Новата анкета покажа дека десничарската АфД е прва политичка сила во Германија - Канал 5

Новата анкета покажа дека десничарската АфД е прва политичка сила во Германија

За прв пат во анкета на јавното мислење, десничарската Алтернатива за Германија (AfD) води со цели пет процентни поени пред владејачката Христијанско-демократска унија CDU/CSU, објавуваат германските медиуми.

Новата анкета покажа дека десничарската АфД е прва политичка сила во Германија

Во анкета на јавното мислење спроведена од Институтот Инса за неделното издание на дневниот весник „Билд“, на прашањето за кого би гласале доколку парламентарните избори се одржат оваа недела, 28 проценти од испитаниците ја избрале AfD.

Актуелно владејачката Христијанско-демократска унија CDU/CSU би гласала за 23 проценти, што е најниско од минатогодишните избори. Помалиот партнер во владата, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), би добила 13 проценти, еден од најниските резултати досега за оваа партија на федерално ниво. Партијата на зелените исто така би била избрана од 13 проценти од анкетираните, а партијата на левицата од 11 проценти.

Според овие вредности, коалициската влада на Фридрих Мерц нема да има парламентарно мнозинство.

AfD се консолидира на врвот

И оваа анкета покажува дека AфД се етаблирала на врвот на популарноста на федерално ниво од март, кога за прв пат ги престигна демохристијаните.

Анкетата, исто така, покажува тренд на стабилизирање на популарноста на AfD и на федерално ниво. Досега, AfD постигна најдобри резултати на истокот од земјата, но на овогодишните избори за покраинските парламенти во западните федерални држави Баден-Виртемберг и Рајнска област-Пфалц, постигна рекордни резултати.

Во септември, избори се одржуваат и во источните федерални држави Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија и градот-држава Берлин. Во Саксонија-Анхалт, според сегашните проценки, AfD би можела да постигне апсолутно мнозинство и за прв пат да ја преземе власта во федерална држава.

Една година по преземањето на власта, владата на Фридрих Мерц забележа рекордно ниво на незадоволство на граѓаните, а Мерц е еден од најнепопуларните канцелари во повоена Германија. Делови од AfD, која вклучува бројни покраински ограноци, се регистрирани како докажана десничарска екстремистичка партија од страна на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок и се под надзор на тајните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Османи: Која задача ќе ја извршува новиот пратеник за ЕУ, Фетаи?

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на опозициската ДУИ, Бујар Османи реагираше на поставувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален пратеник на Македонија за Европската унија.

Османи: Која задача ќе ја извршува новиот пратеник за ЕУ, Фетаи?

Османи прашува кој ќе биде неговиот мандат со оглед дека Македонија има амбасадор и дипломати што работат во европските институции.

„Македонија има постојана мисија при Европската унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата мисија, министерството за надворешни работи и министерството за европски прашања“,вели Османи и додава дека не треба да се создава паралелен политички канал во Брисел.Фетаи, кој како вицепремиер беше кадар на ВРЕДИ, на почетокот на јуни поднесе оставка од функцијата, откако претходно извесен период отсуствуваше од работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Ви плукнаа во лице со назначувањето на Фетаи во Брисел! Како се чувствувате сега?

Награда за неодговорност, плата од народот, функција во Брисел — ова е вистинското лице на власта без осет!

ЛДП: Ви плукнаа во лице со назначувањето на Фетаи во Брисел! Како се чувствувате сега?

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува срамната и скандалозна одлука на Владата за именување на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за нов специјален пратеник во Европската Унија. Ова назначување претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување.

Владата уште еднаш докажа дека нема ниту осет, ниту срам кога станува збор за трошење на народните пари и поделба на лукративни или измислени фотелји.

Граѓаните уште помнат како истиот овој “функционер” со месеци не се појавуваше на работните состаноци и ги бојкотираше владините седници, додека од џебот на најсиромашниот народ во Европа редовно му легнуваше функционерска плата.

Наместо да сноси одговорност за своето неработење, Фетаи безрбедно се потсмеваше со јавноста објавувајќи фотографии од Бангкок, за денес, од истите тие граѓани кои ги игнорираше, да биде награден со функција и привилегии во Брисел.

Премиерот не само што се посрамоти туку и капитулираше. Дополнителен срам и потврда за партиската самоволие е фактот што Фетаи за назначувањето на оваа висока државна позиција се пофали преку социјалните мрежи и му се заблагодари на премиерот во објава напишана исклучиво на вториот официјален јазик.

Каков сигнал испраќа оваа Влада до Брисел кога за специјален претставник именува човек чија единствена докажана „квалификација“ е неработењето и избегнувањето на обврските?

Ова е скандалозна порака дека во Македонија неодговорноста се наградува, а државните позиции се користат како приватен банкомат за задоволување на апетитите на власта. Истата таа неодговорност што носи трагедии, пожари, труења, епидемии и човечки жртви.

ЛДП бара итна ревизија на оваа одлука и стопирање на практиката со која дипломатијата се претвора во засолниште за партиски кадри без резултати. Граѓаните заслужуваат функционери кои ќе работат во нивен интерес, а не политичари кои си поигруваат со нивното достоинство.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија

Мицкоски ја труе цела Македонија - По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид.

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија

Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово....

По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење.

Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место.

Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар.

Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата.

Секој си ја тера својата приказна.

Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето.

Срам.

На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните.

Ќе ја отрујат цела Македонија.

Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме?

Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод.

Мицкоски ветува едно.

Клековски не презема одговорност.

Епидемија на жолтица е во тек. Сè уште нема одговорни.

Никој не ставил потпис.

Никој не ставил печат.

Никој не гарантира со своето име и презиме.

Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола за користење на техничката вода во Гостивар.

Нема анализи.

Нема одговорно лице.

Нема име и презиме.

Само лаги, измами и префрлање одговорност.

Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер