Новиот министер за здравство ќе оди во Кочани лично да се запознае со проблемите на повредените - Канал 5

Новиот министер за здравство ќе оди во Кочани лично да се запознае со проблемите на повредените

Ќе почнам од Кочани и наредниве денови лично и одблизу ќе видам што се случува во болницата бидејќи тоа ми е приоритет.

Новиот министер за здравство ќе оди во Кочани лично да се запознае со проблемите на повредените

Ќе почнам од Кочани и наредниве денови лично и одблизу ќе видам што се случува во болницата бидејќи тоа ми е приоритет, а во однос на коментарите како ќе бидам Министер за здравство кога сум доктор по информатички науки, а не лекар, треба да е јасно дека нема да оперирам, туку ќе менаџирам, изјави Азир Алиу кој ја одржа премиерната прес-конференција како прв човек на здравството. Тој најави стратегија од пет столбови, мапирање на проблемите, искреност и отчетност, професионален развој, одржливо финансирање и клучно – дигитализација бидејќи, според него, таа е срцето на промените кои ќе креираат стабилен и политички независен здравствен систем.

-Дефинтивно Кочани ни е во фокус има работна група во Влада, исто така и ние имаме работна група во Министерството ние овие денови ќе бидеме во Кочани нема да одиме на средби со новинари, туку одиме да се видиме со граѓаните и лично да ни кажат кои се нивните потреби. Јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам систем во кој лекарите ќе можат да прават операција на срце, со соодветни материјали, апаратура,- Азир Алиу – министер за здравство.

Најгласувајќи дека од внатрешноста на дел од клиниките се срами, бидејќи нема ни столчиња за седење во чекалните, Алиу признава дека повторно има проблеми со навремена набавка на дел од терапиите за онколошките пациенти, поради бирократијата со тендерите. Но, најави дека ова нема да се случува во иднина.

Иако кажа дека работите нема да се променат преку ноќ бидејќи има многу што да сработи, новиот Министер за здравство најави бесплатни прегледи за дијабет, хипертензија и срцеви заболувања за сите граѓани над 40 години, кампања која ќе гласи „Подобро е порано, превенцијата започнува со тебе“.

За само неколку дена откако и официјално е Министер, Алиу формирал работни групи за справување со кризи кои, како што потенцираше, досега не постоеле, а таргетирал и 57 болници и места на кои мора да се инвестира.

Со една милијарда евра, пари од Британија, кои му припаѓаат на здравството, Алиу најави инвестиции, но на две новинарски прашања не одговори дирекно за тоа кога ќе има нов Клинички центар. Алиу не даде ветување дека во неговиот мандат ќе почне изградба на комплекс кој ќе го замени сегашниот на „Водњанска“, кој инаку е изграден по земјотресот во 1963 година и уште тогаш требало да биде привремено решение.

YouTube video

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Изгледа дека Џеф Безос почнал да негува нов имиџ.

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Имено, основачот на Амазон, кој почнал да ја бричи главата во 2013 година, се појавил на 10 јули со значително повеќе коса.

Додека шетал низ конференцијата „ Allen & Co. Media and Technology “ во Сан Вали, Ајдахо, Џеф имал седа коса околу главата. Тој бил придружуван од неговата нова сопруга Лорен Санчез Безос, со која се ожени кон крајот на јуни на мултимилионска свадба во Италија, исполнета со ѕвезди.

„Тој е чудовиште во теретана“

Иако 61-годишникот обично има ќелава глава, промените во изгледот не му се непознати. Всушност, во 2023 година, тој предизвика возбуда на интернет кога покажа помускулеста фигура на насловната страница на „Вог“.

„Тој е на сосема друго ниво од мене“, откри Лорен, 55, во придружна статија, објаснувајќи дека таа не може да ги прави истите вежби што ги прави Џеф кога вежбаат заедно. „Тој е чудовиште во теретана.“

Тоа му е толку важно што, тврди Лорен, го „украл“ од неа Весли Окерсон, тренер кој работел со Том Круз, Џерард Батлер и Саша Барон Коен. „Џеф е неверојатно посветен на тренингот“, изјави таа за Волстрит журнал во 2023 година. „Немате поим. Тој навистина се труди.“

Извор: Индекс.хр

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Инсајдерите известуваат дека „главната“ опција за боја за претстојниот „iPhone 17 Air“ ќе биде „многу светло сина“.

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Тие понатаму наведуваат дека бојата ќе биде толку бледа што едноставно ќе изгледа бела во некои светла. Ова потсетува на „едвај сините“ бои што ги видовме од „Apple“ во минатото.

Како и со сивата, „Apple“ користеше многу различни нијанси на сина низ годините, некои посуптилни од другите, објавува „9to5Mac“.

„Sierra Blue“ за „iPhone 13 Pro“ беше еден пример за изглед што некои го опишаа како многу светло сина, додека „Sky Blue“ за „M4 MacBook Air“ е широко опишана како „едвај сина“.

Не е јасно зошто инсајдерите ја опишуваат оваа боја како „главна“, иако едноставно може да биде дека станува збор за нова боја, која „Apple“ често ја истакнува во маркетинг материјалите.

Друг информатор вчера сугерираше дека намалените рамки што ги очекуваме за моделите „Pro“ и „Air“ всушност доаѓаат и на основниот модел.

Извор: Б92

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) за 3 часа и 4 минути игра.

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Ова е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, а Алкараз по пет победи во Грен слем финалиња го загуби првото.

Првиот сет беше со пресврт и првиот брејк го напраи Синер и поведе со 4:2 во гемови, но Алкараз „врза“ четири гема во низа и го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет веќе на стартот во првиот гем Синер направи брејк и сетот го заврши со 6:4 во гемови за 1:1 во сетови.

Во третиот сет брејк немаше до деветтиот гем кога повторно Синер успеа да го одземе гемот на сервис на Алкараз и со идентични 6:4 да го освои сетот и да поведе со 2:1. Во четвртиот сет Синер прави брејк во третиот гем и поведува со 2:1 во гемови, а Алкараз шансата да го спаси сетот ја испушти во осмиот гем кога не искористи две брејк топки, па Синер и овој сет го доби со 6:4 што значеше и конечен триумф.

Јаник Синер е првиот Италијанец што успеава да го освои Вимблдон. /МИА

притисни ентер