Нова ера во европскиот фудбал, следната сезона без неколку светски ведети - Канал 5

Нова ера во европскиот фудбал, следната сезона без неколку светски ведети

Најважната споредна работа во светот, фудбалот следната сезона на Стариот континент ќе биде без неколку вистински светски ѕвезди. 

Нова ера во европскиот фудбал, следната сезона без неколку светски ведети

Заминувањето на најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси во Мајами Америка најверојатно го означи крајот на големата фудбалска ера во Европа.

Крајот на ѕвездената ера на европскиот фудбал ја најави лани големиот стрелец Кристијано Роналдо со трансфер од Манчестер во Саудиска Арабија.

Неверојатниот Португалец Кристијано Роналдо минатата сезона го направи првиот чекор кога дресот на европскиот гигант Манчестер Јунајтед го замени со оној на Ал Наср од Саудиска Арабија. Потоа следуваше пензионирањето на поранешниот најскап светски фудбалер, асот кој прв ја мина волшебната цифра од 100 милиони евра, ѕвездата на Тотенхем, Реал Мадрид, Велшанецот Герет Бејл.

Егзодусот на ѕвезди од Европа не заврши тука туку продолжи летово кога „официјално“ заврши големата ера на европскиот фудбал во 21 век, бидејќи Златан Ибрахимовиќ ја заврши кариерата, а од Стариот континент заминаа легендите Серхио Бускетс, Карим Бензема и Лионел Меси.

Долгогодишниот капитен на Кралевите од Мадрид , Бензема на изненадување на многумина реши да го напушти Реал и да потпише договор со Ал Итихад. Мотивот секако биле парите, а во Саудиска Арабија за две сезони ќе заработи астрономски 220.000.000 евра. По него ви ист смер замина и Нголо Канте кој за една година доби 100.000.000.

Капитенот на светскиот шампион Аргентина, волшебникот Лионел Меси стави крај на една голема ера иако во Европа се уште има претставници од нивната генерација. Аргентинецот се раздели со Пари Сен Жермен, на маса имаше понуда од Барселона и Ал Хилал, но реши да замине во Америка и да потпише договор со Интер од Мајами.

Еден од најголемите и најдобрите свтески фудбалери во историјата, Лионел Меси, целата своја кариера ја помина во Европа, најмногу во дресот на Барселона, а последните две сезони во Пари Сен Жермен, освои 38 трофеи!

Покрај тоа, седум пати ја освојуваше Златната топка.

Французинот Карим Бензема во кариерата ги бранеше боите на Олимпик од Лион и Реал Мадрид и за тоа време успеа да освои 32 трофеи и една Златна топка. Јасно е дека се работи за двајца играчи кои освоија бројни трофеи во текот на кариерата во Европа, а ако на тоа се додаде и фактот дека Герет Бејл и Златан Ибрахимовиќ се пензионираа со голем број трофеи и Кристијано Роналдо кој се одлучи за Саудиска Арабија, јасно е дека една голема ера во европскиот фудбале е на својот крај или финишира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ на Водно, нема повредени

Двокатен автобус на ЈСП Скопје утринава се запали на Водно... Во несреќата нема повредени, а брзата интервенција на возачот спречила пожарот да се прошири и кон шумата... 

Се запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ на Водно, нема повредени

Црн чад се издигна над Скопје – двокатен автобус на ЈСП, наместо на следната постојка заврши во пламен. За среќа во моментот бил без патници, а поради храброста на возачот, кој опожарениот автобус го одвел до пошироко место без вегетација, избегната е и поголема катастрофа – огнот да се префрли врз шумата.

Кон целосно отстранување на опасноста клучни биле и скопските пожарникари кои експресно го совладале огнот. Од ЈСП велат дека допрва ќе се утврдуваат причините, но неофицијално, причина за пожарот била инсталацијата на возилото која се запалила.

„Во мигови кога секоја секунда е драгоцена, возачот реагирал брзо, присебно и одговорно. Веднаш ги презел сите неопходни мерки и сосвојата навремена реакција спречил многу посериозни последици, поголема материјална штета и проширување на огнот кон околниот простор. Изразуваме искрена благодарност до возачот за покажаната храброс, смиоренос и професионалност. Безбедноста на патниците е, и секогаш ќе биде наш највисок приоритет.“

Екипата на Канал 5 го затекна и сервисното возило кое на опожарениот двокатен автобус му го даде последното возење низ Скопје пред да заврши во историјата, го спушти по падините на Водно, носејќи го во гаражите на ЈСП во Ѓорче Петров.

Она што остана од двокатниот автобус во овој момент се транспортира во гаражите на ЈСП, а него го влече возило, постаро од половина век.

Ова не е прв пат да се запали возило на ЈСП.. Во јануари минатата година инцидеднтот беше далеку посериозен кога во возење се опожари автобус на линијата 58 во движење и целосно изгоре. Патниците тогаш одвај се евакуираа, а еден од нив беше и хоспитализиран поради вдишан чад. Возачот исто така заврши на лекар.

Ваквата состојби на автобусите повторно го вклучија алармот за подновување на возниот парк на ЈСП, што треба да се случи кон крајот на годинава или почетокот на следната откако тендерот заврши, а избрана е унгарската фирма Икарус Електрик, во конзорциум со Жонгтонг Бус холдинг и ЕВН. Ќе се набавуваат 150 електрични автобуси, 100 од нив се за Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли собраниска блокада од ДУИ да предизвика предвремени парламентарни избори?

Има ли шанси преку собраниска блокада од ДУИ да се реализира сценариото за предвремени избори? 

Може ли собраниска блокада од ДУИ да предизвика предвремени парламентарни избори?

Колку е реално сценариото да се предизвикаат предвремени избори поради собраниска блокада од ДУИ? Дека се крои таков план поради последната пракса на сопартијците на Ахмети, пред неколку дена тврдеше лидерот на СДСМ Венко Филипче, но според дел од аналитичарите мали се шансите дека ова ќе биде причината за власта да распише избори пред редовниот термин. Петар Арсовски оценува дека со новиот деловник се елиминирани можностите за било каква блокада од партиите да го закочи целиот парламент, иако вели според рејтинзите токму на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ им одговараат да има избори набрзо.

„Блокадата на работата на Собранието доколку стане целосна, може да биде тригер за предвремени парламентарни избори. Но, мислам дека со новите процедури кои се воведоа со ограничувањата на дискусиите итн, се уште владејачкото мнозинство има механизми со кои може да ја откочи дебатата и работата на Собранието пред да пристапи кон предвремени парламентарни избори. Но, се разбира дека може да се искористи тоа како политички тригер. Во моментов на владејачката коалиција и одговара повеќе избори бидејќи таа го држи мнозинството во свои раце.“

Во меѓувреме од владата велат дека се бара решение за евроинтеграциите како стратешка цел на државата. Во ЕУ веќе се заговара промена на начинот на проширување со нови членки и ограничување на блокадите како бугарската над македонските преговори, но Арсовски вели дека според позициите на владата уставните измени во оваа форма ќе останат неспроведени. Ова вели е непопуларно прашање за да се отвора кога мандатот на владата е во втората половина.

„Да, се разбира почеток на било кој мандат е подобро време за решавање на тоа прашање отколку крајот на мандатот. Но тоа не гарантира дека прашањето ќе се реши, ниту гарантира дека ние ќе добиеме некакви поволни услови. Владата до сега има еден доста тврд став дека и е потребно некое ново решение различно од тоа што го донесе претходната влада на СДСМ. Така што, да, веројатноста за решавање на тој проблем е поголема на почеток отколку на крајот, но не е загарантирана.“

Во изминатиот период политичките партии ги кажаа ставотите за предвремени избори. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кажа дека неговата партија ќе прифати доколку опозицијата фрли ракавица, но од СДСМ порачаа дека иако се подготвени нема да бидат алиби на власта за да се распишат избори. ДУИ пак одговорија на повикот на премиерот и кажаа дека се за избори, додека од Вреди сметаат дека владата има ветувања и програма кои треба да продолжат да се реализираат во следниот период.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топлото време ќе продолжи и во следните денови, можна нестабилност во попладневните часови

Голем дел од источна и северна Македонија во текот на вчерашниот ден беше зафатена од силно невреме кое на повеќе локации предизвика и штети... 

УХМР: Топлото време ќе продолжи и во следните денови, можна нестабилност во попладневните часови

Од УХМР велат дека топлото време ќе продолжи и следните денови со можна нестабилност во попладневните часови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер