Од Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“
2Од Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“
БалканНовиот парламентарен состав во Грција веројатно в недела ќе положи заклетваДен подоцна ќе се распушти.Новиот парламентарен состав во Грција што произлезе од изборите, според грчките медиуми, се очекува в недела на 28 мај, наместо на 1 јуни да одржи седница, да положи свечена заклетва, а ден подоцна да се распушти во пресрет на новиот изборен процес, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателскиот декрет од 22 април за распуштање на Парламентот, предвидува пратениците првата седница да ја одржи на 1 јуни, меѓутоа, како што пишуваат медиумите во Грција, со оглед на тоа што формалните процедури се одвиваат со забрзан ритам, се очекува да биде издаден нов декрет или да се измени постоечкиот за првата седница да се свика четири дена порано. Според државната телевизија ЕРТ пратениците ќе положат свечена заклетва в недела попладне, в понеделник ќе се изберат претседателот и замениците, а истиот ден ќе биде издаден и новиот претседателски декрет за распуштање на Парламентот и распишување избори на 25 јуни. Потоа ќе следи и формирање службена Влада која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на избори. На позицијата премиер во службената Влада ќе дојде еден од претседателите на трите врховни судови, а веројатно тоа ќе биде претседателот на Ревизорскиот суд Јоанис Салмас. Во Грција во тек е формалната процедура на доделување мандати на претседателите на првите три партии, а досега лидерите на Нова демократија и СИРИЗА ги вратија поради неможноста да формираат Влада. Попладнево мандатот оди во рацете на претседателот на ПАСОК- Движење на промена, партијата која го освои третото место на парламентарните избори во неделата, но и овој обид ќе биде неуспешен. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасков: Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистентиХаосот што Мицкоски и Јаневска го создадоа во образованието продолжува секоја учебна година.Над 3.000 првачиња помалку, 26 затворени училишта, 433 паралелки помалку. Нема сегмент во образованието каде што не е хаос. И децата со попреченост останаа без потребната поддршка од образовен асистент. Околу 250 деца од кои најголем број првачиња на 1-ви септември се без образовните асистенти што им се потребни. За нив и за нивните родители, првиот училишен ден не беше ден на радост, туку ден на страв, разочарување и неизвесност. Ова е само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт да се грижи и да вложува во она што е најважно за иднината на една држава - образованието. И ова не е првпат. Трета година по ред, министерката Весна Јаневска дозволува учебната година да започне без навремено обезбедена образовна поддршка за децата со попреченост. Образовниот асистент е неопходна поддршка за децата со попреченост - поддршка што им овозможува да ја следат наставата, да учествуваат во училишниот процес и да ги остваруваат своите права рамноправно со другите деца. Кога таа поддршка ја нема последиците директно ги чувствуваат и децата и нивните семејства. Јаневска треба да одговори зошто ги остави децата со попреченост без образовни асистенти? Училиштата ги доставиле барањата за образовна асистенција за првачињата уште до 30 јуни, по завршувањето на уписите. Што направи Министерството за образование со тие барања? Зашто ако постапката за вработување трае повеќе од 20 дена, тогаш е јасно дека и со започнување на постапката сега, дел од овие деца реално би добиле образовен асистент дури по 20 септември. Што треба да прават овие деца до тогаш? Да не одат на училиште? Да чекаат власта да заврши со своите административни процедури? Министерке, децата не се само бројка во табела. Тие имаат право на образование, право на еднакви можности и право на поддршка согласно нивните индивидуални потреби. Инклузијата не смее да биде само збор во стратегии и документи. Таа мора да биде реалност во секоја училница. А денес реалноста е дека деца со попреченост се оставаат без поддршка уште на првиот ден од учебната година. СДСМ бара итно да се решат проблемот и ниту едно дете со попреченост да не остане без потребната образовна поддршка. Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образованиеТагови: Јованче Манасков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураОд Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“Силниот ехо-ритам на македонскиот искон повторно ќе го растрепери срцето на Обединетото Кралство.По точно 76 години од 1950 година — кога Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ на Меѓународниот фестивал во Ланголен го воодушеви светот, ја освои првата награда и го запиша митското оро „Тешкото“ во светската уметничка историја — ансамблот се враќа со два ексклузивни концерта во Лондон и Оксфорд. Настапот во Ланголен во 1950 година беше првото историско претставување на „Танец“ надвор од границите на земјата. Тогаш, ритмичкиот и пркосен скок на „Тешкото“, поддржан од исконскиот ек на зурлата и тапанот, ги испрати британските критичари во восхит и растрепери милиони срца, докажувајќи дека македонскиот фолклорен код поседува универзална уметничка моќ. По повеќе од седум децении, „Танец“ повторно ја носи истата оган-енергија пред британската и меѓународната публика: • Лондон: 16 септември 2026 година • Оксфорд: 18 септември 2026 година Со врвна уметничка прецизност, раскошни автентични носии и богата музичкосценска програма, уметниците од „Танец“ ќе ги изведат канонските ора „Тешкото, „Драчевка“ и низа традиционални вокално-инструментални бисери. „Искрите што беа запалени во Ланголен во 1950 година, кога македонското 'Тешкото' се запечати во срцето на Велика Британија, никогаш не згаснаа. Нашето враќање во Лондон и Оксфорд по точно 76 години не е само симболично затворање на еден голем културен круг, туку и горда потврда дека 'Танец' останува живиот чувар и светски амбасадор на македонскиот идентитет и традиција.“ Оваа турнеја претставува врв на македонската културна дипломатија за оваа сезона, продлабочувајќи ги врските меѓу двете држави и зацврстувајќи го местото на македонското фолклорно наследство во престижните европски и уметнички центри.Тагови: танец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваAERO Street Food Festival уште денес и утре!Повеќе од 15.000 посетители беа дел од првите три вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче“, под покровителство на Општина Аеродром. Големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации. Фестивалот започна на 4 септември со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се претставија The Ringtones. Првата фестивалска вечер ја заокружи DJ Aleksandar Jordanov, кој со својот сет ја задржа разиграната публика до самиот крај на програмата. Во саботата, на 5 септември, паркот „Авионче“ беше исполнет со посетители од сите делови на Скопје, но и од други градови во Македонија. Особено голем интерес предизвика понудата на 20-те гастрономски брендови, пред чии штандови постојано се чекаше за различните специјалитети од домашната и светската кујна. Во неделата, на 6 септември, бендот Dopamine приреди енергичен настап и целосно ја освои публиката. Забавата продолжи со DJ Rizinski, кој со ретро музика и познати светски хитови го претвори фестивалскиот простор во голема журка на отворено. AERO Street Food Festival продолжува денес и утре со последните две вечери од годинашното издание. Вечерва, на 7 септември, публиката ќе ја забавуваат диџеите од Fluere и бендот South Park. Големото финале на 8 септември ќе започне со DJ Ficho и DJ Guardian, по што Acoustic Division ќе приреди специјална музичка програма, а фестивалот ќе го затворат Sure Shotz. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да бидат дел од последните две фестивалски вечери и да уживаат во разновидната храна, домашната музика и урбаната атмосфера во паркот „Авионче“. Фестивалскиот простор се отвора во 17:30 часот, музичката програма започнува во 19:30 часот, а влезот е бесплатен. Општина АеродромТагови: AERO Street Food Festival) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter