Нови шест стипендисти на ЕВН, ЕСМ и МЕПСО

Шест студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје, од денеска се нови стипендисти на најголемите електро-енергетски компании во земјава – АД ЕСМ, ЕВН Македонија АД Скопје и АД МЕПСО.

Стипендиите за студентите на ФЕИТ се доделуваат осум години и досега, поддршка добиле околу стотина стипендисти.

Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски на денешното доделување на стипендиите, изрази огромно задоволство од неколкугодишната соработка и поддршка за студентите на Факултетот.

– Како декан на ФЕИТ, сум задоволен од неколкугодишната соработка и поддршка од електро-енергетските компании за нашите студенти. Доделувањето стипендии стана традиција и нашите студенти – стипендисти добиваат одлична поддршка со обезбедување средства за нивна едукација, можност за практична работа и за нивно вработување во овие компании. Преку нашите студенти и ние сме во контакт со овие компании и постојано ја преиспитуваме нашата образовна политика и ја прилагодуваме на потребите на стопанството, порача Ташковски.

Традицијата за доделување стипендии за студентите на ФЕИТ ја потенцираше и Васко Ковачевски, ​генерален директор на АД ЕСМ.

– АД ЕСМ има традиција на помагање во повеќе општествени области, а образованието е една од областите кои нашата компанија со особено задоволство ги поддржува. Причината е што образованието е столбот на градењето на едно општество. Вложувањето во кадри, особено од електротехниката и информациските технологии кои се се побарани во светот и кај нас, е гарант дека нашата економија ќе се развива во вистински правец и ќе има стручни лица кои во иднина ќе го понесат товарот на развојот кон модерни техничко-технолошки текови. Од тие причини, АД ЕСМ ќе продолжи да го поддржува образовниот процес кој се одвива на ФЕИТ и кој продуцира носечки кадри за развој на нашата економија, рече Ковачевски.

Генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева посочи дека компанијата веќе осма година учествува во стипендирање студенти на ФЕИТ.

– Процесот на стипендирање студенти го практикуваме од 2012 година. И денеска, осма година по ред, со финансиска поддршка при едукација на квалитетните кадри, праќаме директна порака до сите студенти дека ги следиме нивните резултати и ја цениме нивната работа и трудот што го вложуваат во образовниот процес. Неколкумина од досегашните стипендисти веќе се дел од колективот на МЕПСО и тоа треба да биде стимул за сите студенти. Интензивната соработка со ФЕИТ на повеќе полиња е потврда дека вратите на нашата компанија се отворени за соработка со научно-образовните установи. На новите стипендисти сакам да им посакам многу успех и да истакнам, работете и надградувајте се вредно и систематски. Ние знаеме да ги цениме и валоризираме вашите резултати, рече Шуклева.

За Сашо Стојкоски, член на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, креирањето млади стручни кадри е стратегиска цел на компанијата.

– Една од стратегиските цели на ЕВН е креирање на млади стручни кадри кои во иднина ќе бидат главната движечка сила во новите процеси во енергетиката. Нашата поддршка на студентите на ФЕИТ се движи во три правци: доделување стипендии, овозможување практична работа и можност за вработување. Од 2010 година досега, стипендија од ЕВН добиле над 40 студенти, речиси половина од нив работат во ЕВН, а некои од нив веќе се дел и од раководните позиции во компанијата. Со иновативни проекти и платформи, ЕВН влијае врз промените во образовниот систем во земјава со што се овозможува подигнување на квалитетот и создавање кадри потребни на пазарот на трудот. Сето ова значи дека и во иднина, студентите по електротехнички науки ќе ја имаат поддршката на ЕВН, потенцира Стојкоски. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер