3770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во Македонија
„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
БалканНови детали за ученикот сторител на масакрот во Белград, Коста бил ученик со бројни награди Српските медиуми откриваат нови детали за ученикот кој со два пиштола уби осум ученици и чувар на училиште во населбата Врачар во Белград. Седмооделенецот Коста К која има 14 години утринава околу осум часот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и со пиштол пукал и ги убил чуварот и осум соученици. Како што дознава informer.rs, Коста одел на натпревари по математика и биологија и добил бројни награди и пофалби. Важел за еден од најталентираните ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ каде го изврши масакрот. Неговите школски другари за него велат дека секогаш бил мирен и повлечен и дека никогаш не правел проблеми, туку се истакнувал по примерното однесување. Инаку Коста утринава пукал со два пиштоли, кој најверојатно биле на неговиот татко, која според српските медиуми е познат радиолог, и испукал пет рамки при извршување на маскрот, во неговиот ранец биле пронајдени пет шишиња молотови коктели. По масакрот тој мирно тргнал од училиште, а набрзо полицијата ги блокирала сите околни улици и го уапсила Коста. -Беше разоружан и додека инспекторот му врзуваше лисици, го праша зошто ги убил децата. На тоа Коста му рекол: Јас сум психопат! – изјавил извор од истрагата, за српските медиуми. Се уште не е познат мотивот за ова злосторство. Српското МВР соопшти дека во „ страотната трагедија во ОУ Владислав Рибникар во Белград загинати се девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, ранети се седум лица, од кои шест деца и еден учител“, јави дописникот на МИА од Белград. Повредените деца и учителката се згрижени во Урегентниот центар во Белград. Од Српската влада највија дека во 13.15 минути ќе се одржи вонредна конференција за медиумите за немилите настани во ОУ Владислав Рибникар. -Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околностите што довеле до оваа трагедија, се наведува во соопштението на МВР. Пукањето се случило во 8 часот и 40 минути кога седмоодделенец Коста К. отворил оган врз обезбедувањето и учениците. Сето тоа траеше 5 минути. Како што пишува Нова.рс, осомничениот ученик по пукотањето побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила, за кој велат дека испукал неколку истрели, најверојатно од пиштолот на неговиот татко. Момчето го застрелало поранешниот учител со пиштолот на татко му, го убил чуварот, а точниот број на ранети се уште не се знае. Таткото на девојчето кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал. -Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор, изјави овој татко за Н1, додавајќи дека тогаш имале час по историја. Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград биле известени дека утринава во 8 часот и 40 минути дошло до пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште. Лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо 30 години, нов Кривичен законикМинистерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење.Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди. Новиот Кривичен законик се подготвува по три децении, а заедно со новиот Закон за кривичната постапка треба да обезбеди поефикасна борба против криминалот и корупцијата, поправични судски постапки, подобра заштита на жртвите и поголема правна сигурност за граѓаните. Суштината на реформата не е само во донесувањето нови закони, туку во нивната примена и резултатите што треба да ги почувствуваат граѓаните. Целта е да се создаде законска рамка што ќе овозможи ефикасни истраги, правични судски постапки, еднаква примена на законот и одговорност без исклучоци. Подготовката на новиот Кривичен законик започна во 2019 година, а работната група предводена од академик Владо Камбовски во периодот од 2020 до 2026 година спроведе широки консултации со претставници на правосудството, академската заедница, надлежните институции и граѓанските организации. Во предложениот текст се вградени 33 релевантни директиви на Европската Унија, а во текот на консултациите беа разгледани повеќе од 50 мислења и предлози. Паралелно се работеше и на новиот Закон за кривичната постапка. Експертската работна група предводена од проф. д-р Гордана Лажетиќ, составена од 25 членови, ја заврши подготовката на текстот во октомври 2026 година. Предлогот предвидува усогласување со 25 релевантни европски директиви и стандарди. Меѓу клучните решенија се унапредувањето на конфискацијата, финансиските истраги, електронските докази, посебните истражни мерки, заштитата на жртвите, како и можностите за одржување рочишта и изведување докази на далечина. Во подготовката на двата законски текста значајна поддршка обезбедија меѓународните партнери, особено Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Со доставувањето на предлозите до Европската комисија, Министерството за правда продолжува со исполнувањето на обврските од Реформската агенда и усогласувањето на домашното законодавство со европското право. Реформата на казненото законодавство треба да донесе конкретни промени во функционирањето на правосудниот систем. Нејзината вистинска вредност ќе се покаже во поефикасните истраги, поправичните судски постапки, посилната заштита на правата и поголемата правна сигурност за секој граѓанин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЗаврши 26. Скопје филм фестивал!Под динамично ново раководство, Фестивалски совет и тим од домашни и меѓународни професионалци, возобновениот Скопје Филм Фестивал ги додели своите награди. Спојувајќи ја својата воспоставена регионална традиција со свежа креативна енергија, СФФ ја потврди својата позиција како клучна културна платформа за независен филм и меѓународна размена. Фестивалот има стратешка улога во обликувањето на регионалната филмска индустрија и во унапредувањето на културната агенда за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“. Преку негување на филмската писменост, поддршка на авторскиот филм и отворање динамичен простор за меѓународен дијалог, СФФ директно го збогатува уметничкиот пејзаж на главниот град. Под раководство на директорот на фестивалот Томи Салковски и кураторот Николај Никитин, 26-тото издание претставува извонреден организациски подвиг, подготвен и реализиран за само неколку месеци. Брзото формирање на меѓународна натпреварувачка програма, доаѓањето на странски делегации и одржувањето на мастерклас-сесии ја потврдуваат посветеноста која ја движи новата ера на фестивалот. За долгорочно стратешко насочување и зајакнување на глобалните партнерства, фестивалот воведе нов Меѓународен фестивалски совет составен од истакнати европски и светски филмски професионалци: Томи Салковски, Николај Никитин, Благоја Куновски, Мирослав Могоровиќ и Филип Бергсон. Натпреварувачката програма ја оценуваше стручно меѓународно жири составено од водечки имиња од филмската индустрија: Стив Абот (продуцент, ОК), Даниела Вебер (селекторка и фестивалска консултантка, Германија), Павле Вучковиќ (режисер и сценарист, Србија), Лабина Митевска (актерка и продуцентка, Северна Македонија) и Даријан Пејовски (режисер и сценарист, Северна Македонија). Оваа година беше востановена наградата „Златна Скополија“ за извонреден придонес кон светската кинематографија, престижно ново признание наменето за истакнати автори чии смели уметнички визии оставиле траен белег во филмската уметност. Именувана по реткото ботаничко наследство, автохтоно за овој регион, „Златна Скополија“ ја симболизира креативноста, реткоста и уметничката истрајност. Првата награда им беше врачена на отворањето на фестивалот на реномираното полско филмско дуо, режисерката Малгоржата Шумовска и директорот на фотографија и режисер Михал Енглерт, како признание за нивниот длабок и бескомпромисен уметнички придонес во современиот светски филм. По свеченото отворање, втората фестивалска вечер беше одбележана со премиерата на филмот „17“ во режија на Косара Митиќ, еден од најнаградуваните и најзабележаните современи македонски филмски проекти. Во текот на фестивалската недела, публиката уживаше во богата и внимателно курирана програма со меѓународни фестивалски хитови, европски кратки филмови (EFA Shorts) и моќни регионални авторски остварувања, меѓу кои и клучните натпреварувачки наслови: „Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа, „Чувство на дом“ на Габор Холтаи, „Тивки ноќи“ на Лоренс Фахардо и многу други. Програмата беше надополнета со три значајни мастерклас-сесии во МКЦ Клуб, каде што истакнати филмски дејци, меѓу кои српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ и меѓународниот филмски експерт Ники Никитин, кој сподели искуства за дистрибуцијата на дебитантски филмови и стратегиите на фестивалскиот пазар. 26. Скопје Филм Фестивал (СФФ) официјално заврши вчера, на 9 ноември, во Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). На свеченото затворање, Меѓународното жири јавно ги соопшти победниците, споделувајќи официјални образложенија: „Нашата награда за НАЈДОБАР ФИЛМ оди кај чисто кинематографско дело кое носи моќна, автентична перспектива за курдските жени-борци кои го победуваат екстремизмот преку фундаменталниот страв дека 'НЕМА РАЈ АКО ТЕ УБИЕ ЖЕНА', филм на ХАЛКАВТ МУСТАФА. Наградата за НАЈДОБРА РЕЖИЈА се доделува на автор кој на големото платно мајсторски пренесува алегорија за систематската државна репресија, која иронично носи ’ЧУВСТВО НА ДОМ’. Честитки за ГАБОР ХОЛТАИ. Не можеме да ја заокружиме селекцијата ДИЈАЛОЗИ без СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ за филмот 'ТИВКИ НОЌИ' на ЛОРЕНС ФАХАРДО. Сакаме да му оддадеме признание за неговиот живописен приказ на бруталните одреди на смртта за време на режимот на Дутерте на Филипините“. Фестивалскиот совет додели и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за филмот „ОТФРЛЕН“ на ВИНСЕНТ ГАРЕНО, кој со исклучителна сензитивност прикажува вистинска приказна за неодамнешниот трагичен напад врз професор во француско средно училиште. Незаборавно филмско остварување кое во Скопје пристигна директно од Канскиот филмски фестивал 2026. Следното, 27. издание на Скопје Филм Фестивал е закажано за периодот од 12 до 17 октомври 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во МакедонијаФондацијата „Атанас Близнакоф“ ја пречекува новата генерација стипендисти во рамки на програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност, која ја спроведува Македонија2025. Оваа година 52 студенти од прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје добиваат финансиска поддршка за своето високо образование. Тие се приклучуваат кон заедницата млади таленти што се издвојуваат со академски успех, посветеност и потенцијал. Фондацијата е основана во 1977 година од Атанас и Славка Близнакоф, а програмата се темели на нивното филантропско наследство. Од 2021 година Македонија2025 е партнер на Фондацијата и ја спроведува стипендиската програма во Македонија. Таа го организира годишниот отворен повик и обезбедува континуирана поддршка за стипендистите. 770 стипендии и инвестиција од 1.925.000 американски долари Од 2021 година до денес, Фондацијата има обезбедено 770 годишни стипендии во вкупна вредност од 1.925.000 американски долари. Во академската 2026/2027 година таа истовремено поддржува пет генерации стипендисти, со вкупно 151 стипендија во вредност од 377.500 американски долари. Ова е најголемиот број активни стипендии во една година од почетокот на програмата. Повеќе од финансиска поддршка: долгорочна посветеност кон младите таленти Програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност се темели на уверувањето дека образованието е една од најзначајните инвестиции во долгорочниот развој на општеството. Особен приоритет при доделувањето на стипендиите имаат студентите од социјално ранливи семејства, за финансиските ограничувања да не бидат пречка за нивното образование. Покрај финансиската поддршка, стипендистите добиваат можности за менторство, развој на практични вештини и професионално вмрежување преку активностите на Македонија2025. Тие стануваат дел и од заедницата на сегашни и поранешни стипендисти, која поттикнува меѓусебна поддршка и долгорочна соработка. Така влијанието на програмата продолжува и по завршувањето на студиите. „Особено сме горди што нашата поддршка продолжува да расте и што оваа година достигнуваме рекорден број активни стипендии. Веруваме дека финансиската состојба не треба да го определува образовниот и професионалниот пат на еден млад човек. Нашата цел е младите да веруваат во сопствениот потенцијал и еден ден и самите да создаваат можности за следните генерации“, истакнуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“. Македонија2025 изразува искрена благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за довербата и континуираната посветеност на младите таленти во Македонија. На сите 52 нови стипендисти им упатуваме искрени честитки и им посакуваме успешни студии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06