Новак Ѓоковиќ пред Лука Модриќ избран за спортист на Европа за 2018 г.

Лидерот на светскиот тенис Новак Ѓоковиќ повторно е избран за најдобар спортист на Европа во изборот на 23 новински агенции од Европа, во организација на Полската новинска агенција ПАП.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 145 гласови го освои вредното признание, со 13 гласови помалку втор во изборот е најдобриот светски фудбалер Лула Модриќ, на третата позиција по гласањето на новинарите од Европа е шампионот во Формула А , Луис Хамилтон.

За Ѓоковиќ кој во 2018 година се врати на првата позиција на АТП листата, ова е трета круна најдобар спортист на Европа во годината во изборот на ПАП.

Меѓу десетте најдобри европски спортисти во 2018 се и скијачката Естер Ледецка, биатлонецот Мартин Фуркад, скијачот Марсел Хиршер, крос кантри скијачката Марти Бјерген, фудбалерот Гризман, атлетичарот Кевин Мајер, тенисерката Симона Халеп и ски скокачот Камил Штох.

Во изборот на ПАП за најдобара европски спортист , кој се организира од далечната 1958 година учествуваат новинските агенции од Франција, Романија, Холандија, Австрија, Турција, Албанија, Белгија, Бугарија, Чешка, Германија, Шпанија, Литванија, Хрватска, Португалија, Молдавија, Унгарија, Словенија, Србија, Русија, Словачка, Украина и Полска.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер