Новиот луксузен Range Rover со врвна технологија и седум погонски опции (ВИДЕО) - Канал 5

Новиот луксузен Range Rover со врвна технологија и седум погонски опции (ВИДЕО)

Кога се во прашање луксузните теренци, главен беше и остана единствениот Range Rover.

Новиот луксузен Range Rover со врвна технологија и седум погонски опции (ВИДЕО)

Воглавно преголем и премногу луксузен, овој автомобил во најдобра смисла покажа што значи англиската круна во автомобилскиот свет. Впрочем, Range Rover е прв од ваков вид, а во петтото издание успева да ја задржи гордоста на својот претходник. Судејќи според она што го нуди, многумина ќе му се придружат, било како совозач или како патник на задното седиште.

Новиот модел го задржува дизајнот на кутија од сите негови претходници, а под лимот носи дури 125 различни иновации. Високата технологија е присутна, исто како кралската удобност. Должината на моделот е зголемена за 52 mm, на 5052 mm кај кратката и 5252 mm кај LWB верзијата, а интересно е што растојанието меѓу оските е уште повеќе зголемено, дури 75 mm.

Поставен на нова основа MLA Flex, а од 2024 година ќе нуди и електричен погон. Дотогаш во понуда остануваат дури седум опции. Така, покрај класичниот 4.4 V8 твинтурбо бензинец, во понудата се и дизелите во благата хибридна верзија (D250, D300 и D350), како и подеднакво дизајнираните бензинци (P360 и P400). Поентата е (засега) на P440e и P510e plug-in хибридите со електричен досег до 100km. Да речеме дека во комбинација на најсилниот бензинец, достигнува 100 km/h за само 4,6 секунди.

YouTube video

Она што идниот сопственик може да го очекува е апсолутен врв на удобност што малку брендови можат да го понудат. На пример, електрониката ја контролира суспензијата во согласност со информациите дадени од навигацијата и оптимално ги прилагодува сите параметри на шасијата. Иако е огромен, опсегот ќе биде многу податлив. Понатаму, сите врати се отвораат електрично, а кабината има систем за вентилација кој штити од алергени, бактерии, па дури и од вирусот SARS-CoV-2. Во понуда се две верзии, кратка и долга, а изборот оди од четири до максимум седум седишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата со сипаниците кај овците е алармантна, сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување

Состојбата со сипаници кај малите преживари е загрижувачка - и по низа состаноци вакцини се уште нема, сточарите бараат итно решение на проблемот бидејќи велат секојдневно има појава на нови жаришта.

Состојбата со сипаниците кај овците е алармантна, сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување

Досега како што посочија од Сојузот на одгледувачи на овци, ококлу 40 семејства се без егистенција, откако поради болеста угинати биле околу 10 илјади овци и со тоа уништени се околку 40 до 50 стада.

Бараат државата час поскоро да организира безбедна вакцинација на овците, бидејќи како што посочија дополнителен ризик според нив е и фактот што одредни сточари ги носеле грлата на добиточен пазар без да знаат дали се заболени или не, како и преиспитување на обештетувањето кое во моментов велат е многу ниско.

„Финансиските загуби се многу големи. Таа стада веќе една година две не можед а се врати како што била и затоа бараме од Владата што побрзо да се обештетутваат тие луѓе за си ги вратат овците. И онака имаме проблем веќе никој не скаа да чува овци веќе и мислма ова е крај на сточарството. Сега имаме околу 7 д о 10 илјади овци можеби и повеќе пошто секој ден има нови жаришта.“- Насер Џемаили – прет. на Сојуз на одгледувачи на овци

„Од тие овци живееме цела фамилија. Што ќе правиме ние и да ни ги обештетат за срамотни 100 денари по кило па ние не ги носиме на пазар за да ни ги платат по 100 денари од кило. Нашите овци ние ги чуваме за егзитенција.“ - Елми Заќири – одгледувач на овци

Земјоделието во Македонија се уништува со децении – оценуваат сточарите и побараа државата да направи долгорочна наместо краткорочна стратегија, како и отоврање на нови пазари за извоз.

„Што значи за Македонија има извоз 4 пати поголем на јагниња од овој. Колку ќе допринесеме во БДП. Колку ќе допринесеме во прилив на девизи. Така да сериозно треба да се разгледа оваа ситуација и кризта во сточарството која трае со години.“- Милена Величковиќ – одгледувач на овци

Од агенцијата за храна и ветеринарство и министерството за земјоделие очекуваат деновиве да пристигнат вакцини како донација од Турција, а велат се разговара и со ЕУ за дополнителни количини... од Агенцијата посочуваат дека нивните тимови се континуирано на терен, ја следат состојабта со болеста и навремено се превземаат сите мерки....

„Во соработка со турската амбасада уште минатата недела испративем барање, една од вакцините која е безбедна и одговара очкеуваме 500 илјади вакцини да стигнат. “-Оливер Миланов – АХВ

Дополнително, по информациите дека одредени сточари самостојното набавувале и аплицирале на вакцина, од реосорното министерство и АХВ преудпредија дека се што е без претходно одобрение од Агенцијата ќе биде соодветно санкционирано согласно важечките прописи, и дека во таков случај сопствениците нема да имаат право на компензација за забоелните животни ниту обештетување, бидејќи неконтролираната примена на вакцини велат може да го отежне епидемиолошкото следење и да создаде дополнителен ризик за стадата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести

Вирусот Западен Нил ја зема третата жртва.

Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести

Жител на Драчево на 61 годишна возраст ја загуби битката за живот по дијагностицирана тешка, невроинвазивна форма на болеста, односно, воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Имал голем ризик од компликации од западно нилска треска поради повеќе тешки хронични заболувања помеѓу кои изразена дебелина, висок крвен притисок, срцеви проблеми и дијабет, потврдува Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана.

Досега во Македонија има регистрирано 35 заразени, сите со тешка форма, шестмина се во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење, но 15 се веќе излекувани и пуштени дома. Она што ги загрижува лекарите, е што се намалува старпосната граница.

Додека деновиве се прска по копно од страна на надлежните откако се мапирале местата каде што се смета дека комарците ја пренеле заразата, здравствените власти апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките. Освен самите да се заштитуваат од убоди, да нема застоени води во дворовите бидејќи токму тие се местата каде што комарците најмногу се размножуваат. Граѓаните од општините каде веќе е прогласена епидемија треба да добиваат и СМС пораки со насоки за постапување од Институтот за јавно здравје.

Министерот за здравство Сашо Клековски и лично апелираше до граѓаните - доколку на улица видат угината дива птица да пријавуваат до Агенцијата за храна и ветеринарство за надлежните да можат да потврдат дали кај нив била присутна западно нилска треска. Дивите птици се сметаат за своевиден резервоар на вирусот бидејќи комарците се инфицираат од нив, а потоа со убод го пренесуваат на човекот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер