3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканНови детали за масакрот: Монструмот од Цетиње испукал 100 куршуми пред да го застрела соседот Вук Бориловиќ (34) од Цетиње вчера во центарот на градот уби десет сограѓани и рани шест од нив.За време на крвавата драма, во која уби и две малолетни деца, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи. Како што се дознало подоцна, при размена на оган со полицијата, бил застрелан од сограѓанинот Н.К. „Испукал над 100 куршуми. Пукал со карабин“, изјави локален жител за ТВ „Објектив“. Како причина за масакрот наведува дека убиецот неодамна купил камера и видел дека некој му краде работи од дворот. Од Клиничкиот центар соопштија дека во таа установа се лекуваат четворица пациенти - тројца се на интензивна нега, од кои еден е во животна опасност. Двајца пациенти во болницата во Цетиње се надвор од животна опасност, пишува црногорски Вијести. Еден од ранетите пациенти, хоспитализиран во КЦЦГ, во моментов е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија. „Вториот пациент по приемот е оперативно третиран, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега“, велат од КГК. Третиот пациент има повреда на абдоминалните органи, претежно црниот дроб, оперативно е третиран и на мерки на понатамошна интензивна терапија и следење и е сместен на одделението за интензивна нега. „Четвртиот пациент има повреди на вратот и градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така е хируршки третиран и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“, соопштија од Клиничкиот центар. Директорот на болницата во Цетиње, Иван Ивановиќ, за ТВЦГ изјави дека две лица - маж и жена се хоспитализирани во таа болница откако се повредени во вчерашната трагедија и се во стабилна општа состојба. „Тие се надвор од животна опасност“, изјавил Ивановиќ, а пренесува РТЦГ. Дежурниот хирург во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), Перица Мараш, синоќа за „Вијести“ изјави дека по трагедијата во Цетиње во таа установа се примени четворица пациенти со тешки повреди. „Тројца пациенти беа оперирани од неврохирурзи, хирург и ортопед. Се работи за многу сериозни повреди и засега не можеме да објавиме дефинитивна прогноза...“, изјави Мараш. Полицијата соопшти дека се уште не е познат мотивот за овој масакр. Синоќа зборуваше и началникот на полицијата Зоран Брѓанин. „Пукал во семејство чии членови престојувале во просториите на неговата куќа како станари во населбата Медовина. Во таа прилика со огнено оружје, ловечка пушка им ги одзел животите на две деца, едното на возраст од осум, а другото единаесет , и ја ранил нивната мајка, која им подлегнала на повредите во медицинска установа, а потоа излегол и со истото огнено оружје пукал кон жителите на оваа населба, при што усмртил уште седум лица, а шестмина ранил.“ Тој рече дека во размената на оган еден полицаец е тешко ранет. „Засега не е јасно што го поттикнало В.Б. на ваков грозоморен чин, по што и самиот бил лишен од живот. Нагласувам дека се уште се утврдуваат околностите на целиот настан, вклучително и загубата на животот на В.Б., а за сите детали јавноста ќе биде информирана преку медиумите. Сакам да изразам и надеж дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваква трагедија во Црна Гора“, рече Брѓанин, додавајќи дека сочувствува со семејствата на жртвите и се надева дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат. Според официјалните податоци, Бориловиќ влегол во станот на своите станари околу 15:30 часот и го убил единаесетгодишниот М. , апотоа во неговиот три години помлад брад и потоа низ прозорецот пукал во нивната мајка, Наташа Пајовиќ Мартиновиќ. Откако ги убил, им се јавил на нивниот татко и сопруг Милош Мартиновиќ и му рекол: „Го убив твоето и моето семејство“, велат соговорниците на „Вијести“ од Управата на полицијата. Во следните 45 минути на вкупно 80 метри од неговата куќа пукал со карабинот, при што усмртил уште седум лица, а ранил уште шест. Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ, тој влегол во соседната куќа, каде ги убил постарите сограѓани Данијела и Димитрије Дрецун, а тешко го ранил нивниот внук Александар Дрецун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрецун (56), кој кога слушнал пукање истрчал кон куќата. Бориловиќ го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и вујко му Горан Ѓуришиќ (54), а потоа одејќи по улицата ги убил соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51). Бориловиќ, погоден со два куршуми и со пушка во раката се свртел кон куќата на својот сосед И.Ј. и го викнал да излезе. Тој ранил уште четворица соседи - Славица Звичер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидувал да го совлада. Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројца од ранетите биле оперирани и се сместени на Одделот за интензивна нега. Неговото тело, според неофицијалните информации, синоќа било испратено на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомвриНа 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност.Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров. Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова, Јане Дунимаглоски, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ . „Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”). Национална опера и балетТагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно и посвежоВремето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
КултураАктерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно делоМихајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар.По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот. Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност. Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година. Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела. Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели: „Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола. Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други. Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други. Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти. Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело. Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“.Тагови: Соња Михајлова животно дело Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter