Нови пинг понг шампиони до 19 и 15 години - Канал 5

Нови пинг понг шампиони до 19 и 15 години

На 2-ри и 3-ти Мај во Битола се одржаа Државните првенства во категориите до 19 и 15 години. Кај девојките Софија Хасану ја освои титулата, додека во категоријата до 15 години најуспешна беше Бојана Јовевска.

Нови пинг понг шампиони до 19 и 15 години

Кај машките, Лука Стојчев стигна до највисокото место на подиумот, а Мартин Ристески со најдобар резултат кај помладите.

Целосните резултатите во продолжение:

У15

машки поединечно:

1. Мартин Ристески - ППК Полиоспорт

2. Јован Пармачки - ППК Зегин Берово

3. Стефан Тодоровски - ППК Патриоти

3. Кристијан Митев - ППК Пелагонија

женски поединечно:

1. Бојана Јовевска - ППК Зегин Берово

2. Калина Митева - ППК Пелагонија

3. Ана Смолиќ - ППК Рисови

3. Натали Бејковска - ППК Пелагонија

машки двојки:

1. М. Ристески - Ј. Пармачки

2. К. Митев - А. Бејковски

3. Ф. Цековски - Т. Маркоски

3. Д. Мемиќ - С. Тодоровски

женски двојки:

1. Б. Јовевска - А. Смолиќ

2. Н. Бејковска - К. Митева

3. А. Гаралоска - И. Трајковски

3. Б. Печинска - М. Стефановска

мешани двојки:

1. Ј. Пармачки - Б. Јовевска

2. К. Митев - К. Митева

3. А. Бејковски - Н. Бејковска

3. М. Ристески - И. Трајковски

У19

машки поединечно:

1. Лука Стојчев - ППК Астраион

2. Александра Јакимовски - ППК Крива Паланка

3. Андреј Стојановски - ППК 10 60 АС Ѓорче Петров

3. Јаков Јакимовски - ППК Куманово

женски поединечно:

1. Софија Хасану - ППК Младост 96

2. Моника Стајковска

3. Сара А. Стојановска - ППК Крива Паланка

3. Фани Јованоска - ППК Младост 96

машки двојки:

1. Л. Стојчев - К. Каламадевски

2. Ј. Јакимовски - Ј. Кузмановски

3. Д. Јоноски - М. Ристески

3. А. Стојановски - Д. Китановски

женски двојки:

1. С.А.Стојановска - Б. Јовевска

2. С. Хасану - Ф. Јованоска

3. М. Стајковска - И. Трајковски

3. Б. Печинска - М. Стефановска

мешани двојки:

1. Д. Јоноски - С. Хасану

2. Ј. Јакимовски - М. Стајковска

3. К. Каламадевски - Б. Јовевска

3. М. Ристески - Ф. Јованоска

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер