Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаНова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРОАнтикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавуваме нова бомба, по истиот рецпет: фирми блиски до власта пумпаат пари на народот преку милионски договори и тендерски шеми.Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста. Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години. Сите од Државна лотарија и Државна видеолотарија, договори за надворешно и внатрешно рекламирање на автобусите на ЈСП Скопје. Нема нови еколошки автобуси за скопјани ама има 1,5 милион евра за омилените фирми блиски до власта. ЈСП тоне и нема пари за нафта, резервни делови и плати, ама за приватната фирма „Маратон“ со само 11 вработени има пари. Затоа во 2025 година остварила чист нето профит од над 700.000 евра! Само на скопјани нема кој ништо да им обезбеди и нема кој да им плати. Но, внимавајте сега, тука не завршува скандалот. АКТ откри дека и бизнис партнерите на сопственикот на „Маратон“, Љупчо Костовски, исто така добиваат тендери и илјадни евра народни пари од оваа власт. Погодувате, шемата е иста, мрежа на фирми кои се меѓусебно поврзани. Поранешен соосновач во фирма со Костовски, Ристо Петков, е сопственик на компанијата „С.И.А. МЕДИА ДООЕЛ Скопје“. Со доаѓањето на ВМРО на власт, и оваа поврзана фирма има склучено договори вредни 458.875,00 евра. „Другарите“ од ВМРО трупаат тендери и добиваат пари. Над 2 милиони евра, пари на граѓаните. Кој сето ова го обезбедил и кој стои во позадина? Одговорот води до врвот на ВМРО и Владата на Мицкоски – актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев. Познато е дека уште во 2017 година како директор на ЈСП Скопје потпишува деструктивен десетгодишен договор со фирмата „Маратон“ на неговиот близок пријател Љупчо Костовски. Јанушев свесно го укина маркетинг секторот на ЈСП Скопје за претпријатието, наместо самостојно да го продава својот рекламен простор да се вклучи „Маратон“. Сега пред истекот на овие 10 години, власта ги храни своите фирми пред повторно да им го продолжат договорот за нови 10, 15 или повеќе години, ќе видиме. Ова е класичен пример како парите на граѓаните се испупуваат и завршуваат во џебовите на луѓе блиски до ВМРО. Почитувани, Антикоруцпскиот тим досега има откриено скандали тешки 150 милиони евра а ниту обвинителството, ниту останатите институции нешто преземаат. Сите молчат. Нашата порака е јасна: одговорносѕт ќе има. Кога државата ќе им припадне на граѓаните повторно, одговорност ќе има за секој украден денар! Сите ќе одговараат. Доаѓа времето на правдата и одговорноста. Прес конференција на АКТ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Скопје, 15.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook