МакедонијаНова мерка на НБРМ: Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банкитеПо вонредните инспекциски контроли на менувачниците – НБРМ со нова превентивна мерка.Овозможува менувачните да може да купуваат евра од банките, доколку се соочуваат со недостаток на девизи. Пред Народната банка е Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Очигледно менувачкиот пазар е под притисок – прашањето е дали е фиктивен или реален? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИ утре многу топло време со температура до 35 степени, наместа со дожд и грмежи Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 22 Попова Шапка, 28 Крушево, 31 Берово, Лазарополе, 32 Маврови Анови, 33 Охрид, Претор, Прилеп, 34 Крива Паланка, 35 Тетово, Битола, Гевгелија, 36 Штип, Виница, 37 Скопје Петровец, Струмица, 38 Скопје Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 39 Демир Капија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните погранични предели имаше слаба нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Дуваше слаб до умерен ветер од југозападен правец. До крајот на денот ќе топло и тивко, а во текот на ноќта ќе биде ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 35 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Времето утре и задутре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДОМ: За дата-центрите мора да има јасни правила, а не двосмислени изјавиПремиерот Мицкоски постојано ги повторува изјавите дека дата-центрите се „неповратен процес“ и дека преку нив ја води Македонија кон напредок и иднина. Но, напредокот не е само во тоа да се гради. Напредокот е да знаеме што градиме, каде градиме, по која цена за граѓаните и природата и какви ефекти ќе има тоа врз целокупниот квалитет на живот. Ако навистина сакаме да гледаме што прави светот, тогаш треба да ја видиме и другата страна на приказната. Токму во САД и Европа, државите и локалните власти сè почесто воведуваат мораториуми и ограничувања за вакви проекти поради огромната потрошувачка на струја и вода. Њујорк воведе едногодишен мораториум, Тексас го стопираше приклучувањето на нови дата-центри на мрежата, Амстердам воведе ограничувања за нови дата-центри и нивни проширувања до 2030 година, а Данска предлага дата-центрите да имаат најнизок приоритет за приклучување на електроенергетската мрежа. ДОМ не е против дигитализацијата, високите технологии и инвестициите. Напротив. Но, не може Македонија да се натпреварува во привлекување дата-центри, а притоа прво да не одговори на основните прашања: од каде ќе дојде електричната енергија, колку вода ќе се троши, кој ќе ја финансира потребната инфраструктура и кој ќе ја плати цената доколку системот не може да го издржи товарот? Затоа, наместо да се убедуваме дали „светот оди напред“, време е да разговараме како треба да изгледа одржливиот развој во Македонија. ДОМ бара: [🔹] Независна анализа на влијанието врз електроенергетскиот систем и водните ресурси пред какво било одобрување; [🔹] Задолжителни ограничувања за потрошувачката на ресурси и обврска за користење обновлива енергија; [🔹] Забрана за градење во заштитени подрачја и региони со дефицит на вода; [🔹] Инвеститорите самите да ја финансираат потребната дополнителна инфраструктура; [🔹] Целосна транспарентност и учество на граѓаните и општините; [🔹] Итно воведување мораториум доколку анализите покажат неприфатливо оптоварување на електроенергетските и водните ресурси, како и неприфатливи влијанија од загревањето, бучавата и другите еколошки последици. Македонија не треба слепо да ги следи трендовите во оваа област и да се фокусира само на економските интереси. Треба да ги следи и најдобрите практики во светот. Ако САД и европските земји можат да кажат „стоп, прво да ги утврдиме капацитетите и правилата“, тогаш тоа мора да се применува и во Македонија. Вистинскиот напредок бара одговорност. А за тоа неопходни се јасни правила и заштита на јавниот интерес, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаМНР демантира дека има оштетување на таблата на амбасадата во Софија Министерството апелира при известувањето за прашања поврзани со дипломатско-конзуларните претставништва да се почитуваат фактите и информациите да се проверуваат преку официјални извори пред нивното објавување. Во врска со информациите објавени во дел од медиумите, во кои се пренесува објава од социјалните мрежи за наводно оштетување и отстранување на официјалната табла на Амбасадата на Македонија во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточна информација. Имено, од страна на вработените во Амбасадата е отстранета таблата поставена надвор од објектот на Амбасадата, која не била изработена согласно со воспоставените стандарди на Министерството. Официјалните табли на Амбасадата, на кои името на државата е правилно испишано, се на своето место и се целосно во функција. Министерството апелира при известувањето за прашања поврзани со дипломатско-конзуларните претставништва да се почитуваат фактите и информациите да се проверуваат преку официјални извори пред нивното објавување. Пласирањето и пренесувањето непроверени и неточни информации не придонесува за објективно информирање на јавноста и непотребно создава погрешна претстава во јавноста, се наведува во демантот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27