3Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
ЗдравјеНови тези: Зошто жените се поподложни на Алцхајмерова болест?Науката одамна знае дека жените се изложени на поголема опасност од развој на Алцхајмерова болест. Кај нив, всушност, има двојно поголема веројатност да добјат вакво нарушување, во однос на мажите.Новите научни сознанија говорат дека научниците, можеби, се на добар пат да го објаснат тоа - посочувајќи две битни разлики меѓу мажите и жените. Како прво, двата пола имаат различни хромозоми. И - второ, жените имаат менопауза - што се јавува кога репродуктивните хормони на жената природно опаѓаат почнувајќи од нејзините 40-ти и 50-ти години од животот. Според Здружението за заштита од Алцхајмерова болест, во САД, еден од тројца возрасни лица умира од Алцхајмеровата болест или друг вид деменција. Речиси две третини од починатите се жени. - Епидемиолошки, гледаме дека за речиси сите невролошки болести, постојат разлики во тоа колку биолошки жени и мажи се засегнати, објасни Ана Бонкоф, истражувач по неврологија на Медицинскиот факултет при Харвард и „Генерал Бригам“ во Масачусетс. - Постои склоност, на пр., кај мултиплекс склероза и мигрена, повеќе жени да бидат засегнати, додека спротивното важи за туморите на мозокот и Паркинсоновата болест. Само врз основа на овие бројки, добивате чувство дека нешто треба да стои зад овие разлики во однос на биологијата, додаде таа. Гледајќи во внатрешноста на телото, додека жените имаат два „Икс“ хромозоми, мажите имаат „Икс“ и „Ипсилон“. Хромозомите се нишки-структури на ДНК коишто носат стотици и илјадници гени. Тоа пак, ги одредуваат физичките одлики на една личност. Разликите меѓу гените што се зачувани во „Икс“ и „Ипсилон“ хромозомите, според објасненијата, може да им дадат на жените зголемена шанса за развој на Алцхајмерова болест. Неодамнешните истражувања покажаа дека гените на „Икс“ хромозомот се поврзани со Алцхајмеровата болест, но и дека жените со оваа состојба живеат подолго од мажите со болеста поради нивниот втор „Икс“ хромозом. - Многу гени за имунолошкиот систем и регулирањето на структурата на мозокот се наоѓаат на „Икс“ хромозомот, па затоа количините се разликуваат до одреден степен кај мажите и жените. Се чини, тоа има свое влијание, додаде Бонкоф. Различните доминантни хормони кај жените - како што е естрогенот, кој делува на мозокот, исто така би можеле да имаат улога. - Менопаузата е дел од сложувалката - веројатно еден од поголемите. Не велам дека е единствена- стареењето е релевантно само по себе и има многу интересни истражувања коишто го испитуваат тоа што стареењето му прави на имунолошкиот систем, што се чини дека има импликации за когнитивните промени, рече Бонкхоф. За време на менопаузата, кога јајниците престануваат да произведуваат естроген и прогестерон, некои жени посегнуваат кон хормонска терапија. Практиката нуди олеснување за симптомите на пониски нивоа на хормони во менопаузата, како што се топли бранови. Но, кај некои жени може да го зголеми ризикот од несакани состојби - срцев и мозочен удар, рак на дојка, згрутчување на крвта и заболувања на жолчното ќесе, според Центрите за контрола и превенција на болести во САД. Таа терапија за ублажување на менопаузата покажала еден од знаците на Алцхајмеровата болест, и според Рејчел Бакли, вонредна професорка по неврологија на Харвард. - Акумулацијата на протеинот „тау“ е белег на Алцхајмеровата болест. Тие, исто така, претрпеле поголем когнитивен пад. Работиме со многу секундарни податоци што веќе постојат, и тоа е одлично, но постојат ограничувања во тоа што може да направиме со нив. Се обидуваме да видиме дали можеме да поставиме нов дизајн на истрасжувањето, каде што навистина ќе може да го разгледаме времето на менопаузата, што се менува во крвта, што се менува во мозокот, што се менува во когницијата и како тоа може да биде поврзано со опасностите во подоцнежниот дел од животот, рече Бакли. Новите научни наоди се објавени во списанието „Сајенс адвансес“ (Science Advances). Но, во написот, Бакли вели оти се потребни и натамошни научни истражувања за сѐ тоа да се разјасни поподробно. Тагови: Алцхајмерова болест Нови тези Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГерманците никогаш не биле понезадоволни од својот канцелар, Мерц со рекордно ниска доверба Поддршката за германскиот канцелар Фридрих Мерц падна на најниско ниво досега. Дури 88 проценти од граѓаните се незадоволни од неговата работа, според најновото истражување на агенцијата Форса. Анкетата, спроведена од Форса за телевизиите RTL и ntv, открива дека само 11 проценти од испитаниците се задоволни од работата на лидерот на конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU). Незадоволството со тоа се зголеми за два процентни поени во споредба со претходната недела. Ова е најниската оценка забележана за германски канцелар во историјата на овие мерења. Ова го надмина претходниот негативен рекорд од 23 проценти, кој во 2024 година го постави претходникот на Мерц, Олаф Шолц. Незадоволство се забележува и во рамките на неговиот конзервативен блок CDU/CSU, каде што 60 проценти од поддржувачите се незадоволни од работата на канцеларот, додека 39 проценти го поддржуваат. Меѓу гласачите на коалицискиот партнер, Социјалдемократската партија (SPD), незадоволството е уште поизразено. 86 проценти од нив се незадоволни, а само 13 проценти се задоволни. AfD сè уште е водечка партија Во исто време, рејтингот на партиите остана непроменет. Десничарската Алтернатива за Германија (AfD) сè уште води со 26 проценти поддршка, пет процентни поени пред блокот CDU/CSU, кој има 21 процент. Зелените следат со 16 проценти, SPD со 13 проценти и Левицата со 11 проценти. Либералната FDP, со четири проценти поддршка, останува под изборниот праг од пет проценти за влез во парламентот.Тагови: канцелар Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмбасадорот Хакаби: Израел би можело да продолжи да добива годишно по 3,8 милијарди долари од САД Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, изрази сомнеж дека Вашингтон ќе ја прекине годишната воена помош за Израел од 3,8 милијарди долари до крајот на оваа година, како што објави претседателот Доналд Трамп на 3 ноември, објави Ројтерс.Во претходно снимено интервју емитувано денес на конференција за односите меѓу САД и Израел во Тел Авив, Хакаби рече дека долгорочниот договор за воена помош ќе трае уште две години, што го прави неизвесно дали финансирањето може нагло да се намали пред крајот на годината. Тој рече дека средствата се одобрени од Конгресот и изрази сомнеж дека тие можат да се намалат без согласност на законодавното тело. На 3 ноември, додека гласачите се упатуваа кон гласачките места за Конгресот, Трамп рече дека постигнал договор со идните израелски премиер Бенјамин Нетанјаху неколку месеци претходно за прекин на финансирањето од САД, тврдејќи дека на Израел повеќе не му е потребна помошта. Според долгорочниот договор, познат како Меморандум за разбирање, Соединетите Држави планираа да му обезбедат на Израел 3,8 милијарди долари годишно до 2028 година за купување воена опрема произведена во САД. Трамп не даде детали за тоа како ќе се намали финансирањето. Хакаби рече дека американските и израелските претставници работеле на нов меморандум со месеци, но не прецизираше дали разговорите се обновени по објавата на Трамп. Јавната поддршка за Израел во Соединетите Американски Држави се намали, особено меѓу демократите, но и меѓу републиканците, делумно поради начинот на кој Израел ја водеше војната во Газа и непопуларната војна против Иран што Трамп и Нетанјаху ја започнаа оваа година. Нетанјаху, кој го загуби парламентарното мнозинство на изборите на 27 октомври, но останува премиер во технички капацитет, претходно јавно зборуваше за постепено укинување на воената помош на САД. Аналитичарите велат дека тој се обидувал да ги спречи растечките критики кон Израел во Соединетите Американски Држави. Хакаби изрази надеж дека нема да има „драматично, тектонско нарушување“ во односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека нивното партнерство им користи и на граѓаните на Соединетите Американски Држави и на Израел.Тагови: Израел САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПринцот Вилијам донесе шокантна одлука: Принцезата Шарлот да се откаже од кралската титулаПринцот Вилијам наводно планира да им дозволи на своите деца, принцезата Шарлот и принцот Луис, кога ќе пораснат, да одлучат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули или да се откажат од нив.Принцот Вилијам наводно планира да им дозволи на своите деца, принцезата Шарлот и принцот Луис, кога ќе пораснат, да одлучат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули или да се откажат од нив и да изберат животен пат што не е поврзан со кралските должности. Според британскиот „Дејли меил“, наследникот на британскиот престол сака да им даде на своите помлади деца слобода сами да одлучат што ќе прават и каков живот сакаат да водат. Според овој медиум, Шарлот, која има 11 години, и нејзиниот осумгодишен брат Луис наводно би можеле да се откажат од своите титули принц и принцеза, како и од титулите „Негово“ и „Нејзино Кралско Височество“ (НВВ) кога ќе пораснат. Таквата одлука би им отворила можност да изберат кариери и животи надвор од традиционалните очекувања што ги придружуваат членовите на кралското семејство. Особено внимание привлече тврдењата на изворите дека Шарлот веќе покажува интерес за уметноста и дека во иднина би сакала да се занимава со пеење или глума. „Таа е родена за сцената. Таа е прекрасна актерка и пејачка и токму тоа сака да биде кога ќе порасне“, рекол изворот, според „Дејли меил“. Истиот медиум, исто така, објавува дека принцезата би можела да биде заинтересирана да посетува интернат познат по образованието во сценските уметности. Сепак, овие тврдења засега не се официјално потврдени. За потсетување, кралските обожаватели веќе имаа можност да ја видат музичката страна на Шарлот. Принцезата, заедно со нејзината мајка, принцезата од Велс, свиреа на пијано на отворањето на божиќната служба „Заедно за Божиќ“. Нивниот заеднички настап потоа привлече големо внимание од јавноста. Принцот Џорџ има поинаква иднина Додека Шарлот и Луис, според медиумските извештаи, би можеле да изберат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули, иднината на нивниот постар брат, принцот Џорџ, веќе е одредена од неговата позиција во редот на наследување. Џорџ, кој има 13 години, е втор во редот за британскиот престол, веднаш зад својот татко, и се очекува еден ден да стане крал. Шарлот, од друга страна, има уште една традиционална улога поврзана со неа. Според кралскиот обичај, се очекува еден ден да ја наследи титулата Принцеза Ројал, која моментално ја држи принцезата Ана. Оваа титула ја доделува монархот, а Шарлот може да ја добие само кога нејзиниот татко ќе стане крал. Претставници на принцот и принцезата од Велс се контактирани во врска со овие обвинувања, но тие не сакаа да коментираат за нив, објавува „News24“. Затоа, во моментов нема официјална потврда дека Вилијам навистина планира да им понуди на своите деца можност да се откажат од своите титули. Кејт Мидлтон подготвува личен документарец за нејзиното искуство со ракот Во меѓувреме, принцезата од Велс најави нов документарец кој ќе се занимава со нејзиното лично искуство со дијагнозата и закрепнувањето од рак. Се очекува проектот, наречен „Исцели“, да го истражи животот по дијагнозата, како и начините на кои луѓето наоѓаат утеха, сила и надеж додека се справуваат со сериозна болест. Како што е наведено во соопштението, документарецот има за цел да им помогне на луѓето да се справат со нивната дијагноза, третман и живот по ракот, со посебен фокус на холистички пристап кон грижата, благосостојбата и квалитетот на животот. Средствата собрани од овој проект ќе бидат доделени на хуманитарната организација „Ројал Марсден“, која ја поддржува работата на истоимената онколошка институција. Документарниот филм, на тој начин, покрај личната приказна на принцезата од Велс, ќе има и хуманитарна цел.Тагови: Принцот Вилијам принцезата Шарлот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter