Новиот германски канцелар: Мораме да ги одржуваме финансиските резерви, ќе дојде нова криза

Новиот германски канцелар и поранешен министер за финансии, Олаф Шолц, денеска при предавањето на должностите на неговиот наследник во Министерството за финансии Кристијан Линднер изјави дека цврстото државно финансирање мора да остане приоритет.

„Во моментов, пандемијата е најголемиот предизвик за јавните финансии, но мора да продолжиме да работиме на солидно финансирање за да ги одржиме резервите. Затоа што следната криза сигурно ќе дојде“, рече Шолц (Социјалдемократската партија на Германија, СПД) при предавањето на Линднер ( ФДП).

Тој додаде дека функцијата министер за финансии е „нешто посебно“ и дека со задоволство ја извршувал во последните четири години во кабинетот на Ангела Меркел. „Овој бизнис е за големи работи“, рече Шолц.

Линднер најави дека „ќе ја збогати должноста со свои идеи“ и дека сака да биде гаранција за солидни финансии. „Сакам моето име да се залага за одговорен однос кон парите на даночните обврзници и за стабилни финансии“, рече Линднер.

Шолц, кој вчера беше назначен за нов германски канцелар, на првиот ден од новата функција се сретна и со премиерите на сојузните покраини, кои денеска ја одржуваат својата редовна конференција.

Шолц утре ќе отпатува за Париз, каде што треба да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Тој попладне замина за Брисел каде ќе разговара со претставници на институциите на ЕУ и НАТО.

Во недела новиот германски канцелар патува за Варшава.

Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен

Топлотен бран зафати делови од северозападна Индија, а главниот град Њу Делхи е ставен во состојба на готовност поради опасно топло време.

Температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен Целзиусов, а блиските држави Пенџаб, Харајана и Раџастан исто така забележаа пораст на температурата што се очекува да се задржи во следните неколку дена.

Индискиот метеоролошки оддел ги предупреди луѓето да не излегуваат на Сонце во попладневните часови, да пијат многу вода и да носат соодветна облека. На ранливите лица, особено на постарите, им е препорачано да не излегуваат надвор.

Во април, мај и јуни секогаш има високи температури во поголемиот дел од Индија, но жештините станаа поинтензивни во текот на изминатата деценија./МИА

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. 

Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот - 115:112, 113:114, 114:113.

Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година и прв во ерата со четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Сега украинскиот боксер има шест појаси: четири големи: ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО и два помали: ИБО и Ринг.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој забележа 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер