Нови 60 километри патни правци до крајот на месецов, најави премиерот - Канал 5

Нови 60 километри патни правци до крајот на месецов, најави премиерот

Патишта во должина од 60 километри се градат и реконструираат помеѓу Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар. 

Нови 60 километри патни правци до крајот на месецов, најави премиерот

Нови 60 километри патишта на три различни локации се очекуваат да завршат до крајот на месецов, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на граничниот премин „Маркова Нога“ на македонско-грчката граница.

Патишта во должина од 60 километри се градат и реконструираат помеѓу Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар. Мицкоски соопшти дека се решени имотно-правните односи. Изградбата на патишта ќе овозможи подобра конекција помеѓу градовите и туристичките места.

- Импресивно делува сето тоа, бидејќи до крајот на месецот очекуваме нови 60 километра фронт и работа на три паралелни локации, Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово -Гостивар, 60 километри фронт решени имотно-правни односи, нешто што не можеа не можеше претходната влада во рокот две до три години да го помисли, сега за неколку месеци е веќе решено. И добро е тоа што ќе се реализираат овие проекти и доброто е тоа што граѓаните ќе можат да ги користат и на безбеден начин да комуницираат од еден во друг град и нормалното е добро за туристичката сезона во Охрид, бидејќи и нашите туристички центри не само Охрид туку и останатите бидејќи, на побрз начин туристите ќе можат да дојдат до останатите туристички места, изјави премиерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област.

Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие.

На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип.

Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови.

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите.

Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница.

На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Радовиш: ЗНАМ континуирано расте, ја зајакнува својата структура и гради политика на конкретни резултати и одговорност кон Македонија!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетните средби со граѓаните низ државата, на кои ги презентира резултатите од двегодишното работење на своите избрани и именувани функционери.

Димитриевски од Радовиш: ЗНАМ континуирано расте, ја зајакнува својата структура и гради политика на конкретни резултати и одговорност кон Македонија!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетните средби со граѓаните низ државата, на кои ги презентира резултатите од двегодишното работење на своите избрани и именувани функционери, но и политичката визија и обврските за периодот што следува.

Во рамки на панел-дискусијата во Радовиш, под мотото „Две години работа. Две години резултати.Една љубов – Македонија“, се обратија претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и потпретседателот на Движење ЗНАМ, Борче Серафимовски, директорот на Казнено-поправниот дом – Прилеп, Емил Јанески, и пратеничката во Собранието на Република Македонија и членка на Координативното тело на Клубот на жени на ЗНАМ, Даниела Белимова.

Претседателот на ЗНАМ, Димитриевски, истакна дека двегодишниот отчет не е само сумирање на сработеното, туку потврда дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните и дека продолжува да се развива како сериозна, организирана и државотворна политичка сила. Посебно го нагласи организациското јакнење на ЗНАМ, формирањето на Клубот на млади и неодамнешното основање на Клубот на жени, како важни чекори во градењето широка политичка структура со активна улога на жените и младите во креирањето на политиките и носењето одлуки.

„ЗНАМ не е проект за едни избори, ниту политичка структура што постои заради функции и привилегии. ЗНАМ е движење со јасна идеја, принципи и одговорност кон Македонија. Денес не само што ги исполнуваме обврските што ги презедовме пред граѓаните, туку и ја градиме нашата организација за иднината. Формирањето на Клубот на жени е важен чекор во тој процес.

Сакам жените во ЗНАМ да бидат присутни таму каде што се носат одлуките, да имаат простор, глас и реално влијание. Градиме структура во која секој човек што верува во нашите вредности има можност да придонесе. Нашата сила не е во бројот на функции, туку во луѓето, идеите и работата зад кои стоиме“ истакна Димитриевски.

Говорејќи за конкретните резултати од работењето, Димитриевски ги посочи капиталните инвестиции во општините, зголемувањето на платите во повеќе сектори и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Во рамки на инвестицискиот циклус се реализираат околу 1.300 капитални проекти низ општините, со инвестиции во локалната инфраструктура, водоснабдувањето, образованието и подобрувањето на условите за живот.

„За нас политиката не е натпревар во ветувања, туку обврска да создадеме резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот. Зад бројката од 1.300 капитални проекти стојат општини што добиваат нова инфраструктура и подобри услови за развој. Зад зголемувањето на платите стои почитта кон трудот, а зад растот на пензиите стои одговорноста кон генерациите што со децении ја граделе оваа држава. Не тврдиме дека се е завршено. Но, можеме да кажеме дека работиме, дека преземаме одговорност и дека не отстапуваме од обврската да испорачаме подобра и посилна Македонија. Тоа е разликата меѓу политиката на зборови и политиката на резултати“ порача Димитриевски.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетните средби низ државата, затоа што отчетноста не е еднократен настан, туку принцип на политичко дејствување и одговорност пред граѓаните. ЗНАМ продолжува да ја гради својата организација, да ги зајакнува своите структури и да се бори за политики што носат конкретни придобивки, економски развој, достоинствен живот и функционална држава.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата истражува кој го фрли на земја македонското знаме во Гостивар и кој истакнал знаме со т.н. Голема Албанија

Полицијата истражува кои се сторителите што го симнаа македонското знаме од јарбол во центарот на Гостивар, како и уште еден инцидент со истакнување на знаме на т.н. Голема Албанија за време на прославата на Денот на албанското знаме... 

Полицијата истражува кој го фрли на земја македонското знаме во Гостивар и кој истакнал знаме со т.н. Голема Албанија

Симнато и фрлено македонското знаме на плоштадот во Гостивар, истакнување на јарбол на знаме со мапата од фиктивната, т.н. „Голема Албанија“, блокиран сообраќај, тропање по автобуси и скандирања за УЧК дури, низа инциденти го одбележаа она што требаше да биде достоинствена прослава на денот на албанското знаме.

По оние кои го сквернавеа државниот симбол во Гостивар, како и тие кои истакнаа знаме со т.н. „Голема Албанија“ во тетовско, од МВР велат се трага.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Се проверуваат безбедносните камери од околните објкети за да се идентификуваат лицата кои постапиле спротивно законот. Во село Шемшево на Јарбол на угостителски објект било истакнато знаме со натпис „аухтотонус“, извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Секое непочитување на државен симбол треба веднаш да се санкционира, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ, празниците се повод за меѓусебна почит, а не повод за провокации, кажаа од партијата ЗНАМ – владејачките партии излегоа со свои реакции по сквернавењето на знамето, чин кој најостро го осудија и побараа итна институционална рекација.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето на сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано. Ваквиот однос на поедници во општеството создава поделби, а не сплотување.“

„Движењето ЗНАМ, најостро го осудува чинот на симнување и сквернање на македонскто джравно знаме на плоштатод во Гостивар, чин кој со кој се изразува непочитување кон државните симболи, институциите и државата Македонија.“

Со осуда за случајот во Гостивар се огласија и од СДСМ – сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата кој мора да се санкционира, порачаа од опозициската партија, кои вината ја гледаат кај ВМРО и движењето ЗНАМ.

„Поделбите во општеството кои што ги создава криминалната влас на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи. Но, граѓаните на Македонија ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии.“

Албанските граѓани ги уживаат сите права во земјава, но и обврските, вели унивезтитетскиот професор Иван Анастасовски. Според него, ваквите случувања кои разгоруваат националистички прашања, случајно или неслучајно, секогаш се видливи кога се насетуваат избори. Очекува децидна реакција од институциите, но пред се превенција.

„Албанската заедница има право да го изрази својот национален идетнитет, култура и тоа им е дозволено и со Устав и со Закон. Меѓутоа, изразувањето на право, не значи од друга страна, врз база на законот и Уставот, не значи вие да создавате хаос и анархија, притоа повредувајќи ги другите закони. Секогаш кога има одредени состојби и се најавуваат избори, безоглед, се шпекулираат или не, секогаш се разгоруваат тие националистички прашања кои што мобилизираат гласачи и вклучуваат емоција.“

Денот на Албанското знаме се одбележа во повеќе земји и градови каде што има албански жители. Во Атина, платото пред парламентот беше полно со албански знамиња, а во швајцарски Цирих, како и во Скопје, сообраќајот речиси блокиран. Tаму денот го прослави и лидерот на ДУИ – Али Ахмети, кој со сопартиецот Талат Џафери се фотографираше пред знамето на „Голема Албанија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер