Новак Ѓоковиќ сепак ќе може да настапи на Вимблдон - Канал 5

Новак Ѓоковиќ сепак ќе може да настапи на Вимблдон

Најновите вести од Англија велат дека Новак Ѓоковиќ сепак ќе може да игра на Вимблдон, иако најдобриот тенисер на светот не сака да се вакцинира против корона.

Новак Ѓоковиќ сепак ќе може да настапи на Вимблдон

Тим Хенман, поранешен тенисер, а сега еден од клучните луѓе во организацијата на британскиот грен слем, изјави: „Вимблдон ќе ги следи препораките на владата на оваа земја, па за учество на турнирот ќе биде потребен антигенски тест, а не задолжителна вакцинација“. Така, Ѓоковиќ би можел да ја одбрани минатогодишната титула во Ол Ингланд Клубот, што беше негова шеста на Вимблдон.

Како што е познато, одбивањето на Ѓоковиќ да се вакцинира, го чинеше играње на Австралија опен, каде исто така ќе ја бранеше титулата, но тој инсистира да не се вакцинира и рече дека е подготвен да се откаже од ловот на нови трофеи и рекорди.

Но, организаторите на некои турнири не ја поставуваат вакцинацијата како услов за учество, па Ѓоковиќ моментално е во Дубаи. Покрај овој турнир тој добил покана и на оној во Рим.

Што се однесува до Ролан Гарос, таму прво рекоа дека ќе може да настапи, но потоа ја смениле одлуката со тоа што вакцинацијата е задолжителна. УС Опен, последниот Грен слем во годината е далеку и не се знае какви ќе бидат условите за таму.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“.

„Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп.

Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание.

„Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Официјална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков.  

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање.

Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика.

Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер