Новата сезона во НБА почнува на 17 октомври - Канал 5

Новата сезона во НБА почнува на 17 октомври

Комесарот на најсилната светска кошаркарска лига – НБА, Адам Силвер соопшти дека сезоната 2017/18 ќе стартува на 17 октомври, осум дена порано во однос на мината сезона.

Новата сезона во НБА почнува на 17 октомври
На првите два дуела од новата сезона гледачите ќе можат да ги проследат настапите на финалистите од минатото првенство, Кливленд и Голден Стејт.
Шампионот Голден Стејт на домашен терен ќе игра со Хјустон, додека Кливленд ќе го пречека Бостон.


Првиот меѓусебен дуел двата најголеми претенденти за шампионскиот трофеј ќе го имаат на католички Божик (25 декември) кога Голден Стејт ќе биде домаќин на Кливленд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

На овој ден човек чувствува потреба внимателно да ги избере зборовите, затоа што зборува за луѓе кои своите зборови ги потврдувале со непосредни дела, а најчесто и со сопствениот живот. 

Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

За луѓе кои прифатиле да изгубат сè што имале, уверени дека нивните деца заслужуваат да добијат нешто поголемо, повозвишено и подобро, слободна татковина.

Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Но имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност.

И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме.

Од таа нивна решеност израснаа генерации кои ја носеа македонската идеја низ прогони, затвори, востанија и војни. Татковината се создаваше низ лелеци и крици, низ постојана жртва, не низ аплаузи и подарени слободи.

Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца. Тоа е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме. А оние кои се шнајдери на историјата што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење, Гоце е Македонија!

Нашиот ред да изградиме држава во која човекот ќе има достоинство, младите ќе имаат надеж, а родителите ќе имаат спокој. Сакам еден ден нашите деца да можат да кажат: „Нашите родители веруваа во Македонија. Останаа исправени кога беше тешко. И ни оставија земја во која вреди да се живее.“ Тоа ќе биде нашиот најголем успех. Тоа ќе биде нашиот одговор пред историјата.

Затоа, да се исправиме пред одговорноста на нашето време! Со сета сила што ја имаме, со сета љубов што ја носиме, да ја направиме оваа земја достојна за соништата на нашите деца!

Ова е нашиот дом. Ова е нашето време. Ова е нашата одговорност.

Свои на своето - денес и за сите што доаѓаат по нас!

Нека е вечен споменот на македонските револуционери.

Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна Италија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Сицилија, соопшти ЕМСЦ. 

Земјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна Италија

Земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот бил на околу 99 километри североисточно од Палермо и 76 километри северозападно од Капо д'Орландо. Засега нема информации за штети или повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет!

ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет!

Ѓорѓиевски: ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет!

Честит и вековит нека е 23 Октомври, денот кога со гордост се поклонуваме пред храброста на оние што својот живот ѝ го посветија на Македонија!

Постојат идеали што времето не може да ги избрише.

Постојат завети што генерациите ги носат како најсвета должност.

Таков е идеалот за слободна, самостојна и достоинствена македонска држава.

Таков е аманетот на македонските револуционери!

ВМРО е темел вграден во македонската борба за државност.

ВМРО е непокор и пркос, решителност да се истрае и тогаш кога цената на слободата е сопствениот живот.

Во неговото историско име живее стремежот на генерации Македонци, да бидат свои на своето!

Денес, нашата должност е тој аманет да го продолжиме со дела.

Да ја чуваме татковината, да го негуваме македонскиот јазик, да ги браниме достоинството и слободата и да создаваме држава во која нашите деца ќе ја гледаат својата иднина.

Пред жртвата на јунаците се поклонуваме.

Пред одговорноста за Македонија стоиме исправено!

Нека биде вечен споменот за нивната борба и нека биде неугаслив пламенот на нивните идеали!

За многу години 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба!

Да е вечна Република Македонија!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер