Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
3Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
ЗдравјеНова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai®, со што официјално започнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионотКај 57-годишен пациент беше изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување карцином на простатата, која со помош на роботскиот систем беше реализирана со исклучителна прецизност и максимална контрола во секој чекор од интервенцијата. Уролошкиот тим беше предводен од проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, со целосна поддршка од д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски и тим анестезиолози, медицински сестри, техничари и болничари. Благодарение на нивната темелна подготовка, професионалност и беспрекорна координација, операцијата помина успешно и според планираниот тек. Пациентот е во добра општа здравствена состојба, а постоперативниот тек и закрепнувањето се одвиваат според очекувањата. Овој историски успех е резултат на континуираната посветеност на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да им ги овозможи на пациентите најсовремените медицински иновации и здравствена услуга според највисоките светски стандарди. Воведувањето на роботската хирургија претставува значаен чекор напред не само за болницата туку и за развојот на македонското здравство. ХИРУРГОТ ЈА ИМА ЦЕЛОСНАТА КОНТРОЛА ВРЗ РОБОТСКИОТ СИСТЕМ Роботскиот систем не ја изведува операцијата самостојно. Секое движење на инструментите е целосно контролирано од хирургот, кој управува со системот преку специјализирана конзола. Роботот ги пренесува движењата на хирургот со исклучителна прецизност, овозможувајќи стабилна и детална работа и во анатомски тешко достапни региони. Тридимензионалната слика со висока резолуција му овозможува на хирургот повеќекратно зголемен и јасен приказ на оперативното поле. Проф. д-р Сотир Ставридис објаснува дека ваквиот минимално инвазивен пристап овозможува поголема безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување. „Имплементацијата на оваа софистицирана технологија ни отвора фасцинантни можности – ни овозможува да работиме со врвна, микроскопска прецизност и да изведуваме исклучително сложени хируршки зафати. Притоа, минимално инвазивниот пристап гарантира максимална безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување. Интервенцијата се одвиваше беспрекорно и целосно според планираниот тек, што е директен резултат на темелната подготовка и врвната координација на целиот оперативен тим“ - изјави проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија. Во изведувањето на операцијата учествуваше и д-р Александар Мицковски, како дел од тимот уролози вклучени во интервенцијата. „Очекуваме примената на оваа технологија дополнително да ги унапреди можностите за минимално инвазивен третман во урологијата и да овозможи изведување сè покомплексни интервенции, со поголема прецизност и помала траума за пациентот. Во иднина, нејзината поширока примена ќе придонесе за пократок болнички престој, побрзо враќање на секојдневните активности и уште подобри функционални и онколошки резултати“, изјави д-р Александар Мицковски. ПРЕЦИЗНА АНЕСТЕЗИОЛОШКА ПОДГОТОВКА И ПОСТОЈАНА КООРДИНАЦИЈА Медицинската директорка на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Емилија Мирчевска, го предводеше тимот анестезиолози што учествуваше во операцијата. За д-р Мирчевска, реализацијата на првата роботски асистирана операција претставува историски значаен момент за болницата. Таа изрази голема благодарност до сите членови на медицинскиот тим за нивната професионалност, посветеност и напорна работа, благодарение на кои овој значаен медицински исчекор стана реалност. „Горди сме што можеме да понудиме напредна хируршка грижа за нашите пациенти и современите медицински технологии да ги доближиме до сите граѓани. Како анестезиолог, ми беше голема чест и професиoнална гордост да бидам дел од првата роботски асистирана хируршка интервенција во нашата болница. Анестезијата во роботската хирургија има свои специфики, бара прецизна подготовка,внимателно следење и менаџирање на сите можни промени во организмот, кои настануваат поради положбата на пациентот за време на операцијата и инсуфлацијата на јаглероден диоксид. Ваквите процедури бараат високо ниво на координација и постојана комуникација меѓу сите членови на оперативниот тим. Овој успех е доказ дека располагаме со знаење, искуство и капацитет за примена на најсовремените медицински технологии“ - објаснува д-р Мирчевска. ПРИДОБИВКИ ОД РОБОТСКИ АСИСТИРАНАТА ХИРУРГИЈА Роботски асистираната хирургија претставува револуционерен напредок во современата урологија. Благодарение на тридимензионалната HD-визуализација, зголемената прецизност и флексибилноста на инструментите, кои ги надминуваат природните ограничувања на движењето на човечката рака, роботската технологија овозможува исклучително прецизна дисекција и максимално зачувување на виталните анатомски структури. За пациентите, ваквиот пристап значи помали оперативни резови, помала загуба на крв, намалена постоперативна болка, помал ризик од компликации, пократок престој во болница, побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности, како и поголема прецизност при зачувувањето на околните нерви, крвни садови и ткива. Воведувањето на роботскиот систем не претставува само технолошки напредок, туку почеток на сосема ново поглавје во секојдневната хируршка практика на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да инвестира во иновативни медицински технологии, знаење и континуирана едукација на своите тимови, со единствена цел - подобро, побезбедно и поефикасно лекување и најдобар можен исход за секој пациент. Со проширувањето на примената на оваа технологија, се очекува роботски асистираната хирургија да стане нов златен стандард во лекувањето на сè поголем број пациенти и во изведувањето на најсложените хируршки интервенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓетоСлавниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго. Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака! Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто. Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата. Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен. Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело. Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter