Новиот италијански премиер би можел да биде екстремен десничар

Италија се најде среде драматичен политички потрес по оставката на премиерот Џузепе Конте.

Вечерва претседателот Серџо Матарела ја прифати оставката на Конте , што значи и дека официјално падна владата на Италија. ,,Оваа влада завршува тука” , порача денеска пред Сенатот досегашниот премиер Конте. Тој на чело на владата дојде како непартиски човек , компромисно решение на коалициските партнери од Движењето 5 ѕвезди и партијата Лига.

Конте во последдното обраќање во Сенатот се нафрли на лидерот на Лига и министер за внатрешни работи , Матео Салвини , кого го обвини за опортунизам , кој ја предизвикал кризата на владата, што може да предизвика сериозни проблеми во земјата.

,,Тој ги гледа само своите и интересите на својата партија. Да се повикуваат гласачите секоја година на избори е неодговорно.” , рече Конте.

Токму Салвини кој ја испровоцира верижната реакција што доведе до пад на владата кога тој се повлече од коалицијата на 8 август. Иако Салвини, според „Гардијан“, се надевал дека коалицијата и владата веднаш ќе паднат и ќе следат предвремени избори, владата сепак издржа уште 12 дена, но нејзиниот пад сега беше неминовен.

Лига имаше намера да го собори сопствениот премиер со гласање недоверба, но Конте ги претрка со денешната објава за оставка.

Покрај за нелојалност, Конте го обвини неговиот контроверзен министер и за „опседнатост“ со затворање на италијанските пристаништа за мигранти. Најновиот во низата расправии во владејачката коалиција дојде веднаш откако Конте одби да ја потпише забраната на Салвини за пристанување на хуманитарниот брод „Оpen Arms“, натоварен со мигранти спасени во Средоземното Море до пристаништето на италијанскиот остров Лампедуза.

Но, вистинската причина за распадот на коалицијата меѓу популистите од М5С и националистите од Лига е промената во рамнотежата на моќта. Имено, М5С, со дури 227 пратеници споредено со 124 на Лига, беше победник на парламентарните избори во 2018 година и доминантна партија во коалицијата.

Лидерот на М5С, Луиџи ди Мајо, кој стана вицепремиер и министер за економски развој, остана во сенката на Салвини. Како втор потпретседател и министер за внатрешни работи, тој се здоби со поголема популарност со остар став кон мигрантската криза, особено забраната за пристигнување мигранти од бродовите на невладини организации што ги спасуваа во Средоземното Море и потоа ги транспортираа до италијанскиот брег.

Со агресивна самопромоција и пренесување на незаборавни политички пораки на социјалните мрежи и политички митинзи низ целата земја, Лига на Салвини експлодираше според популарноста на анкетите .

Салвини им се претставува на Италијанците како човек од народот, ветувајќи им заштита на нивниот италијански идентитет, запирање на масовната имиграција, но во исто време запирање на демографскиот пад на Италија, предизвикан, како од преселбите на други места во Европа, така и од ниската стапка на наталитет . Ова, во комбинација со континуираните вербални напади кон левицата, мигрантите, Ромите, муслиманите, како и папата Франциск околу неговите повици за помош на мигрантите, се покажа како рецепт за успех.

Дека Лига и М5С практично го заменија односот на гласови што ги добиваат, дефинитивно беше потврдено на изборите за Европскиот парламент во мај. Лига доби дури 34% од гласовите, а М5С само 17%, зад поранешниот премиер на централнолевичарската Демократска партија, Матео Ренци, кој доби 23%.

Покрај тоа, од тогаш Лига само продолжи да расте и во моментов има околу 38% на анкетите, додека М5С продолжува да опаѓа. Значи, не е изненадувачки што Салвини реши да не чека уште три години, туку да се ослободи од своите владини партнери, исто како што раскина без премногу двоумење со коалицијата Форца Италија на поранешниот премиер и основач на современиот италијански популизам Силвио Берлускони.

Доколку се исполнат прогнозите , Италија би станала прва земја во Европа со ултрадесничарски премиер и влада во поновата историја.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер