3Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
СветВо најновиот американски напад врз брод во Карибите има и преживеани, досега во шест напади загинале 27 лица Во најновиот американски воен напад врз брод во Карибите за кој постоело сомнение дека превезува дрога за првпат има и преживеани, потврди висок американски функционер.Засега не е познат бројот на луѓе што биле на бродот, ниту колку преживеани се пронајдени, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News). Во досегашните шест напади врз бродови во водите на Карипско Море има најмалку 27 загинати лица. Функционерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека не е јасно дали последната операција била дизајнирана да остави преживеани и не кажа дали преживеаните се спасени или дали моментално се во американски притвор, јавуваат британските медиуми. Пентагон не одговори на прашања за детали од инцидентот. САД ги нарекуваат нападнатите субјекти „наркотерористи“, наведувајќи ја потребата од порешителна борба против шверцерските мрежи кои делуваат од Венецуела. Во претходните американски напади сомнителните бродови биле целосно уништени и немало извештаи за преживеани. Видеата објавени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп покажаа уништени цели, а операциите беа претставени како дел од „војната против наркотероризмот“. Службениците на администрацијата на Трамп тврдат дека традиционалните методи за борба против трговијата со дрога, како што се апсења и запленување на товар, не успеале и дека е неопходна воена сила. Во меѓувреме, военото присуство на САД во Карибите се интензивираше - во регионот се распоредени разурнувачи со наведувани ракети, борбени авиони Ф-35, нуклеарна подморница и околу 6.500 војници. Трамп вчера откри дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува тајни операции во Венецуела, дополнително поттикнувајќи ги шпекулациите за можни планови за соборување на претседателот Николас Мадуро, истакнуваат британските медиуми. Амбасадорот на Венецуела во ОН, Самуел Монкада, испрати писмо до Советот за безбедност на ОН во кое тврди дека нападите на САД во близина на брегот на Венецуела се нелегални и бара официјална осуда на САД и потврда за суверенитетот на неговата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаЛокализиран пожарот кај Лознани по 24-часовна интервенција на пожарникарите и населениетоПо 24-часовна интервенција, куќите во селото Лознани, помеѓу општините Могила и Прилеп, повеќе не се загрозени, информираа ноќеска директорот на Дирекцијата за спасување, Стојанче Ангелов, и командирот на битолските пожарникари, Христијан Тодоровски„Најпрвин имавме дојава за пожар во прилепско Маково. Почнавме таму да гасиме. Потоа имаше пожар во месноста Ергела накај селото Гнеотино, за во вечерните часови да се разгори пожар кај Лознани. Тој пожар го работиме цел ден денеска и го локализиравме дури вечерва. Имавме премногу тешка борба во Лознани во Новоселани беа загрозени куќи, успеавме да ги спасиме. Сега имаме активен пожар према селата Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Исто така, во текот на денот имаше и пожар кај селото Маково, о од друата страна на патот“, информираше Тодоровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 14. август 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 14. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас. Кариера Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа. Здравје и совет Сите ќе ги победите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу. Кариера Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник. Здравје и совет Ослободете се од љубовните грижи. Вага 24.9.-23.10 Љубов Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг. Кариера На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено. Здравје и совет Дозирајте ја храната и пиењето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања. Кариера Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура. Здравје и совет Пијте повеќе течности. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани. Кариера Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став. Здравје и совет Претерувате во исхраната. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна. Кариера Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање. Здравје и совет Пораснете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени. Кариера Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред. Здравје и совет Денеска планетите се на ваша страна. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите. Здравје и совет Јадете пополека и доволно џвакајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо. Кариера Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас. Здравје и совет Мали нервози. Бик 21.4- 20.5. Љубов Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок. Кариера Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат. Здравје и совет Слушајте ги луѓето во вашата околина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Понекогаш земете си пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки. Кариера Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото. Здравје и совет Бариерите се уриваат сами од себеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетар Богојески во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Петар Богојески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00