Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милони евра - Канал 5

Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милони евра

Инвестицијата обезбедува над 400 паркинг места и значително ги унапредува условите за работа, безбедноста и идниот развој на компанијата.

Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милони евра

Пивара Скопје ја пушти во употреба новата катна паркинг гаража, инвестиција вредна 2,8 милиони евра, која обезбедува повеќе од 400 паркинг места и ја подобрува пристапноста и сообраќајната организација во рамки на производствениот комплекс. Инвестицијата е дел од е дел од континуираните инвестиции и одговара на растечките потреби на компанијата и нејзините вработени преку поефикасно искористување на просторот, поголема функционалност и подобрена оперативна ефикасност.

Симболично означувајќи го почетокот на новата инвестиција, официјалното пуштање во употреба го одбележаа Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје, и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

„Во Пивара Скопје веруваме дека вистинскиот успех на една компанија не се мери само преку деловните резултати, туку и преку вредноста што ја создава за луѓето и за заедницата. Како една од водечките компании во земјата, континуирано инвестираме во модернизација, иновации и развој на нашите вработени, а истовремено придонесуваме за економскиот и општествениот развој преку бројни локални партнерства и иницијативи. Новата катна гаража е многу повеќе од инфраструктурен објект. Таа е уште една потврда на нашата долгорочна посветеност да создаваме подобри услови за работа, да ги следиме највисоките стандарди за безбедност и да инвестираме во решенија кои носат трајна вредност за нашите вработени, заедницата и идните генерации“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

На свеченото отворање присуствуваше и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба, кој ја поздрави инвестицијата и го истакна нејзиното значење за локалниот економски развој.

„Денес присуствував на пуштањето во употреба на новата катна гаража во Пивара Скопје, проект кој претставува значајна инвестиција во подобрувањето на условите за работа и развој на компанијата. Како Општина Гази Баба, остануваме силен партнер на бизнис-секторот и посветено работиме на создавање услови за локален економски развој, нови инвестиции и отворање нови можности за граѓаните. Соработката со успешните компании и бизнис-партнери е од особено значење за развојот на општината. Нашата цел е да градиме отворена и ефикасна општина која ги препознава потребите на стопанството и заеднички создава подобра средина за живеење и работење. Честитки до Пивара Скопје за оваа инвестиција и за продолжувањето на успешната приказна. Верувам дека со заедничка работа можеме да направиме Гази Баба да биде уште подобро место за бизнис, инвестиции и нови можности“, изјави градоначалникот Стефковски.

Новата катна гаража се простира на 8.880 квадратни метри, распоредени на три нивоа. Објектот располага со унапреден систем за управување со сообраќајот, подобрена сигнализација и осветлување, посебно обележани пешачки и велосипедски патеки, современ систем за противпожарна заштита и енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Изградена согласно сите релевантни безбедносни и еколошки стандарди, гаражата е подготвена да ги поддржи идните развојни планови на компанијата.

Со оваа инвестиција, Пивара Скопје продолжува да вложува во современа инфраструктура и решенија што создаваат долгорочна вредност, придонесуваат за подобри услови за работа, го поддржуваат идниот раст на компанијата и ја зацврстуваат нејзината позиција како еден од најголемите инвеститори во земјата, соопштуваат од компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер