Нови 121 заболени со корона во Албанија, тројца починати

Во Албанија, во последните 24 часа биле регистрирани уште 121 случај на коронавирус, од 887 тестирани лица, а три лица починале.

Како што се наведува, хоспитализирани се 189 пациенти, од кои 18 се на одделите за интензивна нега, а шест се на респиратори.

Во последните 24 часа биле излекувани 97 лица, пренесоа албанските медиуми.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер