МакедонијаНови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги - uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансофрмација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа. Првпат за правните лица овозможена е електронската услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување, целосно дигитално и достапно во секое време. Беше нагласено дека станува збор за услуги што директно го поедноставуваат пристапот до важни документи, го намалуваат административниот товар и ги елиминираат непотребното чекање и физичкото присуство на шалтерите. Дополнително, ФЗО од денес е и технички поврзан со Централниот регистар на населението, што овозможува автоматско преземање релевантни податоци за граѓаните. Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. - Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор има некакво спротивставување на соодветно вреднување на работата. Да повторам дека во секторот здравство кумулативно платите во ноември 2024 и март 2025 се зголемија 17 проценти, диспропорционално многу повеќе со основно и со средно образование, кај лекарите помалку бидејќи зголемувањата беа линеарни. Кај матичните доктори капитациите се зголемија 33 отсто. Историско зголемување што беше направено за да се зголемат платите на докторите и на медицинските сестри вработени таму бидејќи ние цврсто веруваме дека работата треба соодветно да биде вреднувана - рече директорот на ФЗО на прес-конференцијата во Владата, на која заедно со министерот за дигитална трансформација промовираа четири нови електронски услуги на Фондот за граѓаните. Тој потсети дека, според договорот со синдикатите, во март годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавното здравство. - Мислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори - образование, има постигнато договори за зголемување на платите, така што барем во мојот сектор можам со сигурност да кажам дека има силна поддршка натамошното зголемување на платите во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа. Тука остануваме посветени. Веќе може да најавам дека нема да биде еднакво зголемувањето во март за сите, туку ќе биде процентуално бидејќи платите меѓу понискиот кадар и докторите - коефициентот и разликата меѓу нив се намали, а сепак мора да бидат соодветно вреднувани и лекарите - појасни Клековски. Во однос на констатираните наоди од спроведените контроли минатата година во јавни здравствени установи за директори и доктори што незаконски зеле повеќе пари од тоа што треба, а за кои било кажано дека ќе биде побарано да се вратат, дали ги вратиле и дали има и други менаџери што незаконски си ги зголемиле платите, рече дека досега нема поврат на пари од прекумерните исплати. - Во однос на извршените контроли, констатираните пречекорувања на надоместоците поврзани со работата, заклучно со 31 декември, ниедна јавна здравствена установа нема поврат на прекумерно исплатените надоместоци, плати. Ние немаме направено повторна контрола, меѓутоа знаеме дека нема направено поврат - одговори Клековски. На дополнително прашањето што доколку не ги вратат парите, директорот на ФЗО беше дециден дека на повторените контроли ќе бидат изречени казни. - Ние работиме и на дигитализација - тоа е внатрешно прашање на контролата на ФЗО, што е една од најважните функции на ФЗО. Со дигитализацијата таму сакаме да воспоставиме и критериуми, каде што честите казни ќе водат кон последици на нашиот севкупен однос со установата. Во овој момент казните кон јавни здравствени установи се симболични. Не дејствуваат образовно, едукативно - условно да кажам, не влијаат на спречување. Највисоката казна за здравствена установа е седумдесет и пет илјади денари. За установи што имаат милионски буџети, таа е безначајна. Го гледаме цел тој сегмент, не сакаме да казнуваме - тоа е последното нешто. Меѓутоа, сакаме да воспоставиме систем во кој оние што не ги кршат правилата и регулативите, треба да бидат наградени, поттикнати, со понатамошни подобрувања - додаде директорот на ФЗО, Сашко Клековски. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16