Нови простории за богатиот книжен фонд на библиотеката во Охрид

Богатиот книжен фонд на Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид добива нови простории, кои денеска на оваа национална установа и ги предаде министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа истакна дека со новите простории покрај решениот проблем за сместување на книгите, ќе се подобрат и условите за севкупното работење на установатa.

- Во новиот двокатен простор од 200 метри квадратни ќе биде сместен целиот книжен фонд на библиотеката. На долниот кат ќе се наоѓа детско одделение, со пулт за информации, читална за деца и санитарен јазол. На горниот кат ќе биде сместен книжниот фонд за возрасни читатели, со пулт за информации, две канцлеариски простории за потребите на вработените, а предвидена е и современа читалница наменета за возрасни, каде на сите граѓани ќе им бидат достапни сите дела од богатиот фонд на библиотеката, рече Канческа-Милевска.

Министерката информираше дека старите простории во кои досега се наоѓаше библиотечниот фонд се планира да бидат пренаменети во сала за симпозиуми, постојната читалница да се преуреди во читалница за студенти и во еден дел во интернет-читалница. Плановите се во согласност со проектот за кој Министерството издови и средства.

Библиотеката „Григор Прличев“ има богат книжен фонд од над 150 илјади наслови, меѓу кои исклучително ретки книги каков што е и примерокот на „Прохорпчинското евангелие“ од 14 век.

- Поради потребата од нејзина конзервација, книгата се наоѓа во Универзитетската библиотека во Скопје, се реставрира, така што до крајот на оваа година, по завршувањето на нејзината конзервација, ќе биде вратена во Охрид, рече ресорната министерка.

За време на работната посета на Охрид таа ги предаде во употреба и новите панорамски телескопи поставени на ѕидините на Самоиловата тврдина, какви што веќе има на повеќе туристички локации низ земјата.

Заедно со канидидатот за градоначалник на Охрид Никола Бакрачески, Канческа-Милевска го посети и локалитетот „Плаошник“ и изрази задоволтво од динамиката на градежните активности на големиот проект за реконструкција на Светиклиментовиот универзитет. Според договорот со новиот изведувач, предвидено е за 28 месеци да биде завршен поголемиот дел од градежниот зафат.

Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

притисни ентер