Новиот амбасадор на Швајцарија Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова - Канал 5

Новиот амбасадор на Швајцарија Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова

Швајцарија е присутна во Македонија од 1992 година, а дипломатските односи беа формално воспоставени во 1994 година. 

Новиот амбасадор на Швајцарија Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова

Новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска Давкова на 06.11.2025. За време на средбата тие ги потврдија добрите билатерални односи и ја изразија својата заложба да продолжат со нивно зајакнување.

„Многу сум горд што сум назначен за амбасадор на Швајцарија во вашата земја и убеден сум дека во наредните години ќе се појават нови можности за зајакнување на нашите односи“ – изјави амбасадорот Зомер за време на средбата, се посочува во соопштението од Амбасадата на Швајцарија во земјата.

Тој нагласи дека Швајцарија придава големо значење на здружувањето на силите со Северна Македонија во обликувањето на заедничката иднина, во време кога глобалната заедница се соочува со нова ера на политички и економски превирања, кога Европа е сред бура, долгогодишните меѓународни норми и институции се сè повеќе под притисок, а технолошките промени имаат силно влијание на сите нивоа. Заедно со заложбата за понатамошно продлабочување на политичката, економската, културната и научната размена, новата Програма за соработка 2025-2028, којашто се фокусира на демократското владеење, одржливиот економски развој, и водата и животната средина, останува клучен столб на билатералните односи, во услови кога Швајцарија се подготвува да претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа во 2026 година.

Швајцарија е присутна во Македонија од 1992 година, а дипломатските односи беа формално воспоставени во 1994 година. Швајцарската амбасада во Скопје беше отворена во 2000 година. Врските меѓу двете земји се зајакнати и преку големата заедница со потекло од Северна Македонија што живее во Швајцарија. Амбасадорот Зомер исто така ќе ја надгледува и Швајцарската програма за соработка, којашто се спроведува во тесна соработка со државните институции, граѓанското општество и приватниот сектор. Во текот на изминатите три децении, Швајцарија придонесе со околу 370 милиони швајцарски франци во развојна соработка, што ја прави еден од најважните билатерални партнери на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледи

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

МЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледи

Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето.

Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар.

Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата.

Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно!

Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето.

Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија.

Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал.

Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози.

Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните.

Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе.

Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

И повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор.

Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи.

Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Ова е страшна информација.

Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за:

• Христијан Мицкоски;

• Сашо Клековски;

• Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал.

YouTube video

Прес конференција на Елена Радеска, СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%.

Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм)

Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

РКЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер