Новинарот влегол во амбасадата на С. Арабија, го нема со денови, дали е убиен?

Саудиска Арабија негира дека имала намера да го убие новинарот Џамал Хашоги кој исченал во Истанбул.

Саудискиот министер за внатрешни работи принцот Абдулазис бин Сауд Наиф ги отфрла „лажните информации кои кружат низ јавноста дека новинарот е убиен“.

Министерот во официјална изјава истакна дека „Ријад е приврзан на традицијата на почитување на правилата на меѓународните конвенции“.

Хашоги влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври за да побарал документи за венчавката која доаѓала , пренесе Хина.

Официјални претставници на С.Арабија потоа изјавила дека брзо потоа новинарот го напуштил конзулатот, но турските власти и неговата вереница, која го чекала пред конзулатот тврдат дека новинрот воопшто не излегол од конзулатот.

Турски извор за Ројтерс изјавил дека првите проценки на полицијата се дека Хашоги кој е отворен критичар на властите во Саудиска Арабија е убиен во внатрешноста на конзулатот.Но, Ријад ги отвфла овие обвинувања како невистинити.

Саудискиот министер за внатрешни работи сега се залага за соработка со Турција во заедничката истрага . Кралството сака да го реши случајот со исчезнувањето на новинарот.

Гвардиола за мечот за титулата: Ќе биде тешко, како со Астон Вила пред две години

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очекува многу тежок натпревар против Вест Хем во последното коло од Премиер лигата. 

На „граѓаните“ им е потребна победа на „Етихад“ во недела за да ја обезбедат четвртата титула во низа во домашното првенство.

Сепак, Пеп е подготвен за еднакво тежок меч како што имаше тимот во последното коло против Астон Вила пред две сезони. „Граѓаните“ тогаш заостануваа со два гола разлика до 69. минута, но направија целосен пресврт и на крајот завршија со бод пред Ливерпул.

-Имам чувство дека ќе биде исто како со Астон Вила пред две сезони. Ќе сакаме да бидеме 3:0 до десеттата минута, но тоа нема да се случи. Гледав доволно натпревари на Вест Хем. Имаат неколку оружја што треба да ги контролираме бидејќи во спротивно ќе биде многу тешко. Имавме два дена да се подготвиме и подготвени сме. Јас лично сум подготвен за тежок натпревар. 11-те играчи на Вест Хем ќе сакаат да не победат. Како Астон Вила пред две сезони. Тие не играа за џабе, но знаеме што се случи. Мораме да бидеме подготвени од првата минута и да го направиме тоа заедно со нашите навивачи, истакна Гвардиола на прес-конференција.

Пеп додаде дека сè уште не е сигурно дека Кевин де Бруин ќе биде подготвен за неделната пресметка.

-Ќе видиме денес. Вчера играчите се одморија. Ќе тренираме денеска и ќе видиме, истакна тренерот. /МИА

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна посета на Хеликоптерската единица за посебни намени и Хеликоптерската единица за полициски намени кои функционираат во рамки на Одделот за воздухопловни единици.

Како што соопшти МВР, во рамки на посетата од страна на раководството, министерот бил запознаен со структурата, делокругот на работа, како и специфичните проблеми со кои се соочени како на краток, така и на долгорочен план, а биле презентирани и опремата и хеликоптерите со кои располага Министерството за внатрешни работи.

-Во моментот Одделот е целосно подготвен да одговори на различни предизвици како што се гасење на пожари, спасувачки мисии, превоз на ВИП личности, носење на подвесен товар, како и медицински транспорт. Главен проблем е недостатокот на пилотски и технички кадар кој е многу специфичен и редок на пазарот на труд и што е можно поскоро треба да се преземат сериозни мерки и реформи во насока на надминување на овој проблем со цел да не се доведе во прашање функционирањето и постоењето на оваа многу важна организациска единица, истакнал Тошковски.

Исто така, како што додал министерот, хеликоптерите кои ги поседува МВР се технички застарени и сè потешко станува нивното сервисирање, поради што неминовна е потребата од сериозна набавка на нови хеликоптери со што ќе се направи и унификација на флотата заради поефикасно и поекономично функционирање во иднина, согласно меѓународните стандарди и технолошки дострели кои наоѓаат широка примена во современото полициско постапување.

-Од тие причини потребно е да се направи темелна анализа и да се преземат соодветни стратешки чекори насочени кон долгорочно зајакнување и зголемување на полициските капацитети во овој дел, нагласил министерот Тошковски при денешната посета.

Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите

Основното јавно обвинителство Битола повело постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело насилство. 

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, двајцата сопружници на 15 мај влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие.

-Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството, двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат, информира ЈОРМ.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка.

притисни ентер