Нови детали за американски напад врз брод во Карибите- во вториот напад се убиени преживеаните - Канал 5

Нови детали за американски напад врз брод во Карибите- во вториот напад се убиени преживеаните

Американската војска спроведе втор напад врз брод за кој се сомнева дека шверцува дрога во Карибите, насочен кон преживеаните од првичниот напад кој не успеа да ги елиминира сите на бродот.

Нови детали за американски напад врз брод во Карибите- во вториот напад се убиени преживеаните

Американската војска спроведе втор напад врз брод за кој се сомнева дека шверцува дрога во Карибите, насочен кон преживеаните од првичниот напад кој не успеа да ги елиминира сите на бродот, изјавија за CNN извори запознаени со операцијата.

Иако првиот напад го онеспособи бродот и предизвика жртви, војската процени дека има преживеани. Вториот напад го уби преостанатиот екипаж, со што бројот на жртви се искачи на 11, а бродот го потопи, објави CNN.

Министерот за одбрана Пит Хегсет ѝ нареди на војската да се погрижи нападот да ги убие сите на бродот пред операцијата, но еден извор рече дека не е јасно дали знаел за преживеаните пред да го овласти вториот напад. Нападот и жртвите првпат ги објави претседателот Доналд Трамп на денот на инцидентот, но неговата администрација никогаш јавно не призна дека преживеаните подоцна биле убиени.

Трамп изјави дека копнена операција за запирање на осомничените мрежи за трговија со дрога во Венецуела би можела „да започне многу наскоро“, во услови на растечки прашања за легалноста на американската воена кампања низ Латинска Америка. Официјалните лица признаа дека не ги знаат идентитетите на сите луѓе на бродовите пред да се извршат нападите.

Сомнежите за легалноста растат

Луѓето запознаени со овој „двоен удар“ изразија загриженост дека таквата постапка би можела да ги прекрши законите за вооружен конфликт, кои забрануваат егзекуција на непријателски борец кој е „hors de combat“, односно отстранет од борба поради повреди или предавање.

„Вознемирена сум од бројот на бродови што оваа администрација ги елиминираше без никаква консултација со Конгресот“, изјави демократската претставничка Медлин Дин за CNN оваа недела.

„Само минатата недела, во SCIF [Објект за чувствително класифицирани информации], бидејќи сум член на Комитетот за надворешни работи, разгледав некои од документите поврзани со потонувањето на овие бродови и убивањето на луѓето на тие бродови. Никаде во нив немаше докази за тоа што се случуваше.“

Сара Харисон, поранешна заменик-генерална советничка во Пентагон, која сега работи како виш аналитичар во тинк-тенкот Кризна група, верува дека законот се крши во секој случај. „Прво тие убиваат цивили, а потоа ако претпоставите дека се борци, тоа е исто така нелегално - според законот за вооружен конфликт, ако некој е „'hors de combat“ и повеќе не може да се бори, тогаш мора да се третира хумано“, рече таа.

Оправдувања на администрацијата

Американската војска била свесна дека има преживеани во водата по првиот напад на 2 септември и започнала втор за да го потопи бродот и да го убие преостанатиот екипаж, велат изворите.

Службениците на Пентагон подоцна им кажале на пратениците на брифинзите дека вториот удар бил неопходен за да се потопи бродот и да се спречи тој да стане закана за пловидбата. Иако војската постојано ги таргетирала бродовите за да ги потопи, нападот од 2 септември е единствениот познат случај во кој војската намерно убила преживеани.

Администрацијата законски ги оправдува своите напади тврдејќи дека бродовите превезуваат лица поврзани со околу дваесет нарко-картели кои се во вооружен конфликт со САД. Сепак, многу правни експерти тврдат дека осомничените трговци со дрога се цивили, а не борци, и дека нападите затоа претставуваат вонсудски убиства.

Во доверливо правно мислење изготвено во текот на летото, Министерството за правда тврдеше дека претседателот има законско право да одобри смртоносни напади против 24 картели во самоодбрана, бидејќи групите претставуваат непосредна закана за Американците.

Сепак, тој аргумент е ослабен од фактот дека во барем еден случај бродот се свртувал од САД пред нападот, а преживеаните од нападот на 2 септември не претставувале закана бидејќи биле неспособни.

Немири во Пентагон и меѓу сојузниците

Високи претставници на американската одбрана и сојузниците изразија скептицизам во врска со легалноста на воената кампања. Командантот на Јужната команда на САД, адмиралот Алвин Холси, понуди оставка за време на напната средба минатиот месец со министерот Хегсет, откако тој покрена прашања за легалноста на нападот. Холси ќе ја напушти својата функција во декември, само една година откако ја презеде командата.

Загриженост изразија и адвокати во Канцеларијата на главниот советник на Министерството за одбрана. Велика Британија, исто така, престана да споделува разузнавачки информации со САД за сомнителни бродови во Карибите, бидејќи не сака да биде соучесник во американските воени операции за кои смета дека се нелегални.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава

Делегацијата на Европската унија во Македонија изразува сериозна загриженост во врска со алармантниот број на фемициди, односно убиства на жени, пријавени само оваа година во земјава – вкупно седум регистрирани случаи.

Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава

Од делегацијата велат дека извештајот на Европската комисија за земјава за 2026 година нотира дека постојат недостатоци во пријавувањето, истрагата и гонењето што укажува на потребата од зајакната имплементација, одржливо финансирање, подобри институционални капацитети и ефикасни мерки за заштита.

Оттаму потсетуваат дека националното законодавство сè уште не е целосно усогласено со директивата на ЕУ за насилство врз жените и семејно насилство. Делегацијата на ЕУ ги повикува сите чинители да ги адресираат проблемите и да спречат натамошни фемициди, вклучително и преку овозможување пристап до правда и зајакната институционална поддршка за жртвите на семејно насилство, се вели во нивното соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите

Советот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители.

Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите

Советот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители, се вреднуваат успесите и талентите на учениците и се воспоставуваат повисоки стандарди за одговорност, отчетност и транспарентност во работењето на локалната самоуправа.

На предлог на градоначалникот Дејан Митески, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница изгласа зголемување на старосната граница за ослободување од општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв дом, од досегашните 35 на 40 години.

Сите млади до 40 години што ги исполнуваат условите ќе можат да остварат целосно ослободување од комуналии, согласно и со мерката на Град Скопје. Другите услови остануваат непроменети и се однесуваат на жителството во Општина Аеродром од најмалку две години, изградба на прв дом за лични станбени потреби и обврска за живеење во него најмалку десет години.

Советот донесе и одлука за доделување еднократни парични награди за учениците од VII до IX одделение во општинските основни училишта кои постигнале посебни успеси во науката и технологијата, уметноста и литературата, спортот, како и за учениците со посебни образовни потреби кои покажале исклучителен инклузивен напредок. Право на награда ќе имаат учениците кои ги исполнуваат утврдените услови што ќе бидат објавени навремено во јавен повик. Постигнувањата треба да бидат остварени во тековната или претходната учебна година.

За првпат, Општина Аеродром донесе и Кодекс со кој се утврдуваат јасни правила и стандарди за однесување и работење на градоначалникот, претседателот и членовите на Советот, како и на другите носители на јавни функции во Општината. Кодексот ги утврдува принципите на законитост, професионален интегритет, одговорност, отчетност, транспарентност и заштита на јавниот интерес, со цел зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на граѓаните во работата на локалната самоуправа.

Со донесените одлуки, Општина Аеродром продолжува со спроведување конкретни мерки за подобрување на квалитетот на животот, поддршка на младите и препознавање на потенцијалот на децата, паралелно со унапредување на стандардите за одговорно и транспарентно институционално работење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога

Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога – Техеран ги одбива разговорите и се заканува на американските бази во Европа.

Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога

Потпретседателот на Соединетите Држави, Џеј Ди Венс, презеде водечка улога во преговорите за ставање крај на војната со Иран, а се разгледува и можноста за директна средба меѓу него и Мохсен Резаеи – секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Сепак, Резаеи тврди дека таква средба не е планирана, пренесува „Волстрит џурнал“.

Според американски официјални претставници на кои се повикува весникот, претседателот Доналд Трамп го овластил Венс повторно да ги започне преговорите со Техеран.

Со тоа, потпретседателот презеде главна дипломатска улога, додека пратениците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се повлечени во втор план.

Иако го поддржува продолжувањето на преговорите, Трамп, наводно, смета дека јунскиот меморандум за разбирање со Иран – во чие договарање учествуваше и Венс – бил грешка.

Двајца американски функционери изјавија дека претседателот смета оти договорот му овозможил на Иран да закрепне и повторно да остварува приходи од продажбата на нафта.

Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио и Стивен Милер од Белата куќа – според истите извори – се залагаат за задржување на блокадата против Иран сè додека Техеран не се согласи на отстапки.

За разлика од Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, кои ја бранат одлуката на Трамп во врска со војната, Венс јавно го поврза конфликтот со тешкиот пораз на републиканците на минатонеделните избори за Конгресот.

Американските официјални претставници ја опишуваат неговата одлука да преземе водечка улога во дипломатијата со Иран како политички ризичен потег.

Успехот во преговорите би можел да донесе значителни политички придобивки, додека неуспехот би можел да има спротивен ефект.

Според „Волстрит џурнал“, Трамп се согласува со проценката на Венс дека војната влијаела врз изборните резултати, но сепак продолжува да ја брани воената операција против Иран.

Додека Вашингтон ја разгледува можноста за обновување на дипломатските контакти, пораките од Техеран укажуваат на тоа дека во моментов не се водат никакви преговори со Американците. Во интервју за либанскиот телевизиски канал „Ал-Мајадин“, Мохсен Резаеи ги отфрли тврдењата за разговори меѓу двете страни. Тој ги нарече лаги извештаите за наводни преговори во Катар, тврдејќи дека нивната цел е да се намали економскиот притисок врз Иран и да се спуштат цените на нафтата.

Иранскиот функционер, исто така, упати директно предупредување до Соединетите Држави, заканувајќи се со напади врз американските воени позиции. „Ако Американците направат грешка и нè нападнат, ние ќе извршиме удари дури и врз оддалечените американски бази“, изјави Резаеи.

Тој додаде дека потенцијални цели би можеле да бидат сите бази од кои полетуваат американски авиони, вклучително и оние што се наоѓаат во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер