Јарис е прв модел на јапонската компанија кој е базиран на „GA-B“ механичката платформа од „TNGA“ семејството на Тојота.
Како што велат од овој произведувал, тоа ќе ги унапреди перформансите во возењето благодарение на ниското тежиште на автомобилот и за 37% поголемата крутост во конструкцијата.
Уште еден важен новитет во овој модел е хибридниот погонски ситем.
Станува збор за четвртата генерација на хибридниот систем на Тојота кој се сочинува од 1.5 литарски бензински мотор и уште два електромоторои и литиум јонски батериии.
Бензинскиот мотор произведува 92 коњски сили.
Еден од електромоторите праќа сила на предната осовина, а развива 80 коњски сили, додека другиот, помал агрегат служи за стартување на хибридниот погонски систем.
Вкупната сила на овој хибрид е 116 коњски сили, а од Тојота се тврдат дека автомобилот во комбиниран режим на возење просечно троши 3.7 литри на 100 километри.
Автомобилот од 0 до 100км/ч забрзува за 9,7 секунди, а од 80 до 120км/ч за 8,1 секунда, што е за две секунди подобар резултат од претходната верзија на Јарис хибрид.
Унапредени се и перформанските во возење на струја, па овој Јарис може да развие и до 130 км/ч возејќи само на електричен погон.
Исто така, зголемени се дистанците на кои возилото може да вози само на струја, особено во возење во урбаните средини, но не се објавени конкретни бројќи.
Инаку, во зависност од пазарот, новиот Јарис во Европа ќе биде достапен и со 1.0 литарски бензински мотор.