Нова шокантна трансформација на Емина Јаховиќ (фото/видео) - Канал 5

Нова шокантна трансформација на Емина Јаховиќ (фото/видео)

- Обожавателите ѝ порачаа: „Ќе станеш како Мајкл Џексон“! 

Нова шокантна трансформација на Емина Јаховиќ (фото/видео)

Популарната пејачка Емина Јаховиќ изгледа сè помладо, а тоа воодушевува многу нејзини обожаватели.

Пејачката Емина Јаховиќ (41) на музичката сцена е со години, па имавме можност да ги проследиме сите фази од нејзиниот професионален развој. Паралелно со тоа, додека беше под рефлекторите, бевме сведоци и на физичките промени на нејзиното лице. Тие промени беа најочигледни кога кон крајот на јануари таа се појави во Штарк арената на „Церемонијата по повод доделување на музичките награди“. Меѓутоа, дури и најжестоките противници на естетската хирургија го пофалија нејзиниот изглед, велејќи дека таа умерено го коригирала своето лице.

Неодамна, Емина на Инстаграм објави фотографија на која ретко кој би ја препознал. Пејачката позира во шарени шорцеви и бела „кроп“ маичка која го открива нејзиниот стомак. За нејзиниот младешки изглед придонесува и нејзината фризура со плетенки. Јаховиќ на фотографијата изгледа како тинејџерка, па многумина би се согласиле дека не би ни претпоставиле дека таа е во петтата деценија. Сепак, трансформацијата во однос на онаа од пред неколку месеци е очигледна.

И покрај бројните коментари со пофалба, некои фанови прокоментирале дека Емина малку претерала со „филерите“ или филтрите, па покрај бројните рекации се најде и ваков коментар:

-Те молам, само немој да станеш како Мајкл Џексон – гласеше коментарот алудирајќи дека познатата пејачка, како и кралот на поп музиката, претерала со естетските корекции или пак оди кон тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер