„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
2„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаНови научни сознанија за прстените на СатурнНашиот Сончев Систем и неговите планети настанале пред 4,6 милијарди години, а меѓу другото, научниците долго дебатираат и за староста и потеклото на прстените на Сатурн.Нови податоци и сознанија собрани со помош на вселенското летало „Касини“ на НАСА, кое обиколуваше околу Сатурн од 2004 до 2017 година, даваат нови погледи за тоа колку долго биле присутни прстените околу оваа „надворешна планета“ и кога тие би можеле да исчезнат. Нашиот Сончев Систем и неговите планети настанале пред 4,6 милијарди години, а меѓу другото, научниците долго дебатираат и за староста и потеклото на прстените на Сатурн. Некои астрономи веруваат дека светлите ледени прстени се релативно многу „понови“. Анализата на податоците води до нови откритија и ја поддржуваат теоријата дека прстените се појавуваат долго по првичното обликување на Сатурн, објави списанието „Икарус“. - Нашата претпоставка е дека прстените на Сатурн мора да се релативно млади, според астрономските стандарди, т.е. стари само неколку стотици милиони години. Ако го погледнете сателитскиот систем на Сатурн, има и други навестувања дека таму се случило нешто драматично последниве стотици милиони години. Прстените на Сатурн не се стари колку планетата, туку се случило нешто за да се создаде нивната неверојатна структура и тоа е многу интересно да се истражи, изјави професорот по Астрономија, Ричард Дурисен. Тоа би значело дека прстените се формирале и додека диносаурусите сѐ уште талкале по Земјата. Сатурновите прстени се состојат главно од мраз, а само мал удел има тн. карпеста прашина од делови од астероиди и микрометеороиди. Сѐ тоа „лебди“, т.е. орбитира околу гасовитата планета. Вселенскиот телескоп „Хабл“ на НАСА го набљудува Сатурн одреден временски период секоја година како дел од програмата „Наследство на атмосферата на надворешната планета“ (ОПАЛ), па овој гасовит џин секогаш открива нешто ново. Тие сознанија, дополнети со наодите на „Касини“, посочуваат дека на прстените не им останува многу време според астрономските стандарди. Научните проценки говорат дека тие ќе постојат најмногу неколку стотици милиони години. Можно е и сега темните прстени околу Нептун и Уран некогаш да биле поголеми и посветли, слични на прстените на Сатурн денес. Научниците сѐ уште не се сигурни што ги создало прстените на Сатурн. Меѓу претпоставките е и тоа дека гравитациска нестабилност уништила некои од ледените месечини што кружат околу планетата, создавајќи доволно материја за да се распореди во прстените какви што ги знаеме. Идните вселенски мисии ќе ги истражуваат и природните сателити на Сатурн, па тоа би можело да понуди повеќе сознанија за настанувањето на прстените, но и други откритија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
АвтомобилизамДачија: Фабриката во Романија е во опасност, иднината е неизвеснаДачија ќе го намали производството за двоцифрен процент во 2026 година, додека околу 1.700 вработени веќе ја напуштиле компанијата во изминатата година, предупреди извршниот директор Михаи Бордеану.Во разговор за романските медиуми, тој рече дека верува оти фабриката во Миовени станува помалку конкурентна, првенствено поради високите цени на енергијата, но и поради зголемувањето на трошоците за работна сила. Бордеану предупреди дека групацијата Рено затоа би можела да префрли дел од своето производство во други земји, вклучувајќи ги Шпанија, Мароко и Турција, каде што веќе постојат производствени капацитети. „Стануваме помалку конкурентни“, рече Бордеану, додавајќи дека романската влада мора да преземе мерки во областите на цените на енергијата, даноците и деловната политика. Според него, платите во Миовени не можат да растат бесконечно и постојано да ја надминуваат инфлацијата, бидејќи тоа дополнително ја проширува разликата во трошоците во споредба со другите фабрики на групацијата Рено. Сè уште нема одлука за целосно повлекување на производството од Романија, но пораката од директорот на Дачија јасно покажува дека конкурентноста на фабриката станува сериозен проблем. Извор: Б92Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишено лице во Радовиш, при претрес пронајдена марихуанаПо целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера (11.09.2026) во 19:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Х.А.(28) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 216 од Кривичниот законик. Врз основа на наредба од Основниот суд Радовиш, извршен е претрес во домот и други простории што ги користи лицето во Радовиш, при што била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“Наскоро ќе можете да го видите статусот на батеријата на сите поврзани уреди директно на заклучениот екран и на таблата со виџети (Widgets Board).Се чини дека „Microsoft“ работи на нов, корисен виџет за „Windows 11“ кој ќе го прикажува статусот на батеријата на вашиот уред, како и на сите безжични периферни уреди поврзани со вашиот компјутер. Спомнувања за овој виџет првпат беа забележани на „Discord“, во најновите пробни верзии (preview builds) на „Windows 11“, иако сè уште не изгледа дека е целосно функционален. Новиот виџет за батерија ќе биде достапен на таблата со виџети во „Windows 11“, а ќе може да се постави и на самиот заклучен екран. Иако сè уште не е во функција, кодот и графичките елементи се веќе присутни во најновите верзии на системот, откривајќи како ќе функционира виџетот и како всушност ќе изгледа. Виџетот поддржува и светли и темни режими на приказ и ќе ги прикажува уредите во вертикална листа, почнувајќи со батеријата на вашиот компјутер на самиот врв. Секој уред ќе има соодветна икона, заедно со неговото име и процентот на наполнетост на батеријата. Дополнително, виџетот ќе покажува кога уредот се полни и дали е вклучен или исклучен режимот за заштеда на енергија. Looks like Windows 11 is getting its own battery status widget soon, which will show an overview of batter levels across all your connected devices. Pretty neat! https://t.co/EceNiSU3yj pic.twitter.com/loyFi5iK7G — Zac Bowden (@zacbowden) September 7, 2026 Се разбира, другите платформи со години имаат некаква форма на виџет за батерија. И „Android“ и „iOS“ имаат виџети што го прикажуваат нивото на батеријата за поврзаните додатоци, а „Windows 11“ сега го надополнува тој јаз со воведување на истата функционалност. Новиот виџет за батерија ќе биде добредојдено дополнување на таблата со виџети – функција која многумина ја сметаа за главно бескорисна уште од нејзиното воведување во 2021 година. Иако некои апликации ја искористија, повеќето од нив не го сторија тоа. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00