Нова студија открива која нездрава храна е најштетна за мозокот - Канал 5

Нова студија открива која нездрава храна е најштетна за мозокот

Научниците ја анализирале пирамидата на нездрава храна за да откријат кои продукти се најштетни за нашиот мозок.

Нова студија открива која нездрава храна е најштетна за мозокот

Новото истражување, спроведено од експерти од Вирџинија Тек, покажало дека ултра-преработеното месо и зашеќерените пијалоци се најлошиот избор за когнитивното здравје, а нивното редовно консумирање значително го зголемува ризикот од деменција и Алцхајмерова болест, пишува Science Alert.

Детали за обемната студија

Истражувачите користеле податоци од „Студијата за здравје и пензионирање на Универзитетот во Мичиген“ и го следеле здравјето на 4.750 Американци над 55 години во текот на седум години, од 2014 до 2020 година. Когнитивниот статус на учесниците бил проценуван на секои две години за да се утврди како нивната исхрана влијаела врз функцијата на мозокот.

Претходните студии веќе ја поврзале ултра-преработената храна (UPF) со низа здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања, анксиозност, депресија, па дури и зголемена смртност. Но, ова истражување отиде чекор понатаму и се обиде да одговори на прашањето - кои намирници се најголемите виновници?

Најопасната комбинација за мозокот

Одговорот, за жал, вклучува некои од најпопуларните „среќни“ намирници. Зашеќерените пијалоци како газираните пијалоци и високо преработеното месо, како оние на пицата, се покажале како најопасни. Комбинацијата на таква храна, заклучуваат научниците, претставува двоен удар за мозокот.

За да го проценат когнитивниот пад, истражувачите користеле стандардни тестови за меморија, како што се моментално и одложено потсетување, и други задачи како што е броење наназад. За време на студијата, 1.363 учесници развиле когнитивно оштетување.

Што велат бројките?

Анализата покажала дека луѓето кои консумирале само една дополнителна порција ултра-преработени животински производи дневно имале 17 проценти поголем ризик од развој на когнитивни проблеми. Засладените пијалоци, како што се газираните пијалоци, ладните чаеви и шеќерните овошни пијалоци, биле само малку помалку штетни - една дополнителна порција дневно го зголемила ризикот за 6 проценти.

Интересно е што студијата не пронашла значајна врска помеѓу вкупната потрошувачка на ултра-преработена храна и зголемениот ризик од когнитивно оштетување. Истото важи и за други категории како што се намази, слатки, солени закуски, производи на база на житарки, млечни производи или готови оброци.

Едноставен начин до поздрав мозок

Ова истражување сугерира дека постои едноставен, иако не мора да значи лесен, начин за заштита на здравјето на мозокот: промена на вашата исхрана за да се избегне ултра-преработено месо и газирани пијалоци.

„Постојат работи што можете да ги промените“, вели Бренда Дејви, професорка на Вирџинија Тек и коавторка на студијата. „Станува збор за умереност и да бидете разумни и избалансирани во вашиот избор на храна.“

Сепак, проблемот е распространетоста на таквата храна. Податоците покажуваат дека околу 65 проценти од храната и 38 проценти од пијалоците купени од американските домаќинства во 2020 година спаѓаат во категоријата ултра-преработена храна, која се карактеризира со висок степен на индустриска преработка и присуство на вештачки бои, вкусови и емулгатори. Покрај тоа, и помладата генерација и постарите лица консумираат повеќе од половина од нивните дневни калории од такви извори.

Клучот е во вештината на готвење

Авторите на студијата сугерираат дека часовите по готвење би можеле да бидат клучна здравствена интервенција. Знаењето што да се јаде и како да се подготви може да биде половина од битката во донесувањето подобри одлуки за исхраната.

Како што заклучува научникот Бен Кац од Технолошкиот универзитет во Вирџинија: „Едно е да се следи диета, а друго е да се стекнат луѓето со готварски вештини за да ја подготват таа диета.“ Иако статистиката за нездрава храна може да изгледа застрашувачка, барем постои јасна и остварлива стратегија за борба против когнитивниот пад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. 

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто денес започна во 7 часот утринава.

Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер