Новата песна на Ролинг Стоунси за три дена стана глобален хит (ВИДЕО) - Канал 5

Новата песна на Ролинг Стоунси за три дена стана глобален хит (ВИДЕО)

Најновиот сингл на „Ролинг Стоунс“,'Living in a Ghost Town (Да живее во град на духови), објавен во четвртокот, стана химна на повеќето Американци за време на борбата против коронавирусот и хит број еден во повеќе од 20 држави.

Новата песна на Ролинг Стоунси за три дена стана глобален хит (ВИДЕО)

„Мислев дека таа песна со апокалиптички наслов ќе одговара на времето во кое живееме“, изјави Мик Џегер, додавајќи дека е напишана минатата година, но дел од текстот бил адаптиран на моменталната ситуација.

„Кит Ричардс и јас ја сменивме делумно песната “, рече Џегер на промоцијата на новиот сингл објавен по долгата пауза.

'Да се ​​живее во град на духови' е тага поради ограничениот начин на живот, а стиховите се однесуваат на оние кои се присилени на изолација и физичка дистанца низ целиот свет.

„Животот беше толку убав и тогаш сите се затворивме и се изолиравме“, се вели во текстот, додавајќи - Те молам, нека се заврши брзо… Се чувствувам како дух, живеам во град на духови “.

YouTube video

Минатата недела членовите на групата учествуваа во добротворниот концерт финансиран од Светската здравствена организација, организиран од Лејди Гага. Тие го изведоа својот хит „Не можете секогаш да го добиете она што го сакате“.

Џегер рече дека дел од новата песна е завршен во изолација, но дека нема замена за членовите на групата што поминуваат заедно.

Тој додаде дека е тешко да се каже и процени кога групата може да ја продолжи својата светска турнеја, одложена од пандемијата.

"Не знаеме што ќе се случи со турнејата. Не знаеме ниту кога ќе биде следниот фудбалски натпревар. Не знаеме ништо", рече Џегер, жалејќи се што многу луѓе ги загубија своите работни места, но не затоа што не биле способни, туку заради други причини.

„Многумина ги загубија своите работни места ,а не се виновни за тоа. Околностите се вон контрола. Овие се тешки времиња. , но за некои е потешко “, заклучи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таксист од Скопје под закана со нож ограбил Кинез, ќе се гони за разбојништво

МВР расчисти кривично дело разбојништво веднаш по пријавувањето, лишен е од слобода сторителот, следува соодветна пријава .

Таксист од Скопје под закана со нож ограбил Кинез, ќе се гони за разбојништво

На 08.09.2026 во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(29) од Скопје.

Според пријавеното, тој претходно со неговото приватно такси возило го превезол Ј.Т.(26) од Кина на бараната дестинација, по што му побарал да плати повеќе отколку што реално чини превозот. Откако Ј.Т. не се сложил, А.К. со закана со остар предмет му одзел пари.

По целосно документирање на случајот ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесат кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член .237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во неготинско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 07.09.2026 во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга. 

Претрес во неготинско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници.

Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дрон погоди зграда на телевизија во Киев- најмалку петмина вработени се повредени (ФОТО)

Русија денеска изврши директен напад со дрон врз медиумите и новинарите во Украина, погодувајќи ја зградата на телевизиската станица „Ние сме Украина“, која е дел од националниот телефонски маратон „Јунајтед њуз“. 

Руски дрон погоди зграда на телевизија во Киев- најмалку петмина вработени се повредени (ФОТО)

Нападот во Киев се случил среде бел ден, додека новинарите биле во пренос во живо, објави Киев Пост.

Зградата била делумно уништена во нападот, а сите служби веднаш интервенирале на терен. Пожарникарите од Државната служба за вонредни ситуации го изгаснале пожарот, а според досегашните информации, повредени се пет лица. Надлежните служби предупредуваат дека овој број за жал може да расте.

„Европа и светот мора да реагираат“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го осуди нападот во објава на X, велејќи дека ваквите потези откриваат нови димензии на руските злосторства.

„Употребата на дронови од типот Шахед против медиумите претставува нова фаза на руска деградација, на која Европа и целиот свет мора да реагираат“, рече Зеленски. „Ниеден напад врз Украина и Украинците - врз самиот живот - не може да остане неказнет. Русија мора да биде запрена, а тоа е можно само со заеднички сили“.

Зеленски, исто така, ги сподели шокантните сцени од местото на настанот. Фотографиите прикажуваат рането и крваво лице на носилка од амбулантно возило опкружено со лекари и пожарникари, додека други слики покажуваат катастрофална штета на повеќекатната зграда со урнати фасади и скали, скршени прозорци и остатоци расфрлани низ дворот и паркингот околу објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер