Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
1Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
2Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
СветНови правила во Шпанија: Татковците добиваат породилно отсуство заедно со мајката Шпанската влада објави дека родителското отсуство ќе биде продолжено за една недела.И мајките и татковците ќе имаат право на вкупно 17 недели платено отсуство по раѓањето на детето. Ова ја става Шпанија меѓу земјите со најдарежливи системи за родителски бенефиции во Европа, пишува Ројтерс. Заедно со Финска, таа е единствената членка на Европската унија што ги става двајцата родители во еднаква положба, со целосно платено отсуство, што се смета за важен чекор кон родовата еднаквост. „Шпанија го тргна патот на феминизмот и еднаквоста и нема враќање од тој пат. Четириесет проценти од мажите сега користат родителско отсуство, а ова е успех на феминистичката политика“, рече министерката за труд Јоланда Дијаз. Дополнителни две недели Покрај основното отсуство, родителите ќе имаат право на дополнителни две недели платено отсуство, кое можат да го користат во секое време додека детето не наполни осум години. Оваа мерка е сепак поскромна од изборното ветување на владејачката партија во 2023 година, кога планираа 20 недели. Предлог-законот сè уште треба да биде одобрен од парламентот. Владата на премиерот Педро Санчез зависи од поддршката на другите партии, а крајно левичарските Подемос бараат уште подолго отсуство. Дијаз, сепак, тврди дека реакциите на парламентарните групи се претежно позитивни. Некои земји, како што се Хрватска, Ирска и Бугарија, нудат подолго породилно отсуство на мајките. Но, Шпанија е предводник во однос на дарежливите права на татковците, што го поттикнува нивното поактивно вклучување во грижата за децата уште од рана возраст.Тагови: Шпанија татковци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР -Варот ги фрли Хрватите во очај!Фудбалерите на Португалија ја победија Хрватска со резултат 2:1 во супернеизвесн натпревар од шеснаесетфиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Португалците направија пресврт во Торонто, а херој на мечот е напаѓачот на ПСЖ, Гонсало Рамос, кој го постигна победничкиот гол во четвртата минута од судиското надополнување. Дуелот во Торонто имаше две сосем спортивни полувремиња, досадно прво и супер интересно и неизвесно второ полувреме, а посебно се издвои надополнувањето на времето кое траеше дури 20 минути. Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53. минута, а Кристијано Роналдо го врати својот тим во игра со гол од пенал во 68. минута. Натпреварот потоа мирисаше на продолжение, но Рамош не мислеше така. Леао центрираше во четвртата минута од судиското продолжение, а Рамош со глава покрај двајца Хрвати го матираше Ливаковиќ. Клуминацијата на драмата се случи во 13-тата минута од судиското продолжение, кога ВАР го поништи голот на Хрватска поради офсајдот на Пашалиќ. ВАР исто така мораше да реагира, за да утврди дали Матановиќ ја допрел топката пред тоа, Хрватска лута на технологијата си заминува дома. Во осминафиналето, на 6 јули, Португалија ќе се соочи со Шпанија во пиринејското дерби.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилноСпоред Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Макеоднија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струјаБез електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Илинден и Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци во општина Илинден, а во периодот од 09:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улицата Ѓуро Салај и улиците Алекса Демниевски, улица 19, Даутица како и објектот на основното училиште во општина Ѓорче Петров. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter