Нова ера на Порше- 911 стана хибрид (ВИДЕО) - Канал 5

Нова ера на Порше- 911 стана хибрид (ВИДЕО)

Можеби не е најпродаваниот, но дефинитивно е еден од најпрепознатливите спортски автомобили во историјата. Сега стана хибрид.

Нова ера на Порше- 911 стана хибрид (ВИДЕО)

Секако, станува збор за моделот 911 на Porsche, кој преку редизајн ја доби првата хибридна верзија. Станува збор за Carrera GTS Coupe чиј погон вклучува 3,6-литарски бензински мотор, турбо боксер, кој функционира синергетски со помош на електричниот мотор. Синхрониот мотор со постојан магнет е интегриран во новиот осум-брзински менувач PDK со двојна спојка.

Обликот на благ хибрид значи до 150 Nm од мирување и 40 kW моќност, а работата е насочена кон дополнително испеглање на кривата на излезната карактеристика на погонот. Да кажеме и како батеријата од 1,9 kWh служи за складирање на енергија. Истовремено, треба да се има предвид дека пристигна нов 3,6-литарски бензински мотор, чиј епилог е 485 КС и 570 Nm.

Вкупната моќност на системот е 541 КС и 610 Nm. Зголемувањето на моќноста во однос на неговиот претходник изнесува забележливи 61 КС, со само 50 килограми дополнителна маса. Епилогот се одлични перформанси, а на пат автомобилот достигнува 100 km/h за околу три секунди. Максималната е 312 km/h.

YouTube video

Има и „обична“ Carrera со модифициран 3.0 боксер мотор, кој сега нуди максимални вредности од 394 КС и 450 Nm. Новата Carrera достигнува 100 km/h за 4,1 секунди и не запира до 294 km/h. .

По сето она што беше кажано, нема смисла да се зборува за други новитети кои ќе останат во сенка, но сепак треба да ги споменеме елементите на активната аеродинамика, вклучително и дифузери во подот и опционалните HD матрични LED фарови.

Во кабината, најголемата иновација е вклучувањето на дигитален кокпит. Да, нема повеќе аналогни инструменти, но има таков финиш како еден од седумте различни погледи.

И за крај, да речеме дека 911 штотуку поскапе. Carrera Coupe во Германија започнува од 128.700 евра, а хибридниот од 170.600 евра. Имајте на ум дека стариот 991 Turbo со слични перформанси чини 176.930 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб

Најмалку шест лица беа убиени, а 28 ранети во денешниот напад врз грчка православна црква во Јордан, изјави портпарол на јорданската влада.

Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб

Нападот се случил во Карак, на околу 180 километри од јорданската престолнина Аман, објави Ројтерс.

Порано во текот на денот, арапските медиуми објавија дека седум лица се убиени, а 10 се ранети, од кои некои се во критична состојба.

Некои сведоци рекоа дека возило пристигнало на местото на настанот и напаѓачите излегле, пукале континуирано пет минути, а потоа избегале.

Калид Буркан, кој присуствувал на погребот, изјави за Ројтерс дека на погребот се собрале неколку десетици луѓе и дека двајца мажи, едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол, отвориле оган врз нив и пукале неколку минути.

Никој сè уште не ја презел одговорноста за нападот, а јорданските власти не кажале кој стои зад него.

Ваквите напади се исклучително ретки во Јордан, кој е релативно стабилна земја, но се соочува со зголемени ирански напади оваа година откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари.

Христијаните сочинуваат малцинство од населението на Јордан, иако земјата е дом на неколку библиски места кои привлекуваат христијански аџии од целиот свет.

Во времето на нападот, во и околу црквата имало помеѓу 150 и 200 луѓе, рече Буркан, додавајќи дека повеќето од жртвите биле на возраст помеѓу 50 и 70 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак.

При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.

Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.

Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот.

Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.

Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција.

Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан.

Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси.

Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година.

Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра.

Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите.

Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра.

„Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер