Новиот Бонд ќе биде жена? - Канал 5

Новиот Бонд ќе биде жена?

Меѓу имињата кои се споменуваат за наследници на Даниел Крејг се наоѓа и името на Џилијан Андерсон.

Откако стана јасно дека ни 68 милиони фунти нема да го убедат Крејг да сними уште еден Бонд филм, почнаа да се вртат имињата на неговите можни наследници.

Меѓу нив се Том Хидлстон, Дамијан Луис и Идрис Елба, но се спомнува и името на една жена - ѕвездата на серијата „Досие X“ , Џилијан Андерсон.

Идејата се појави на социјалните мрежи и толку и се допадна на Џилијан што направи постер во стилот на Бонд со своја фотогрaфија на него.

- Моето име е Бонд. Џејн Бонд - порача таа!

И тоа предизвика бројни полемики - смее ли Бонд да биде жена?

Еден од претходните актери кои го толкуваа агентот 007, Пирс Броснан вели дека тоа не смее да се дозволи бидејќи Бонд е маж, мажествен заводник.

Даниел Крејг со задоволство би го гледал Бонд како жена.

- Тоа е прекрасна идеја! Филмот е измислен, може се да се случи, се е можно! - рече Крејг во едно интервју.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Ајкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа.

Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг.

По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон.

Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот.

Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота).

Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.

Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Од Јавното обвинителство информираат дека судењето на обвинетата Ива Михаилова за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици ќе продолжи на деветти ноември.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Ива Михаилова избега во Бугарија пред две недели, тамошните власти потврдија дека нема да ја екстрадираат во Македонија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер