Во оваа држава татковците имаат право на породилна пензија, но мора да ги испочитуваат два услови - Канал 5

Во оваа држава татковците имаат право на породилна пензија, но мора да ги испочитуваат два услови

Во Германија, право на породилна пензија имаат и татковците, но постојат неколку клучни чекори што треба да се преземат.

Во оваа држава татковците имаат право на породилна пензија, но мора да ги испочитуваат два услови

Породилната пензија е додаток на пензијата како признание за одгледување деца. Германската влада планира да ја прошири – позната како „Породилна пензија 3“ – која не треба да стапи на сила пред 2027 година. Овие промени би можеле повеќе да користат на одредени групи родители.

Како татковците можат да побараат породилна пензија?

Постојат два начина на кои татковците можат да ја побараат оваа надомест:

Опција 1: Веќе во првите месеци од животот на детето, родителите можат да одлучат кој од нив ќе го искористи времето за одгледување дете („Kindererziehungszeiten“). Во пракса, тоа значи дека родителот кој ќе има најголема корист за својата иднина пензија може да ги преземе тие години, пишува Феникс магазин.

Опција 2: За време на пресметката на пензијата, може да се договори кој родител ќе биде признат за периодот на одгледување дете. Сепак, во овој случај, татковците можат да го остварат правото само ако тие биле тие што се грижеле за детето.

Потребна документација и ограничувања

Германското пензиско осигурување („Deutsche Rentenversicherung“) нуди образец што може бесплатно да се преземе од интернет и мора да биде потпишан од двајцата родители.

Со овој документ, родителите службено одредуваат кој ќе го добие периодот на одгледување дете за одреден временски период. Доколку се утврди дека таткото има право на ова за одреден период, тоа се признава без оглед на неговото вистинско учество во грижата.

Важно е да се знае

Изјавата важи само за иднината, а ретроактивно само за најмногу последните два месеца. Родителите не мора веднаш да се одлучат за целиот период – прво можат да го поделат воспитувањето, на пример, 12 месеци, па потоа да донесат нова одлука. Откако ќе биде потпишана, изјавата е обврзувачка за родителите.

(Bizportal)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер