Новиот Доџ вози на етанол и има неверојатно забрзување, а чини под 100.000 евра (ВИДЕО) - Канал 5

Новиот Доџ вози на етанол и има неверојатно забрзување, а чини под 100.000 евра (ВИДЕО)

Откако Dodge го изненади светот со брутално моќен и брз патнички модел, сега направи „забранет чекор“.

Новиот Доџ вози на етанол и има неверојатно забрзување, а чини под 100.000 евра (ВИДЕО)

Доџ отиде таму каде што никој досега не се осмелил, дури ни производителите на електрични автомобили. За потсетување, Dodge Challenger SRT Demon влезе во историјата како најмоќниот и најбрз сериски автомобил. Неговиот 6.2 V8 произведува 850 КС, достигнува 96 km/h за 2,3 секунди, а четвртина милја ја минува за 9,65 секунди со моќност од 225 km/h.

Сега е најавен Demon 170, кој произведува 1039 КС и 1280 Nm на етанол E85 гориво или „само“ 913 КС и 1097 Nm на E10. Достигнува 96 km/h за неверојатни 1,66 секунди, четвртина милја ќе ја помине за 8,91 секунди со максимална брзина од 243,3 km/h. И да, Доџ вели дека при креирањето на овој автомобил мислеле на еколошкиот аспект, а на премиерата објасниле што мислеле со тоа.

YouTube video

Доволно е да се каже дека во овој болид можете да доживеете забрзување од 2004 G, што е на исто ниво со можностите на болид Формула 1. И сега за најдобриот дел: Dodge ќе го продава овој болид по 96.666 долари. Баш така, автомобил кој забрзува подобро од Bugatti Chiron и Rimac Nevera, чини помалку од 100.000 евра.

Во Dodge нагласуваат дека темелно го преработиле 6.2 V8 мотор, толку што се подготвени да кажат дека се работи за нов мотор. На крајот на краиштата, брегастата осовина е единствениот дел од моторот што не е изменет. Од друга страна, компресорот сега не врши притисок на 1,05 бари, туку на дури 1,47 бари. Се подразбира дека задната (погонска) оска сега е значително поцврста, дури за 30 проценти.

YouTube video

И сега лошите вести. Од 3.300 примероци, 3.000 ќе останат во САД, а 300 ќе одат во Канада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а може ли истото да го порача Тимчо и до Будимпешта? Да го врати Груевски?

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Зошто до денес не се пратени сите потребни документи за екстрадиција до новата влада во Унгарија?

Зошто човекот што побегна од правда, благодарение на системот што го постави тогашниот ВМРО-ОКГ, сè уште е во Унгарија? Зошто до Будимпешта нема остра порака, а до Софија има?

Истиот министер што сега бара стандарди од ЕУ за бегалци од правда, претходно молчеше кога Груевски си замина. Молчи и кога Панче Тошковски пропушта преку граница луѓе без евиденција.

Молчи и кога пет тони дрога поминаа граница кон сестринската СНС во Србија.

За Ива Михаилова - непристојно, а за Груевски - тишина. За Тошковски - хиперхлорирање. За петте тони - нема одговор.

СДСМ не бара двојни стандарди, бараме исти. Ако е непристојно Софија да биде прибежиште, непристојно е и Будимпешта да биде прибежиште.

Ако се бараат документи за едната, се бараат и за другиот. Ако законот важи за сите, важи и за оној што побегна со помош на тогашниот систем.

Додека Муцунски праќа остра порака до Софија, нека испрати и до Будимпешта. И нека објасни зошто документите за Груевски сè уште не се целосни.

Од СДСМ има поддршка за двете барања. И за Ива, и за Груевски.

Скопје, 30.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше

 Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, вели дека одлуката Џек Грилиш да не биде вклучен во тимот за натпреварот од Лига купот против Њукасл била на клубот.

Грилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше

Евертон не ги откри деталите, но се верува дека одлуката е донесена поради неовластено отсуство од тренинг. „Знаете дека нема да откривам никакви детали“, изјави Мојс по победата од 3:1.

Мојс јасно стави до знаење дека ја поддржува одлуката да не биде вклучен Грилиш, кој е на позајмица од Манчестер Сити.

Минатата сезона тој исто така беше дел од „карамелите“, при што на 20 натпревари постигна два гола и забележа шест асистенции, пред во јануари да заработи повреда на стапалото.

Ова лето се врати во Сити и настапи на натпреварот за „Комјунити шилд“, а потоа, пред затворањето на преодниот рок, повторно замина во Евертон. Оваа сезона има пет настапи во Премиер лигата, а играше и во победата над Вулверхемптон во третото коло од Лига купот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност.

„Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината.

Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

„Набуко“ е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero“, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода.

Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер