричниот 208: РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ И КОЧЕЊЕ Новиот PEUGEOT е-208 нуди 3 режими на возење: Eco: оптимизирање на автономијата преку редуцирање на одредени опции, Normal: оптимален комфор за дневна употреба, Sport: користење на максималната моќност за максимално искуство при возењето (забрзување од 0 до 100km/h за 8,1 секунди) И 2 режими на кочење кои овозможуваат надополнување на батеријата за време на успорувањето: Умерено: за многу слично чувство како моторното кочење кај мотор со внатрешно согорување, Зголемено: успорување контролирано преку педалата. БАТЕРИЈА И ПОЛНЕЊЕ Новиот PEUGEOT e-208 нуди уникатно и возбудливо искуство при возење со својот 100% електричен мотор, достапен од: 100 KW (136 КС) електричен мотор со 260 Nm (достапни од 0 km/h) за инстантнa ре-активност Тивок мотор, со 0 вибрации Технолошки приказ на централниот екран (приказ во реално време на патеката на возење). Достапни се два вида на инвертори во возилото, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење на клиентите, со еднофазен полнач од 7,4 kW како стандарден и опционален трофазен инвертор од 11 kW. Начините за полнење се флексибилни и прилагодени на секоја дневна ситуација. Можни се неколку видови на полнење: Стандарден полнач монофазен за домашна употреба (8А): 31 час / со батерија од 50 kWh 47 часа / со батерија од 75kWh Брз полнач монофазен за домашна употреба (16A): 15 часа / со батерија од 50 kWh 23 часа / со батерија од 75kWh Ѕиден полнач монофазен од 7,4 kW 7:30 часа / со батерија од 50 kWh 11:20 часа / со батерија од 75kWh и со еднофазен 7,4 kW инвертор. Ѕиден полнач трофазен од 11 kW 5 часа / со батерија од 50 kWh 7:30 часа/со батерија од 75kWh и со трофазен 11 kW инвертор. Наменски јавен терминал 30 мин./регулацијата на температурата на батеријата ви овозможува да користите полначи од 100 kW и да достигнете 80% полнење за (батерија од 50 kWh) или 45 мин. (75 kWh батерија). Животниот век на батеријата кај Peugeot возила е со гаранција од 8 години или изминати 160.000km, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на истата. АВТОНОМИЈА Главни фактори кои можат да влијаат на автономијата: Брзина При константна брзина од 130km/h, автономијата на 100% електричното возило ќе биде двојно помала споредбено со пропишаното според WLTP. Клима уред и греење: Разликата во опсегот при користење на клима уред/греење може да варира дури и за 35% помеѓу различни годишни времиња. Климатизација (ладење/греење) додека возилото е вклучено на полнење, е еден од најефикасните начини да се зголеми автономијата во зима и лето. Стил на возење, услови на патот и географски терен: Еко-возењето е значително подобрено кај 100% електричните возила. Забрзувањето со беспрекорна динамика и рекуперативното кочење, можат да заштедат и до 15% од вашата автономија. ОДРЖУВАЊE Нормални услови на користење: РЕДОВНИ ИНТЕРВЕНЦИИ Сервис: почетни интервенции 2.500 Km / 3 месеци Сервис: редовни интервенции Секои 15.000 Km/1 година ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ Замена на филтерот во патничката кабина Секои 15.000 Km / 1 година Замена на течноста за сопирачки Секои 2 години Проверка на PH на течноста за ладење 125.000 Km/4 години. Потоа на секои 25.000 Km / 2 години Проверка на прилагодувањето на предните светла 4 години. Потоа на секои 2 години Редовните интервенции и сервисни услуги се сведени на минимум и подразбираат проверка на: предница, подвозје, течности, сигнализација, сопирачки, пневматици и притисок во пневматици, оптика на фарови, метлици Како што може да се забележи, современиот клиент би бил ослободен од сите останати трошоци кои нормално би ги имал доколку користи возило со мотор на внатрешно согорување. Од Брендот Peugeot потсетуваат на нивното мото “UNBORING THE FUTURE” кое што претставува силно ветување кон своите потенцијални клиенти и најавуваат возбудлива, забавна, безбедна и одговорна иднина, фокусирајќи се на следниве елементи: технологија, електрификација и автономија. Овие елементи водат кон „моќта на изборот“ – можност која Брендот Peugeot им ја дава на своите потенцијални клиенти. Можност да го изберат својот омилен мотор и при тоа да доживеат целосно различно искуство при возењето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook