Нови „бомби“ за А1: Латас дава инструкции за затворање на А1 ТВ - Канал 5

Нови „бомби“ за А1: Латас дава инструкции за затворање на А1 ТВ

Драган Павловиќ Латас,екс уредникот на национална телевизија вели: Мислевме ние, дали тоа алудирал дека цел менаџмент на Сител правел план како да се затвори конкурентот?

Нови „бомби“ за А1: Латас дава инструкции за затворање на А1 ТВ

Првата „бомба“ е разговор меѓу екс уредникот на национална телевизија,Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски.

ГТ: Смртно се интересираа за А1 кога ќе им е….м….Кога ќе им наплатиме . Во моментот пијат кафе кај мене у ходник а Весна ми кажува дека во правда има некој прес и дека од таму излегла бува дека сум седнал и сум почнал преговори за А1. И сега и велам на Весна да пушти дека ниту преговарам ниту имам намера да преговарам за разликите околу ставовите.

ДПЛ: Ти нема што да преговараш

ГТ: Ма нека се носат…гони гу у п…м…

ДПЛ: Мислам дека треба да има стечај и по закон да им се одземе опремата а на сите други да им се каже дека се навработени и од сабајле да ве нема повеќе тука.

ГТ: Дента се носи решение и сите се без работа. Тоа е по сила на закон. Дента се носи решение и по сила на закон дента се сите без работа.

ДПЛ: Да да..тоа е најдобриот начин.

ДПЛ: Ти кога може да побараш стечај?

ГТ: Уфф, еве сега ги правиме математиките и има различни математики. Најпесимистички е 5 август. Во моментов сме симнати на 15 јули.

ДПЛ: Па 15 јули е добар датум. На одмор се сите никој жив нема, кој видел видел кој невидел..невидел..

ГТ: Ќе си течат дејствија и ние секој ден си работиме на нивна тема.

ДПЛ: И со стечај секој и во Европа ќе те разбере . Фирма должи 9 милиона и оди во стечај……..

YouTube video

Во втората „бомба“разговараат тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во разговорот на интерфон учествува и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски.

НГ: Горде, да прашам вака твое мислење со Љупчо Шврговски сме заедно. Нешто си правиме муабет вака за ова со Пајажина. Зошто не се одеше со собирање на парите од сметка што ги должи он.

ГЈ: Ама они ни сега не им се земени парите, они само ги блокираа пошто не може одма да ги земат.

НГ: Епа он прашува зошто ги блокираа а не одма да им ги повлечат парите со нешто извршно решение, еве ќе ти го дадам.

Потоа во разговорот се вклучува тогашниот јавен обвинител Шврговски кои во моментот додека се води разговорот се наоѓа во кабинетот на тогашниот премиер.

ЉШ: Ало Горде здраво, еј види знаеш што ми е, мислам сега веке е касно мислам дека кај направивме една грешка во чекори. Ние мислам дека лошо направивме што ги блокиравме тие пари сеа мене не ме прашаа за совет. Ние имавме од управа решение со кое што он беше задолжен да ги плати тие пари, 7 милиони , колку има тамо, евра ли…

ГЈ: ДА ДА ДА, Според управа за јавни проходи.

ЉШ: Епа зошто не го активиравме ние тоа решение, фирмата ке нема во рок од 45 дена да плати и во стечај ке ја фрлевме.

ГЈ: Знаеш што мислам Љубчо, зашто управа не го активираше, зошто они ако наплатат даночен долг, после не можеш да ги гониш за истото дело.

ЉШ: Не е точно не е точно!

ГЈ: Така тврдеа они мислам дека е заради таа логика.

ЉШ: Не е точно тоа е нон сенс Горден, тамам работа. Плаќањето на должност не го ослободува од кривична одговорност, таман работа… не не ..

ГЈ: Епа јас мислам дека по таа логика не им го наплатија наночниот долг…

ЉШ: НЕ НЕ НЕ грешка си, не бе тоа е надвор од памет.

ГЈ: Мислам дека тоа беше Љубчо логиката.

ЉШ: Не не не тоа е само основа за поблаго казнување, но мегутоа не и за амнестурање на одговорност кривична. Не не надвор од памет.

ГЈ: Епа мислам дека по таа логика одеа.

ЉШ: НЕ! Не не грешка e. Tоа е не издржано.

ГЈ: Мислам можно е да сме направиле грешка.

ЉШ: 100%

ГЈ: Се случува но мислам дека во неколку наврати со Горан кога сме збореле они цело време збореа абе да не им наплатиме нели она со 70% да не им ги легализираме парите.

ЉШ: А според закон за спречување корупција.

ГЈ: Па незнам ко кој закони они идат посто фактички 70% ако платиш веке ти се легални. И они цело време одбиваа да го извршат тоа даночно решение.

ЉШ: Не мислам дека тука направивме грешка али добро.

ГЈ: Епа можно е да сме направиле грешка, но мислам дека тоа им беше на нив.

ЉШ: Не тоа не ја исклучува одговорноста, кривичната одговорност не, во никој случај.мислам зборувам од искуство од пракса, тоа како постапуваме.

ГЈ: Да де да, нормално ти имаш повеке од сите други искуство во овој дел, но меѓутоа мислам дека таа логика им беше, за дирекната наплата.

ЉШ: Добро…мислев знаеш да не биде толку експонирано и ова напаѓањево од странциве дека се врши атак на телевизија, можеше многу елегантно, не ви замрзнуваме сметки платете си го ова, не го плаќате во стечај фирмата, ај да видам сеа што ке зборите… ме разбираш нема што да зборите ајде платете ги парите нема тоа е, нема како да ги платите и во стечај.

ГЈ: Да де да ама и некако тогаш околу сумите они некако не беа сигурни, нели имаше еден дел проверена документација другиот не проверена, па знаеш како она малку несигурно дали е повеке или помалку сумата, иако они цело време викаа дека повеке ке дојде и најверојатно било сплет на повеке околности. Но главното мислам дека им беше ова со со 70% нели ако наплатиш после влегуваат во легалниот систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најстарата стјуардеса заминува во пензија по 63 години поминати на небо- ја испратија како легенда (ВИДЕО)

Ветеранката стјуардеса Керол Фер (83) се пензионира по 63 и пол години во авијацијата, а нејзиниот последен лет е закажан за понеделник, 26 октомври 2026 година, со лет на „Американ ерлајнс“ од Лондон Хитроу (LHR) до Шарлот (CLT). 

Најстарата стјуардеса заминува во пензија по 63 години поминати на небо- ја испратија како легенда (ВИДЕО)

Таа ја започна својата кариера во 1963 година во „Пидмонт ерлајнс“, а преку спојувања на авиокомпании заврши во „Американ ерлајнс“, каде што сега го има најдолгиот стаж меѓу активните стјуардеси.

Нејзиниот последен лет има и посебна симболика: во 1987 година работеше на првиот лет на „Пидмонт ерлајнс“ од Шарлот до Лондон, а кариерата ќе ја заврши со повратен лет од Лондон до Шарлот.

Нејзиниот прв лет беше интервју за работа

Керол Фер отиде на локален аеродром во 1963 година барајќи работа. Таа понуди да се јавува на телефони, да пишува авионски билети и да прави кафе, но раководителот на станицата ѝ предложи да стане стјуардеса.

Никогаш порано не летала со авион. Така, патот до интервјуто за работа стана нејзиниот прв лет.

Таа ја започна својата кариера во „Пидмонт ерлајнс“, а подоцна, преку спојувања на авиокомпании, се пресели во „Ју-Ес ервејс“, а потоа во „Американ ерлајнс“.

Сепак, нејзиниот однос со втората компанија започна со отфрлање. „Американ ерлајнс“ еднаш ја сметаше за несоодветен кандидат, објаснувајќи дека не е „американски материјал“, односно дека не се вклопува во профилот што го бараше компанијата.

Повеќе од шест децении подоцна, таа ја напушта истата компанија како стјуардеса со најдолг активен стаж.

Последниот лет ја враќа на една од најважните линии во нејзината кариера

Датумот на крајот на нејзината кариера има и посебна симболика. На 15 јуни 1987 година, Фер работеше на првиот лет на „Пидмонт ерлајнс“ на линијата Шарлот-Лондон, а нејзиниот последен работен лет ќе ја врати од Лондон назад во Шарлот.

Традиционалниот поздрав со водени топови се очекува и за пристигнувањето на авионот.

„Уживав во секоја минута“, му рекла Фер на новинарот Тед Рид, објавува „Форбс“. Според нејзината пријателка, Фер и претходно поднела известувања за пензионирање, но се предомислила и ги повлекла. Овој пат, разделбата е тешка за неа.

Фер истакнува дека го достигнала врвот на таканаречената листа на стаж меѓу околу 30.000 вработени во таа категорија и дека „нема повисок ранг што би можела да го постигне“.

YouTube video

Кариерата што започнала кога претседателот на САД Џон Ф. Кенеди бил претседател опфати огромни промени во авијацијата, од сосема поинаков начин на патување до глобалната мрежа на рути што ги знаеме денес.

По 63 и пол години, Керолајн Фер ќе ја заврши својата „смена“, или лет, за последен пат и ќе го напушти авионот. Таа ја напушта професијата на која ѝ го посветила речиси целиот свој работен век, а компанијата што некогаш ја отфрлила ја испраќа како еден од своите најискусни вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев

Александар „The Great“ Волкановски, австралискиот УФЦ-борец со македонско потекло, оствари спектакуларна победа над непоразениот Мовсар Евлоев на УФЦ 333!

Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев

На денешниот голем настан UFC 333 во Абу Даби, тој приреди вистински спектакл и ја одбрани светската шампионска титула во перолесна категорија со спектакуларен технички нокаут во втората рунда против досега непоразениот Мовсар Евлоев.

Според резултатот прикажан на официјалниот пренос, Волкановски славеше со технички нокаут во втората рунда, на 4:54 минути!

YouTube video

Волкановски никогаш не го крие своето македонско потекло. Неговиот татко потекнува од селото Беранци, Битолско, а борецот роден и израснат во Австралија гордо го носи презимето Волкановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести во Португалија: Повредени седуммина демонстранти, 31 уапсен во интервенција на полицијата

Најмалку седум лица беа полесно повредени, а 31 беа уапсени рано утрово во Лисабон и Порто кога португалската полиција интервенираше за да ги отстрани шаторите поставени од демонстрантите.

Протести во Португалија: Повредени седуммина демонстранти, 31 уапсен во интервенција на полицијата

Најмалку седум лица беа полесно повредени, а 31 беа уапсени рано утрово во Лисабон и Порто кога португалската полиција интервенираше за да ги отстрани шаторите поставени од демонстрантите кои протестираа против кризата со домувањето и високите трошоци за живот.

„Полициската акција беше целосно непропорционална“, рече пратеникот од Левичарскиот блок, Фабијан Фигеиредо, нагласувајќи дека немало нарушување на јавниот ред и мир, објави Луса.

Демонстрантите поставија повеќе од 100 шатори откако неколку илјади луѓе учествуваа на протестен марш во Лисабон во саботата. Неколку стотици луѓе се собраа за да го заштитат кампот откако полицијата отстрани сличен камп на истото место во вторникот.

Во Португалија, цените на недвижностите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, додека кириите за нови договори за закуп речиси се удвоија.

Меѓу најтешко погодените од ситуацијата се младите луѓе, кои се оние кои ги започнаа протестите на прво место.

Протестите поради кризата со домувањето во Португалија, што доведе до поставување шатори во центарот на Лисабон, започнаа на 10 октомври во Порто, а потоа се проширија во Лисабон и други градови. Во Лисабон, на 17 октомври, по протестниот марш на илјадници луѓе, започна поставувањето шатори на плоштадот Росио. Полицијата интервенираше на 20 октомври и ги отстрани камповите во Лисабон и Порто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер