Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
1Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
АвтомобилизамНовата Панда со бензински мотор и пониска цена (ФОТО)И покрај големото зголемување на цената, вклучувањето на новиот мотор ја прави понудата на Stellantis подостапна.Новиот адут е Grande Panda. Новата Панда со ново име делумно продолжува по докажаниот пат на својот претходник, барем кога станува збор за цената, која стана многу попристапна со вклучувањето на нов мотор, објави Индекс. Италијанскиот производител дополнително ја проширува понудата на модели и ја претставува третата верзија на овој автомобил. Покрај веќе достапните хибридни и електрични варијанти, сега пристигнува и бензинска верзија со мануелен менувач, која е наменета за возачи кои бараат едноставно и прифатливо решение. Прифатлива цена за пошироката јавност Лансирањето на хрватскиот пазар носи особено интересна понуда. Почетната цена е 15.990 евра со оперативен лизинг, што ја прави Grande Panda еден од најконкурентните модели во својата класа. Токму оваа комбинација од цена и опрема би можела да привлече голем број купувачи кои бараат сигурен градски автомобил. Новата верзија е напојувана од 1,2-литарски трицилиндричен турбо бензински мотор со моќност од 100 КС и 205 Nm вртежен момент, поврзан со 6-степен мануелен менувач. Нуди избалансирани перформанси и економична потрошувачка, особено во градско возење. Достигнува 100 км/ч за 10,6 секунди, максималната брзина е 160 км/ч, а просечната потрошувачка на гориво е 5,7 л/100 км. Опрема прилагодена на секојдневниот живот Моделот е достапен во три нивоа на опрема, POP, ICON и LA PRIMA, кои нудат различни нивоа на технологија и удобност. Основната верзија на POP вклучува мануелен клима уред, дигитална инструмент табла, држач за паметен телефон и низа безбедносни системи, како што се помош при одржување на лента, автоматско сопирање во итни случаи и систем за откривање на замор на возачот. Нивото ICON носи LED светла и поголем екран на допир со безжична поврзаност, додека најопремената верзија LA PRIMA нуди алуминиумски тркала, автоматска клима, навигација и дополнителни системи за паркирање со камера. Седум бои се достапни за купувачите, вклучувајќи бела, црна, црвена, сина и жолта, што дополнително го нагласува модерниот и разигран карактер на Grande Panda. Grande Panda сега доаѓа со три различни погонски склопови: • Бензински мотор од 100 КС со мануелен менувач, • Хибриден систем од 110 КС со батерија од 48 волти и автоматски менувач со двојна спојка • електрична верзија со батерија од 44 kWh и моќност од 113 КС за возење без емисии.Тагови: бензински мотор панда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Добредојде во Охрид за српскиот премиер Ѓуро Мацут!Попладнево во Охрид го пречекав премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во посета на нашата земја.Домаќин на посетата е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји. Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЕвропаШпанската енклава Сеута преплавена од илјадници мигрантиНовиот бран мигранти од Мароко ја стави Шпанија пред една од најголемите гранични кризи во последните години. Околу 49 илјади луѓе за само 24 часа ја преминале границата кон шпанската северноафриканска енклава Сеута, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Најмалку 18 лица го загубија животот при обидот да стигнат до шпанскиот брег, најголем дел од нив по давење во морските води. Сцените од Сеута прикажуваат илјадници мигранти кои пливаат кон брегот, пеш се движат покрај граничната линија или се обидуваат да ги заобиколат заштитните огради. Масовните преминувања продолжиле и во текот на ноќта, создавајќи силен притисок врз градот со околу 85 илјади жители, каде бројот на новопристигнати за само еден ден надмина половина од локалното население. -На почетокот на Кастиљехос поминав низ песоток, а потоа се искачив преку ѕид што и припаѓа на мароканската полиција. Потоа ја поминав границата пливајќи. Испливав околу 200 метри во морето и тоа беше се,- изјави - Мигрант од Мароко кој стигнал во Шпанија. Шпанските власти испратија дополнителни полициски и воени сили за обезбедување на граничниот појас, а премиерот Педро Санчез најави посета на Сеута за да ја координира состојбата на терен. -Ова е срамота, навистина. Едноставното решение што го гледаме е Шпанија да го направи она што го прави Доналд Трамп и да започне со депортирање на луѓето. Пред се, треба да ја распореди морнарицата на границата за да спречи кој било да помине. Ако ова вше срамота во 2021 година, сега е уште полошо. Те молам, Санчез, преземи нешто. Ако не можеш, поднеси оставка,- изјави –Мигрант од Мароко. Мигрантската криза предизвика и политички реакции во Европа. Највисоки италијански функционери побараа Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната, оценувајќи дека не успева ефикасно да ја заштити надворешната граница на Европската Унија. Според европските медиуми, ваквото барање на Рим доаѓа во момент кога европските земји повторно ја отвораат дебатата за заедничката миграциска политика и контролата на надворешните граници. Сепак, Мадрид го одби барањето за прогласување национална вонредна состојба. Европската Унија понуди поддршка на Шпанија. Комесарот за миграција Магнус Брунер на платформата Џ соопшти дека ја изразил „подготвеноста на ЕУ дополнително да ја поддржи Шпанија, меѓу другото и преку Фронтекс, за ситуацијата да биде ставена под контрола“. Тој нагласи дека заштитата на надворешните граници на ЕУ е „суштински дел од нашите напори во борбата против илегалната миграција“.Тагови: мигранти Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЖСПП: Првичните резултати за пената во Вардар се во границите на дозволенотоПрвичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август.Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води. Важно е да се напомене дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано. Со цел прецизно утврдување на состојбата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изврши земање мостри од водата на спорната локација и до Министерството за животна средина и просторно планирање го достави прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води. Дополнително, по барање на ДИЖС, земени се мостри и од акредитирана лабораторија, чиј финализиран извештај ќе биде доставен до Инспекторатот и до Министерството за животна средина и просторно планирање во вторник, 4 август 2026 година, по што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за конечните резултати. ДИЖС и понатаму ќе дејствува бескомпромисно преку редовни и вонредни надзори, со цел да се обезбеди целосна заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Министерство за животна средина и просторно планирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter