ВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор
2ВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор
ЗабаваНовата девојка на Пике провоцира: Разголена танцува на песна на Шакира (ВИДЕО)Клара Чиа Марти, 23-годишната студентка за односи со јавноста и новата девојка на фудбалерот Жерар Пике, заигра секси танц во ритамот на песната на Шакира Te felicito.Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето не се сигурни дали Клара со ова сакала да ја понижи својата претходничка или навистина ужива во нејзината музика. La novia de Piqué bailó una canción de Shakira y desata escándalo en redes Clara Chia Martí apareció en un video en Instagram moviendo las caderas al ritmo de "Te Felicito". pic.twitter.com/CBb4u3dDJE — ITR Oficial (@ITROriginal) August 24, 2022 Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина. Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона. Според The Sun, Клара работи за филмската и ТВ продукциската куќа на Пике Космос, надгледувајќи специјални настани. Клара на својот Инстаграм објавува атрактивни фотографии и често позира во долна облека, но и топлес. Шакира наводно не е среќна што Пике се појавил во јавност со Клара, пишува Daily Mail. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор да не се појавуваат во јавноста со новите партнери во првата година по разводот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВитаминка донираше флаширана вода за граѓаните на ГостиварКако одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење.Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите основни потреби. Свесна за сериозноста на состојбата и за значењето на навремената реакција, Витаминка веднаш се вклучи со конкретна поддршка за локалната заедница. „Кога една заедница се соочува со предизвик кој директно влијае врз секојдневието и здравјето на граѓаните, потребна е брза и конкретна реакција. Како компанија која со децении е дел од ова општество, чувствуваме одговорност да бидеме присутни токму кога поддршката е најпотребна. Веруваме дека солидарноста најсилно се покажува преку дела и се надеваме дека оваа донација барем делумно ќе им го олесни секојдневието на жителите на Гостивар“, велат од Витаминка. Во вакви околности, навременото вклучување и конкретниот придонес од деловниот сектор можат значително да помогнат во задоволувањето на најитните потреби и полесното надминување на последиците од кризата. Компанијата ќе продолжи внимателно да го следи развојот на состојбата, со надеж дека проблемот ќе биде решен во најкраток можен рок и дека граѓаните на Гостивар наскоро повторно ќе имаат непречен пристап до безбедна вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ФудбалАргентинците со петиција бараат повторување на финалето на Светското првенство?!Аргентинците бараат повторување на финалето на Светското првенство?! Тврдат дека натпреварот бил обележан од корумпираниот судија Винчиќ.Авторот на петицијата, Гизела Санчез, тврди дека финалето на Светското првенство било „извалкано со контроверзно и корумпирано судење“. Повеќе од 100.000 аргентински навивачи потпишаа петиција со која бараат од ФИФА да се преигра финалето на Светското првенство против Шпанија. Тие сметаат дека натпреварот бил одбележан со скандалозното судење на Словенецот Славко Винчиќ и бараат финалето да се одигра повторно, со друг судија. Авторот на петицијата, Гизела Санчез, тврди дека финалето е „извалкано од контроверзно и корумпирано судење“ и ја повикува ФИФА темелно да ги истражи сите спорни ситуации. Во описот на петицијата се наведува дека дозволувањето на вакви настани би му наштетило на угледот на фудбалот и се бара финалето да се повтори „без влијание на корумпиран судија“. Шпанија ја освои титулата светски првак откако ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата во финалето одиграно во Њу Џерси. Шпанците беа подобриот противник во текот на речиси целиот натпревар, а Аргентина не упати ниту еден удар кон голот на противникот сè до 122-рата минута. Единствениот гол го постигна Феран Торес во 106-тата минута. Претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина, Клаудио „Чики“ Тапиа, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство и им порача на навивачите да не бараат оправдувања во теории на заговор. Аргентина загуби од Шпанија во финалето на Светското првенство, а по голот на Феран Торес и крајот на соништата за одбрана на титулата, во земјата почнаа да кружат бројни приказни за наводен надворешен притисок, вмешаност на ФБИ, закани кон семејствата и други објаснувања за поразот. Лионел Скалони и Роберто Ајала беа првите што ги отфрлија таквите тврдења, признавајќи дека Шпанија била подобра, а сега истото го стори и Тапија. „Не наседнувајте на лагите. Тие беа супериорни, нè победија фер и чесно“, напиша претседателот на АФА на социјалните мрежи. Во подолга порака, Тапија потоа ја повика нацијата достоинствено да го прифати поразот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен секторСо јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација,Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се трите системски закони, претставува најзначаен резултат од реформскиот процес. Со овие законски решенија се воспоставува современа и стабилна рамка за поефикасно функционирање на јавната администрација, заснована на професионалност, отчетност, стручност и квалитетни услуги за граѓаните. Владата посветено работи и на унапредување на статусот и условите за работа на административните службеници, при што во партнерство и конструктивен дијалог со синдикатите, преку колективните договори, се постигна историски договор за континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. Овие преземени мерки претставува силна потврда дека реформите не се само нормативни промени, туку конкретни политики кои директно придонесуваат за подобрување на стандардот, мотивацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна определба, јавната администрација да не биде бирократска пречка, туку ефикасен, транспарентен и достапен сервис за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на спроведување на реформите кои обезбедуваат стабилен, функционален и европски ориентиран јавен сектор, во интерес на сите граѓани и на развојот на државата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00