Новата песна на Бијонсе предизвика остра дебата: Се повторува, звучи евтино (ВИДЕО) - Канал 5

Новата песна на Бијонсе предизвика остра дебата: Се повторува, звучи евтино (ВИДЕО)

Една од најпопуларните пејачки на денешницата, Бијонсе, ја објави песната Break My Soul шест години по објавувањето на нејзиниот последен албум Lemonade.

Новата песна на Бијонсе предизвика остра дебата: Се повторува, звучи евтино (ВИДЕО)

Песната е првиот сингл од нејзиниот нов, долгоочекуван албум Renaissance, кој наводно ќе биде објавен на 29 јули.

Петминутната песна вклучува дел од песната на Робин С од 1993 година, Show Me Love, а може да се слушне и интерполација на експлозивниот сингл од 2014 година, Big Freedy.

„Се заљубив и дадов отказ“, пее Бијонсе. „Ќе најдам нов погон, по ѓаволите, ме искористуваат. Работам од девет до пет и затоа ми работат нервите. Не можам да спијам навечер.“

YouTube video

Песната предизвика поделени реакции кај фановите.

„Бијонсе ги надмина очекувањата“, напишал еден коментатор.

"Break My Soul не е песна, туку искуство. Ти благодарам Бијонсе", додаде друг.

Сепак, имало и такви кои не биле толку ентузијасти.

„Новата песна на Бијонсе многу се повторува и многу брзо досадува“, напишало едно лице на Твитер.

„Продукцијата звучи евтино и генеричко. Не е според стандардот на Бијонсе“, се согласил друг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Изјавите за „намалена инфлација“, се наменети исклучиво за пропагандни цели

Стандардот на граѓаните опаѓа -  Мицкоски и ВМРО-OКГ немаат економски резултати

СДСМ: Изјавите за „намалена инфлација“, се наменети исклучиво за пропагандни цели

Оваа Влада на Мицкоски од почеток во 2024 година се занимава само со пропаганда.

Без ниту еден реален резултат на полето на економијата и европските интеграции - двете основни теми во нивните предизборни ветувања.

Единственото во што се успешни е криминалот и корупцијата.

Зошто Мицкоски постојано во медиумите ја споредува економијата со 2022 година?

Затоа што во 2022 година беше пикот на енергетската криза, кога инфлацијата кај нас достигна рекордни 19,8 % ама и во целиот свет.

Кога денешната состојба ја споредуваш со најлошиот можен период во поновата економска историја, секој резултат изгледа како „огромен успех“.

Реалните податоци на Државниот завод за статистика за јули 2026 година покажуваат сериозен пораст на цените, транспортот и кај угостителските услуги.

Овие поскапувања директно го јадат буџетот на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за основните прехранбени производи.

Анализата базирана на податоци од Државниот завод за статистика и Народната банка покажува дека куповната моќ на денарот од 2022 година до денес е намалена за околу 30% кај основните производи.

Она што во 2022 година можеше да се купи за 1.000 денари, денес чини 1.300 денари.

Изјавите за „намалена инфлација“, објавите на статистики и графиконите што Мицкоски ги црта на табла се наменети исклучиво за пропагандни цели.

Ниту еден збор, ниту графикон, не може да го убеди граѓанинот дека живее подобро - народот чувствува и живее многу полошо.

Кумулативниот ефект е јасен: цените се заглавени на високо ниво. Ако еден производ во 2022 година поскапел за 16 %, а во 2026 година поскапел за дополнителни 2,3 %, граѓаните денес го плаќаат значително поскапо отколку пред кризата.

Инфлацијата паѓа на хартија, но цените сè поскапени, и се уште растат. Падот од 16 % на 2,3 % значи само дека цените продолжуваат да растат, но со побавно темпо.

За да поевтинат производите во маркетите, стапката на инфлација би морала да биде во минус (дефлација). Се додека бројката е позитивна - цените одат нагоре.

Намалената инфлација во моментов не значи олеснување на животот, туку само стагнација на веќе паднатиот стандард.

Заради својата неспособност и политика на криминални тендери, оваа Влада за само две години ја задолжи Македонија со повеќе од 2,5 милијарди евра. И тоа не во време на криза, кризата со нафтените деривати дојде многу подоцна.

Посебно треба да се напомене дека Орбановиот кредит од 1 милијарда евра (кинески пари) е заем што е под истрага во Унгарија.

Покрај тоа што земја кандидатка за членство во ЕУ зема кинески пари, во истрагата ќе бидат посебно разгледувани каматните стапки и сомнежите за исплатени провизии.

Владата не усвои ниту една единствена мерка што ја предложи СДСМ во кризата, а со која ќе се заштити животниот стандард.

Денес Владата предводена од Мицкоски продолжува со задолжувања секоја недела.

Речиси не поминува недела без нов кредит.

Пензискиот фонд е загрозен, тоа го констатираше и ММФ.

Вториот пензиски столб е под знак прашалник, со реална опасност од национализација на парите што граѓаните ги уплаќале како дополнителна сигурност.

Не е потребна никаква статистика за граѓаните да видат како живеат. Доволно е да погледнат во своите фрижидери и паричници. Сè е празно. Нема графикон што ќе им објасни дека живеат добро и дека сме трета економија во Европа.

Статистиката, лажните вести и Гебелсовата пропаганда не полнат стомаци.

Единствениот пат на Македонија е патот кон Европската Унија, отворање на нов пазар од над 450 милиони жители, претпристапни фондови, грантови и бесповратни средства. Европа нема алтернатива.

Изолацијата што ја спроведува ВМРО-ОКГ и Мицкоски заради своите лични интереси носи богатство и сигурност само за нив.

Граѓаните повеќе не сакаат пропаганда и лаги.

Сакаат правда и подобар живот за себе и за своите семејства.

Скопје, 16.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во 2022 година во јули инфлацијата била над 14 проценти, сега е 2,3 проценти

Инфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската унија, а земјава е втора во регионот според трошоците за живот за месец јули, вели премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Во 2022 година во јули инфлацијата била над 14 проценти, сега е 2,3 проценти

Инфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската унија, а земјава е втора во регионот според трошоците за живот за месец јули, вели премиерот Мицкоски, кој направи споредба со периодот од пред четири години кога, како што рече, инфлацијата била двоцифрена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полски автобус се преврте на автопат во Унгарија – најмалку 12 загинати

Расфрлани куфери, искршени стакла и целосно уништен автобус во канал покрај автопатот. 

Полски автобус се преврте на автопат во Унгарија – најмалку 12 загинати

Ваква слика рано изутринава ги пречека унгарските спасувачки екипи на автопатот М3 во источна Унгарија, каде во тешка сообраќајна несреќа бројот на загинаати се искачи на најмалку 12, а десетици патници се повредени.

Несреќата се случила околу еден часот по полноќ, во близина на градот Мезекерестеш, источно од Будимпешта. Автобусот, кој се движел кон Ниреѓхаза, на прав дел од автопатот, од засега непознати причини, излетал од коловозот и се превртел во канал.

Според полските медиуми во автобусот имало 59 лица – 57 патници и двајца возачи, претежно аџии кои се враќале од БиХ.

Првичните сознанија на унгарската полиција укажуваат дека возачот најверојатно заспал зад воланот, по што е приведен.

На местото на стравичната несреќа биле испратени 14 амбулантни возила, а спасувачките екипи интервенирале кај десетици патници. Поради положбата во која завршил автобусот, спасувачите морале да влегуваат во превртеното возило преку отворите за вентилација и предното ветробранско стакло за да стигнат до повредените и да ги извлечат на безбедно.

– Први на местото на несреќата пристигнаа специјализираните спасувачки единици. Пожарникарите го обезбедија автобусот и местото на несреќата и го исклучија напојувањето на возилото. Веднаш потоа започна спасувањето на патниците преку отворите за вентилација и предното ветробранско стакло. Откако сите беа извлечени од автобусот, беше употребена и механизација за подигнување на возилото. Во интервенцијата учествуваа 32 спасувачи со 12 возила,- изјави – Давид Дојчак, Дирекција за заштита од катастрофи на Унгарија.

Уште рано изутринава за трагедијата се огласи и државниот врв на Унгарија и Полска. Унгарскиот премиер Петер Маѓар изрази сочувство до семејствата на загинатите, на повредените им посака брзо закрепнување, а на спасувачките екипи им се заблагодари за брзата интервенција.

Со порака на сочувство се огласи и полскиот претседател Карол Навроцки, кој соопшти дека со длабока болка ја примил веста за трагедијата и изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски, пак, потврди дека конзуларните служби се во постојан контакт со унгарските власти и работат на координација и утврдување на сите информации за настраданите.

Унгарската полиција продолжува да ги утврдува околностите под кои автобусот излетал од автопатот. Засега, можноста возачот да заспал зад воланот останува главен сомнеж за причината за трагедија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер