Новата долгорочна стратегија на УЕФА нуди можност за развој на македонскиот женски фудбал - Канал 5

Новата долгорочна стратегија на УЕФА нуди можност за развој на македонскиот женски фудбал

Европските фудбалерки можеби не се на исто рамниште со своите машки колеги во популарноста која уживаат, професионалниот статус и заработката, но женскиот фудбал континуирано се развива.

Новата долгорочна стратегија на УЕФА нуди можност за развој на македонскиот женски фудбал

Европските фудбалерки можеби не се на исто рамниште со своите машки колеги во популарноста која уживаат, професионалниот статус и заработката, но женскиот фудбал континуирано се развива, а во годините кои доаѓаат ќе досегне нови височини со продолжување на стратешката помош од Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Европскиот женски фудбал незапирливо расте

Бројките кои илустрираат во која насока изминатите години се движеше женскиот фудбал се импозантни подеднакво како што е импозантен развојот и сè поголемата популарност на оваа игра меѓу женската популација и гледачите.

Последното Европско женско фудбалско првенство, кое во 2022 година се одржа во Англија, донесе рекордна посетеност на стадионите од 574.875 гледачи, или повеќе од двојно споредено со претходното ЕУРО 2017 во Холандија (240.055 гледачи). Финалето на „Вембли“ во јули 2022 година, во кое Англија ја совлада Германија, исто така, донесе рекордна посетеност од 87.192 гледачи. Само три месеци претходно, беше поставен и апсолутниот рекорд според посетеност на женски фудбалски натпревар во светски рамки, кога полуфиналето во Лигата на шампиони меѓу Барселона и Волфсбург на „Камп Ноу“ го следеа 91.648 гледачи.

Официјалните податоци на УЕФА покажуваат дека бројот на судии во женскиот фудбал порасна во сезоната 2023/24 за 104 проценти споредено со 2019/20, на 16.548, а бројот на лиценцирани женски тренери за 36 проценти во истиот период, на вкупно 25.921.

Паралелно со ова, заклучно со сезоната 2023/24, бројот на професионални клубови во Европа со сениорски и младински женски екипи се искачи на 583, додека бројката на аматерски клубови со сениорски и младински женски екипи надмина 50.000.

Овој неверојатен раст на европскиот женски фудбал е резултат, делумно, на првата стратегија која УЕФА ја усвои во 2019 години под наслов „Време за акција (Time for action)“ поставувајќи ти темелите за забрзан развој на женскиот фудбал.

„Време за акција“ го иницираше токму тоа, а со новата долгорочна стратегија која УЕФА ја донесе на почетокот на овој месец, насловена „Незапирливо (Unstoppable)“, летвичката е крената уште повисоко и целта е фудбалот да прерасне во најпопуларен спорт меѓу женската популација во Европа до 2030 година.

-Како што влеговме во оваа возбудлива нова ера, мораме да продолжиме со истата страст што нè доведе до тука. Нашата посветеност на каузата останува силна како и секогаш. Нашата мисија е едноставна – да му помогнеме на женскиот фудбал да добие истакнато место во европската спортска заедница, порача претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакнувајќи дека новата стратегија е „резултат на обемна соработка со фудбалските чинители низ Европа и го прикажува планот на УЕФА да ја негува и развива следната генерација играчи, тренери, судии, волонтери и навивачи“ во светот на женскиот фудбал.

Меѓу стратешките цели на УЕФА со новиот долгорочен план е бројката на професионални фудбалерки од 3.049, колку што беа регистрирани заклучно со минатата сезона, да се искачи на 5.000 до 2030 година, а женските професионални лиги, од единствената која функционираше во 2019 година, да порасне на шест во следните шест години.

Според извршниот директор на УЕФА за женски фудбал Надин Кеслер, „европскиот женски фудбал никогаш не бил на подобро место“, а националните тимови и клубовите напредуваат благодарение на огромните инвестиции, подобрувањето на системот на натпреварување и илјадниците нови можности за професионален ангажман.

„Женскиот фудбал во Европа стана спорт за масите, привлекувајќи постојано растечка и разновидна база на навивачи и партнери кои од срце придонесуваат за неговиот раст. Нашата мисија е да продолжиме да инвестираме и колективно да ја водиме играта напред, со сите европски национални асоцијации, лиги, клубови, играчи, навивачи и партнери како дел од нашето патување – затоа што женскиот фудбал е незапирлив“, истакна Кеслер.

Правилна стратегија и инвестиции се клучни за развој на македонскиот женски фудбал

Според претседателот на трикратниот македонски женски фудбалски првак и актуелен бранител на титулата ЖФК Љуботен, Драгољуб Јовановски, македонскиот женски клупски и репрезентативен фудбал организациски и финансиски несомнено заостанува зад многу од европските земји.

- Состојбата во која денес се наоѓа македонскиот женски фудбал е на многу подобро ниво отколку пред неколку години, бидејќи последните три до четири години нивото на квалитет се зголемуваше. За жал, оваа сезона имаме стагнација, па дури би рекол можеби и надолна линија. Тоа се должи на нестабилноста на клубовите од финансиски аспект и неможноста да го издржат трендот на зголемување на платите поради фактот што ниту еден македонски клуб нема доволно стабилен финансиски буџет, вели Јовановски за МИА.

За реализација на своите стратешки цели, УЕФА објави дека во следниот шестгодишен период ќе инвестира рекордни една милијарда евра и тесно ќе соработува со сите 55 европски фудбалски национални федерации.

Од новата стратегија на УЕФА, како што вели Јовановски, домашните клубови и националните селекции ќе имаат голем бенефит за својот развој, но неопходна ќе биде реализација на добро осмислени долгорочни мерки, пред сè од Фудбалската федерација на Македонија и клупските раководства.

- Оваа нова долгорочна стратегија на УЕФА цели женскиот фудбал да го израмни со машкиот и од овие стратегии македонските клубови можат да имаат само плус. Сепак, сè зависи од односот на тие што ги водат клубовите, дали и како ќе ги насочат овие придобивки. Доколку истите се насочат во вистински правец и правилно се искористат, бенефитите ќе бидат огромни, како за клубовите, така и за девојките. Тука главната улога несомнено треба да ја има Фудбалската федерација на Македонија, која треба вистински да застане во развој на женскиот фудбал и успешно ги реализира проектите дадени од УЕФА, додава Јовановски.

Во настојувањето да ги провлече младите девојки кон фудбалската игра, аматерски или професионално, УЕФА со години наназад за домаќини на европските првенства во младинските категории до 17 и до 19 години избира земји во кои женскиот фудбал е недоволно развиен.

Привилегија да биде домаќин на таков континентален собир имаше и Фудбалската федерација на Македонија на која ѝ беше доделена организацијата на У19 Европското првенство, а воведниот натпревар кој се одигра на 24 мај 2010 година во Скопје меѓу македонската и шпанската репрезентација привлече 8.000 гледачи што во тоа време беше рекордна посета во европски рамки на фудбалски натпревар на фудбалерки до 19 години.

Иако тоа засега е единствениот настап на една македонска женска селекција на голем континентален турнир, успесите на репрезентативен план сè се почести. Македонската фудбалска репрезентација до 19 години избори пласман во елитната А дивизија и следната недела ја очекува настап на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство 2025 во група во која за противници ќе ги има моќните Португалија, Франција и Словачка. Истиот успех оваа есен за малку не го повтори и македонскиот национален тим до 17 години, испуштајќи го пласманот во А дивизијата во евроквалификациите само поради послаба гол-разлика на квалификацискиот турнир во Унгарија, додека сениорската репрезентација беше на чекор до историски успех и пласман во баражот за Европското првенство 2025.

Оваа сезона и ЖФК Љуботен испиша историја, забележувајќи победа во квалификациите во Лигата на шампиони, а триумфот на тетовскиот клуб над велшкиот првак Кардиф Сити беше прв за еден македонски клуб во женското елитно клупско натпреварување по пауза од 12 години

Јовановски вели дека овие успеси се показател дека македонскиот женски фудбал има иднина, но потребно е многу поголемо вложување во многу сегменти и правилен развој на фудбалерките.

„Дека македонскиот женски фудбал има иднина, тоа е несомнено. За тоа говорат и успесите на младинските селекции, но тука некако застануваме. Немаме континуирана и високо професионална работа со сениорските екипи, па затоа доаѓа до стагнација, откажување на младите девојки од фудбалот и слично. Затоа ни се случува да имаме убедливи победи на нашите младинските селекции, но со истите репрезентации на сениорско ниво бележиме порази, а репрезентативките се горе – долу истите. Тоа се должи на фактот што во самите клубови немаме правилен тренажен процес и професионализам во сениорските екипи“, заклучува Јовановски. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик е сè поблиску до заминување од клупата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Иако раководството на клубот одлучи да му даде дополнително време по поразот од Борнмут, сè поголеми се шансите англискиот стручњак наскоро да добие отказ.

Според информациите на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), челниците на Јунајтед сè уште се држат до првичниот план – детално да ја проценат ситуацијата за време на ноемвриската репрезентативна пауза.

Сепак, сè поизвесно е дека извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс ќе им предложат на косопственикот Џим Ретклиф и на семејството Глејзер да го сменат Керик. Капка која може да ја прелее чашата е нерешениот резултат против Астон Вила (4:4).

Јунајтед моментално се наоѓа на 18-тото место во Премиер лигата и го бележи својот најлош почеток на една домашна сезона во последните 40 години.

Манчестер Јунајтед веќе разгледа неколку опции за наследник на Керик. Како што претходно објави Би-Би-Си (BBC), клубот ја испитуваше можноста за ангажирање на поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и поранешниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

Антонио Конте, исто така, покажа интерес за работа на „Олд Трафорд“, додека, според неколку извори, и Маурисио Покетино е отворен за враќање во клупскиот фудбал.

Сепак, ситуацијата со Покетино не е едноставна, со оглед на тоа што аргентинскиот стручњак во август го продолжи договорот со националниот тим на Соединетите Држави.

Наводно, неговиот договор содржи клаузули кои би му овозможиле да замине доколку добие понуда од одредени големи клубови.

На Керик му е дадена уште една шанса по поразот од Борнмут, но резултатите не ја оправдаа довербата на раководството. На последните десет првенствени натпревари, Јунајтед забележа само една победа, учинок што ги доведе до 18-тото место на табелата.

Со 19 примени гола, тимот има една од најслабите одбрани во Премиер лигата; повеќе голови примиле само Кристал Палас и Ипсвич.

Особено загрижувачки е фактот што „Јунајтед“ има само три победи на 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Ова е најлошиот учинок во последните 40 години, токму на годишнината од доаѓањето на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“.

Поразите од Манчестер Сити, Брајтон и Борнмут, како и натпреварите што завршија нерешено – при што тимот ја испушташе предноста во завршницата – претставуваа посебен удар.

Незадоволството станува сè повидливо и во самата соблекувална.

Лисандро Мартинез јавно ја критикуваше летната трансфер-политика на клубот, префрлајќи ја одговорноста врз спортскиот директор Џејсон Вилкокс. Дури и Бруно Фернандеш не го криеше своето незадоволство, па по поразот од „Кома“ (Манчестер Сити), упати критики кон тактиката на Керик.

На Карик му беше дадена шанса да ја промени ситуацијата, но резултатите и понатаму се под очекувањата.

Управата сега ги разгледува следните чекори, а сè поизвесно е дека Керик би можел да ја плати цената за катастрофалниот почеток на сезоната.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но неговата позиција е сериозно разнишана. Манчестер Јунајтед наскоро би можел да започне нова потрага по тренер, во обид да ја спаси сезоната која веќе е далеку од очекувањата на навивачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер