Нови експлозии одекнуваат во Дубаи, Доха и Абу Даби- одмаздата на Иран продолжува (ВИДЕО) - Канал 5

Нови експлозии одекнуваат во Дубаи, Доха и Абу Даби- одмаздата на Иран продолжува (ВИДЕО)

Експлозии се слушнаа низ Доха, Дубаи и Абу Даби вечерва, додека нападите на Иран врз неговите соседи од Персискиот Залив како одговор на нападите на САД и Израел се приближуваа кон крајот на четвртиот ден. 

Нови експлозии одекнуваат во Дубаи, Доха и Абу Даби- одмаздата на Иран продолжува (ВИДЕО)

Сирени се огласија низ поголемите градови во Обединетите Арапски Емирати и Катар откако жителите пријавија дека слушнале гласни истрели. Властите во Дубаи соопштија дека експлозиите што одекнуваа низ целиот град биле предизвикани од „операции за пресретнување“ од страна на силите за воздушна одбрана, објави Дејли Меил.

„Соодветните тимови на Дубаи продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата и преземаат сите потребни мерки за да се обезбеди јавната безбедност“, се вели во соопштението во вторник. Катар и Обединетите Арапски Емирати беа погодени од ирански ракети во повеќе наврати по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во саботата. Илјадници Британци и други туристи остануваат заглавени на Блискиот Исток, додека локалното население и туристите се борат да најдат безбедност подалеку од местата погодени од иранските ракети.

Многумина зборуваа за „страшната искушение“ додека Иран започна одмазднички напади врз туристички и емигрантски дестинации.

Првиот британски лет за евакуација од ОАЕ слета на аеродромот Хитроу во понеделник вечерта, а патниците беа видени како ги прегрнуваат најблиските во салите за пристигнувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите.

На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. 

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

-Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување.

Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес.

-Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска.

Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Осумнаесет нови возила, донација од ЕУ, беа промовирани денеска, а кои се за потребите на државниот инспекторат за транспорт.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија, посочувајќи дека сега вработените ќе може да ги има на секоја точка од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер