МакедонијаНовиот Клинички центар ќе се гради на местото на ГОБ „8-ми септември“Нова година, стари желби за Клинички центар што според сегашните планови треба да се гради во 2026, а најверојатната локацијата ќе биде сегашната ГОБ „Осми септември“ и имотот околу овој објект познат како стара воена болница. Има идеи до него да се стигнува со подземни сообраќајници, а колку пари ќе чини не се знае, но Министерот Азир Алиу вели дека тука ги има неоходни услови за проектот. На новогодишниот брифинг со новинарите Алиу посочи дека поради административен молк јавното претпријатие „Гратски паркинг“ две години без никаков договор стопанисувало со паркингот на стариот Клинички, а сега ќе мораат со тие пари да инвестираат во т.н. „паметен паркинг систем“ кој ќе вклучува апликација и мапа за слободни места на вашиот телефон, што треба на пролет треба да биде готов. Во однос на скандалот со безпотреба правени операции на срце што годинава остави црна дамка во кардиохирургијата, Алиу потврди дека граѓани се уште пријавуваат случаи, а експертите од странство допрва ќе ги разледуваат оние 25 досиеја од кои за 10 внатрешната комисија веќе утврди дека се на пациенти што биле оперирани иако не требало. Алиу смета дека за половина година во Министерството постигнал многу и покрај големите предизвици, бидејќи паралелно се инвестирало низ болниците низ цела Македонија, успеала и дигитализацијата на дел од плановите со чија помош сега врз основа на точни податоци може да креира здравствени политики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter