АФД на рекордно високо ниво, ЦДУ сè повеќе заостанува - Канал 5

АФД на рекордно високо ниво, ЦДУ сè повеќе заостанува

Алтернативата за Германија (АФД) достигна рекордни 28 проценти во анкетата на ИНСА, проширувајќи ја предноста пред ЦДУ, додека другите партии стагнираат или опаѓаат.

АФД на рекордно високо ниво, ЦДУ сè повеќе заостанува

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АФД) достигна рекордни 28 проценти во најновата неделна анкета на ИНСА, зголемувајќи ја својата предност пред владејачките конзервативци за четири процентни поени.

Ова е најдобриот резултат на АФД во анкетата на ИНСА, за еден процентен поен повеќе од претходната недела, објави Ројтерс. Конзервативниот канцелар на ЦДУ, Фридрих Мерц, остана на 24 проценти, додека Зелените паднаа на 12 проценти.

СПД е стабилна на 14 проценти, додека Левицата е на 11 проценти. Со околу 11 проценти од гласовите што ќе одат кај партиите што не го поминуваат прагот, за владејачко мнозинство би биле потребни најмалку 45 проценти меѓу парламентарните партии.

Доколку продолжи одбивањето за соработка со АФД, единствените одржливи влади би биле коалиции од три партии. Комбинација од ЦДУ, СПД и Зелените би имала околу 50 проценти, додека сојуз од ЦДУ, СПД и Левицата би достигнал 49 проценти.

Анкетата е спроведена на примерок од 1.203 испитаници помеѓу 20 и 24 април, со прашање како би гласале доколку изборите се одржат во недела.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 29.10.2026 во 20:15 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода С.С.(49) од Велес. 

Претрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При преглед на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети.

С.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во Кавадарци

Година на големи инвестиции и развој.

Градоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во Кавадарци

Градоначалникот Митко Јанчев презетираше отчет за сработеното во Општина Кавадарци.

-Една година работа, големи чекори за Кавадарци. Во изминатата година Кавадарци продолжи да се развива со силно темпо, преку реализација на капитални проекти кои создаваат подобри услови за живот, современа инфраструктура и нови можности за сите наши сограѓани, изјави Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во Јегуновце

Поминаа пет години, градоначалникот на ВМРО-ОКГ Димитар Костадиноски не ги исполни ветувањата пред граѓаните.

Јанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во Јегуновце

Вети противпожарно возило кое што е изгласано од советот, за потоа да го поништи тендерот , не е реализирано ова ветување.

Пат кој што е асфалтиран во времето кога СДСМ беше локалната власт, во 2020 година и беше без поголеми оштетувања ,сега е изваден асфалтот и пак ќе го асфалтира.

На ОЈП Јегуновце кое што е загубар, секој месец му се префрлаат пари, од 300 до 400 000 денари.

Но затоа спроведува партизација, во планот за систематизација се предвидени нови работни места.

Ја затвори единствената библиотека во Општината, зградата на библиотеката ја пренамени во училиште , без притоа да има минимални услови за настава.

Во неколку квадрати се направени 2-3 училници , нема простор ниту услови за настава.

Учениците од 1ви септември се носеа со комбиња во с.Враттница, по 20-25 ученика во едно комбе.

Во спортската сала, која е во импровизирани училници, нема ниту минимални услови за учење.

Но затоа удри по џебот на народот.

Зголемен е надоместокот за градба на семејни стамбени и деловни згради,линиски и инфраструктурни објекти.

Зголемен е паушалот за собирање на отпадот за 25%.

Го зголеми данокот на имот 2 до 3 пати.

А Јегнувце нема пари. Па каде завршуваат овие пари?

После две години локална власт на ВМРО и Костадиновски граѓаните гледаат неспосодбност, неисполенти ветувања и удар по стандардот на народот.

YouTube video

Стефан Јанчевски, претседател на Општинската организација СДСМ, Јегуновце

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер