Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаНови „бомби“ за А1: Латас дава инструкции за затворање на А1 ТВДраган Павловиќ Латас,екс уредникот на национална телевизија вели: Мислевме ние, дали тоа алудирал дека цел менаџмент на Сител правел план како да се затвори конкурентот?Првата „бомба“ е разговор меѓу екс уредникот на национална телевизија,Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски. ГТ: Смртно се интересираа за А1 кога ќе им е….м….Кога ќе им наплатиме . Во моментот пијат кафе кај мене у ходник а Весна ми кажува дека во правда има некој прес и дека од таму излегла бува дека сум седнал и сум почнал преговори за А1. И сега и велам на Весна да пушти дека ниту преговарам ниту имам намера да преговарам за разликите околу ставовите. ДПЛ: Ти нема што да преговараш ГТ: Ма нека се носат…гони гу у п…м… ДПЛ: Мислам дека треба да има стечај и по закон да им се одземе опремата а на сите други да им се каже дека се навработени и од сабајле да ве нема повеќе тука. ГТ: Дента се носи решение и сите се без работа. Тоа е по сила на закон. Дента се носи решение и по сила на закон дента се сите без работа. ДПЛ: Да да..тоа е најдобриот начин. ДПЛ: Ти кога може да побараш стечај? ГТ: Уфф, еве сега ги правиме математиките и има различни математики. Најпесимистички е 5 август. Во моментов сме симнати на 15 јули. ДПЛ: Па 15 јули е добар датум. На одмор се сите никој жив нема, кој видел видел кој невидел..невидел.. ГТ: Ќе си течат дејствија и ние секој ден си работиме на нивна тема. ДПЛ: И со стечај секој и во Европа ќе те разбере . Фирма должи 9 милиона и оди во стечај…….. Во втората „бомба“разговараат тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во разговорот на интерфон учествува и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. НГ: Горде, да прашам вака твое мислење со Љупчо Шврговски сме заедно. Нешто си правиме муабет вака за ова со Пајажина. Зошто не се одеше со собирање на парите од сметка што ги должи он. ГЈ: Ама они ни сега не им се земени парите, они само ги блокираа пошто не може одма да ги земат. НГ: Епа он прашува зошто ги блокираа а не одма да им ги повлечат парите со нешто извршно решение, еве ќе ти го дадам. Потоа во разговорот се вклучува тогашниот јавен обвинител Шврговски кои во моментот додека се води разговорот се наоѓа во кабинетот на тогашниот премиер. ЉШ: Ало Горде здраво, еј види знаеш што ми е, мислам сега веке е касно мислам дека кај направивме една грешка во чекори. Ние мислам дека лошо направивме што ги блокиравме тие пари сеа мене не ме прашаа за совет. Ние имавме од управа решение со кое што он беше задолжен да ги плати тие пари, 7 милиони , колку има тамо, евра ли… ГЈ: ДА ДА ДА, Според управа за јавни проходи. ЉШ: Епа зошто не го активиравме ние тоа решение, фирмата ке нема во рок од 45 дена да плати и во стечај ке ја фрлевме. ГЈ: Знаеш што мислам Љубчо, зашто управа не го активираше, зошто они ако наплатат даночен долг, после не можеш да ги гониш за истото дело. ЉШ: Не е точно не е точно! ГЈ: Така тврдеа они мислам дека е заради таа логика. ЉШ: Не е точно тоа е нон сенс Горден, тамам работа. Плаќањето на должност не го ослободува од кривична одговорност, таман работа… не не .. ГЈ: Епа јас мислам дека по таа логика не им го наплатија наночниот долг… ЉШ: НЕ НЕ НЕ грешка си, не бе тоа е надвор од памет. ГЈ: Мислам дека тоа беше Љубчо логиката. ЉШ: Не не не тоа е само основа за поблаго казнување, но мегутоа не и за амнестурање на одговорност кривична. Не не надвор од памет. ГЈ: Епа мислам дека по таа логика одеа. ЉШ: НЕ! Не не грешка e. Tоа е не издржано. ГЈ: Мислам можно е да сме направиле грешка. ЉШ: 100% ГЈ: Се случува но мислам дека во неколку наврати со Горан кога сме збореле они цело време збореа абе да не им наплатиме нели она со 70% да не им ги легализираме парите. ЉШ: А според закон за спречување корупција. ГЈ: Па незнам ко кој закони они идат посто фактички 70% ако платиш веке ти се легални. И они цело време одбиваа да го извршат тоа даночно решение. ЉШ: Не мислам дека тука направивме грешка али добро. ГЈ: Епа можно е да сме направиле грешка, но мислам дека тоа им беше на нив. ЉШ: Не тоа не ја исклучува одговорноста, кривичната одговорност не, во никој случај.мислам зборувам од искуство од пракса, тоа како постапуваме. ГЈ: Да де да, нормално ти имаш повеке од сите други искуство во овој дел, но меѓутоа мислам дека таа логика им беше, за дирекната наплата. ЉШ: Добро…мислев знаеш да не биде толку експонирано и ова напаѓањево од странциве дека се врши атак на телевизија, можеше многу елегантно, не ви замрзнуваме сметки платете си го ова, не го плаќате во стечај фирмата, ај да видам сеа што ке зборите… ме разбираш нема што да зборите ајде платете ги парите нема тоа е, нема како да ги платите и во стечај. ГЈ: Да де да ама и некако тогаш околу сумите они некако не беа сигурни, нели имаше еден дел проверена документација другиот не проверена, па знаеш како она малку несигурно дали е повеке или помалку сумата, иако они цело време викаа дека повеке ке дојде и најверојатно било сплет на повеке околности. Но главното мислам дека им беше ова со со 70% нели ако наплатиш после влегуваат во легалниот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПоследното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца што му биле упатени, нагласувајќи дека одлуката да одбие контакт со своите деца ја донела за да ги заштити, пренесува британскиот весник The Sun, повикувајќи се на извори. Според весникот, Меган го испратила писмото до нејзиниот татко во декември 2025 година, додека тој бил на болничко лекување на Филипините, по ампутација на ногата поради компликации предизвикани од згрутчување на крвта. Во писмото, како што се наведува, таа вели дека нема да му дозволи да се сретне со нејзините деца и дека повеќе нема да биде во контакт со него. Весникот наведува дека во писмото Меган упатила сериозни обвинувања против нејзиниот татко, вклучително и наводи за неговото наводно непримерно однесување кон малолетниците и дека била свесна дека случајот се разгледува. Томас Маркл моментално е под истрага поради сомнеж дека поседува материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца, што тој го негираше, пишува Сан. Според весникот, спорниот материјал наводно бил пронајден во неговиот дом на Филипините, во неколку кутии. Неговиот син Томас Маркл Јуниор, полубрат на војвотката од Сасекс, изјави дека дошол до материјалот и дека случајот го пријавил во надлежните институции во Соединетите Американски Држави. Сан известува дека на 10 јули, Томас Џуниор го пријавил случајот во Федералното истражно биро (ФБИ), Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца и полицијата во државата Пенсилванија, каде што порано живеел неговиот татко. Томас Маркл постариот ги отфрли обвинувањата во изјавата што ја даде за Дејли Меил во петокот. Меган Маркл проговори за случајот во изјава за магазинот People во која изјави дека е длабоко потресена од информациите кои се појавија и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени. Таа исто така изјави дека во 2018 година, писмо со вознемирувачки наводи против нејзиниот татко било испратено до лондонската Метрополитен полиција и службата задолжена за заштита на членовите на кралското семејство и другите заштитени лица. Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, имаат две деца, седумгодишниот син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет. Томас Маркл не присуствуваше на нивната венчавка во мај 2018 година, кога беше придружувана по патеката од кралот Чарлс III. Според магазинот People, Меган за писмото со обвинувања дознала по венчавката, а потоа, како што наведува извор запознаен со случајот, и било советувано да не зборува за тоа јавно за да не се загрози евентуалната истрага. Изворот додаде дека таа е загрижена и за правните последици од јавното изнесување непотврдени тврдења.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроника15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида.Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида, соопшти локалната полициска станица и универзитетот. Полицијата соопшти дека 11 од 12-те повредени лица имале прострелни рани, објави Ројтерс. „Во овој момент, најмалку три од жртвите од пукотницата се во критична состојба, додека девет се во стабилна состојба“, соопшти полициската станица во Талахаси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38