Новиот електричен Мерцедес добива мотор од Романија - Канал 5

Новиот електричен Мерцедес добива мотор од Романија

Компанијата „Стар Асембли“, подружница на „Мерцедес-Бенц АГ“, официјално започна со склопување на електричните погонски единици за новиот целосно електричен „Мерцедес-Бенц ГЛЦ“.

Новиот електричен Мерцедес добива мотор од Романија

Ова проширување на производственото портфолио ја зајакнува стратешката улога на романската фабрика во глобалната производствена мрежа на „Мерцедес-Бенц“.

Фабриката во Себеш е втора во глобалната производствена мрежа што ги снабдува фабриките за возила на „Мерцедес-Бенц“ со електрични погонски единици. Производствениот погон тесно соработува со германската фабрика во Унтертуркхајм, центар за компетенции за технологии за погон.

Патем, „Стар Асембли“ е во целосна сопственост на групацијата „Мерцедес-Бенц“, основана е во 2013 година и е специјализирана за склопување на различни видови менувачи. Компанијата направи важен чекор кон електромобилноста во 2020 година со започнување на производство на хибридни единици за 8-степенскиот менувач со двојна спојка.

Важна пресвртница во трансформацијата

Јерг Бурцер, член на Управниот одбор на Mercedes-Benz Group, истакна: „Производството на електрични погонски единици за новиот електричен Mercedes-Benz GLC е важна пресвртница во трансформацијата на нашата фабрика и ја нагласува улогата на Sebeš во глобалната производствена мрежа на Mercedes-Benz.“

Големи инвестиции

Mercedes-Benz инвестираше во нов објект од повеќе од 30.000 квадратни метри кој ги комбинира функциите на склопување и логистика за производство на електрични погонски единици. Производствената линија зафаќа околу 15.000 квадратни метри, се протега на околу 1.000 метри во должина и се состои од повеќе од 200 рачни и автоматизирани процеси.

Романскиот премиер Илие Болојан ја посети фабриката Star Assembly по повод церемонијата на започнување на производството, нагласувајќи дека инвестициите на Mercedes-Benz значат трансфер на технологија, пристап до пазарите и интеграција на романската индустрија во европскиот синџир на вредности.

Концепт за одржливо производство

Производството во фабриката во Sebeš во Романија го следи одржливиот концепт на Mercedes-Benz. Како и сите сопствени производствени погони на оваа автомобилска компанија, фабриката во Себеш работи на јаглеродно неутрален начин и се напојува со електрична енергија од обновливи извори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“

По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. 

Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“

Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети.

Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem.

Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената база

Патнички авион од типот „Ербас“, кој летал од Даблин (Ирска) кон Рим (Италија), бил пренасочен кон воена воздухопловна база во северна Франција, откако била пријавена закана со бомба.

Дојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената база

Оваа информација во четвртокот ја потврдија од кабинетот на францускиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата се следи. Засега нема официјални информации за тоа кој ја упатил заканата, дали при прегледот на авионот е пронајдено нешто сомнително, ниту пак кога леталото би можело да го продолжи своето патување.

Како што пренесува „Еуроњуз“, по пренасочувањето на авионот, надлежните француски служби спровеле безбедносни процедури.

Инцидентот во Франција се случи само неколку дена откако четири патнички авиони на летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на слични закани. Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозивни направи. Британската влада ги окарактеризира претходните извештаи како „злонамерни лажни закани“.

Два извештаи се однесуваа на летови до Варшава. Авионот на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“, кој леташе од Копенхаген, слета нормално на аеродромот Шопен. Една писта беше привремено затворена додека безбедносните тимови го проверуваа авионот. Втората закана се однесуваше на авионот на компанијата „LOT Polish Airlines“, кој леташе од лондонскиот Хитроу.

Авионот беше пренасочен кон аеродромот Модлин наместо кон аеродромот Шопен, кој исто така беше привремено затворен за време на безбедносната проверка.

Во Шпанија беше активиран протокол за итни случаи откако беше пријавена бомба на лет на „Рајанер“ од Манчестер кон Мурсија. Авионот слета безбедно, а припадници на Граѓанската гарда го прегледаа леталото. Откако не беа пронајдени експлозиви, протоколот за итни случаи беше укинат.

Четвртиот случај беше забележан на лет на „Виз ер“ од Бергамо кон Софија. Бугарските служби го прегледаа авионот по слетувањето во главниот град, а според соопштението од Министерството за внатрешни работи, авионот пристигнал без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил

46 годишен скопјанец доби кривична пријава од секторот за компјутерски криминал за дело повреда на авторско право и пиратерија на видео материјал.

46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил

46 годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер